Ознака: Црна

Во Црна Гора укината забраната за маски на отворено

Post Views: 1 Во Црна Гора од утре ќе биде укината обврската да се носи маска на отворено, онаму каде што е можно да се обезбеди дистанца од два метра, според новите епидемиолошки мерки на Министерството за здравство. Црна Гора претходно ги укина повеќето епидемиолошки мерки по подобрувањето на епидемиолошката состојба во април, а сега останува во сила обврската да се носи маска во затворено и забраната за собирање повеќе од 20 лица на истото место.

Continue reading

Zoran Konjanosvki

Министерот Коњановски во посета на Црна Гора

Post Views: 25 Делегација на Министерството за одбрана предводена од министерот Зоран Коњановски на покана на неговиот црногорски колега Боро Вучиниќ, денеска ќе престојува во официјална посета на Република Црна Гора. Како што соопшти Министерството за одбрана, Коњановски ќе биде примен и од претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ. Предвидено е министрите да остварат тет-а-тет средба, по што ќе следат и разговори во полн состав на делегациите на двете земји за јакнење на соработката и довербата помеѓу двете земји, како и за понатамошно продлабочување на воспоставените билатерални...

Continue reading

Нов сопственик на марината

Post Views: 1 Американскиот бизнисмен Нејл Емилфарб и неговата “Stratex group” е новиот сопственик на марината во Будва. “Stratex group” како што пренесуваат подгоричките медиуми, ја превзема будванската марина за износ од три милиони евра, а новиот сопственик ветил дека во развој ќе вложи уште 45 милиони евра. Нејл Емилфарб е еден од главните инвеститори во резиденцијалниот комплекс на вили “Dukljanski vrtovi” во Завали. “Stratex group” е еден од најголемите инвеститори во Црна Гора, и покрај вложувањата во Завали, инвестирала во многу проекти во Котор и Колашин.

Continue reading

Нетрпеливоста расте

Post Views: 6 Бранот немири кои последните неколку дена ја зафати БиХ би можел да се прошири и на Црна Гора. И на тамошните социјални мрежи се отворени неколку страници и групи во кои се договара 15-ти април во 13.00 часот како време за излегување на протести пред државниот парламент на незадоволни граѓани. Како што пренесе подгоричкиот „Dnevne novine”, фејсбук страницата „revolucija u Crnoj Gori” за само два дена собрала преку 1100 корисници, додека страницата „svi na ulice” собрала преку 23000 корисници. Постојат и страниците „otpor diktatorskom rezimu” со 4000 корисници а половина...

Continue reading

Nikola Gruevski

Премиерот Никола Груевски во посета на Црна Гора

Post Views: 0 Премиерот Никола Груевски денеска  ќе престојува во официјална посета на Црна Гора. Во владината делегација ќе бидат и министрите за транспорт и врски и за економија Миле Јанакиески и Фатмир Бесими. Попладне во Подгорица Груевски ќе има средба со црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ и со претседателот на Собранието Ранко Кривокапиќ. Претседателот на македонската Влада ќе биде примен и од претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ. Предвидено е да има средба и со претставници на Друштвото за македонско-црногорско пријателство и на Националната заедница на Македонците...

Continue reading

Германците се вратија дома

Post Views: 1 Фудбалските репрезентативци на Германија се вратија во својата земја од Бразил, каде ја освоија својата четврта титула Светски првак. Фудбалерите слетаа на аеродромот Тегел околу 10 часот, а неколку стотици луѓе ги поздравиле на самата писта, кои ги предводел капитенот Филип Лам кој со пехарот прв излегол од авионот. Играчите потоа во отворен автобус ќе одат до Брандебуршката капија, пред која се собрале повеќе стотици илјади граѓани, облечени во црна, црвена и златна боја. “Ова беше прекрасно Светско првенство. Факт е дека успеавме да се наградиме со титула, што натпреварувањето...

Continue reading

Влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест не е постар од 48 часа

Post Views: 0 Владата на Република Северна Македонија ги известува граѓаните дека согласно влошувањето на состојбата со КОВИД-19 пандемијата во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји. Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа. Владата и здравствените...

Continue reading

Се укинува PCR тестот за Србија, Косово, Црна Гора и БиХ

Post Views: 2 Владата на денешната седница одлучи државјаните на Србија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина да влегуваат во земјава без ПЦР тест. Во овие земји и македонските државјани исто така ќе може да влезат без да приложат негативен ковид тест. Одлуката стапува на сила од понеделник, 12 октомври. „Оваа одлука е донесена по доставен предлог и позитивно мислење на Комисијата за заразни болести според кое, до овој момент нема индикации или висок број на влезени позитивни случаи од странски држави, а со тоа и нема висок ризик по јавното здравје. Одлуката е донесена заради остварувањето...

Continue reading

Clinton vo Budva

Клинтон во Будва: Мило ми е што сум во Македонија!

Post Views: 3 Поранешниот американски претседател Бил Клинтон вчера на крајот на своето обраќање на конференција во Будва, направил голем лапсус, кое учесниците на конференцијата сигурно ќе го паметат. Клинтон предизвикал смеа кај присутните кога Црна Гора ја нарекол Македонија. Тој завршувајќи го својот говор, во кој и’ предвидувал прекрасна перспектива на Црна Гора, рекол дека му е многу мило што се наоѓа во Македонија!? “Гледаме во иднината и се концентрираме на се’ она што ни е заедничко, иднината е светла. И иднината на Македонија, која со својата убавина го одзема здивот е...

Continue reading

Опозицијата во Црна Гора не ги признава резултатите од изборите

Post Views: 2 Претставниците на четирите црногорски опозициски партии Демократски фронт, Големата коалиција „Клуч“, Демократската партија и Социјалдемократската партија, одржаа во понеделникот вечерта состанок на своите раководства на кој е одлучено дека нема да ги признаат резултатите од неделните парламентарни избори. Опозицијата вели дека не може изборите да бидат фер и демократски кога истовремено во Црна Гора имало случај за државен удар, што се разбира дека имало влијание на конечните резултати, јавува „Вијести“. „На денот на изборите беше објавено дека се уапсени 20 државјани...

Continue reading

На изборите во Црна Гора победи Ѓукановиќ

Post Views: 3 Владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ победи на вчерашните парламентарни избори во Црна Гора, освојувајќи најмногу гласови, но не и апсолутно мнозинство во Парламентот. Како што јави Танјуг, според резултатите од 94% обработени гласачки места, ДПС освоила 41,1% од гласовите и 36 пратеници во 81-членото Собрание на Црна Гора. На второто место се пласира опозискиот блок Демократси фронт со 20,4% освоени гласови и 18 мандати, а на третото место Големата коалиција “Клуч“ со 10,6% од гласовите и девет пратеници.  

Continue reading

Стапува на сила забраната за увоз на месо од Словенија и Црна Гора

Post Views: 17 Македонија го забранува увозот на животни, јајца и семе од Црна Гора и од Словенија поради болеста син јазик, а одлуката на надлежните веќе е објавена во Службен весник. Со оваа одлука, од утре во Македонија нема да може да се увезува месо или животни кои се подложни на болеста син јазик која главно се пренесува преку комарци, а ги напаѓа овците, козите и говедата. Забранетиот увоз се однесува и на семе, јајца и ембриони. Словенечката управа за храна и ветеринарство открила две животни заболени од син јазик, додека во Црна Гора состојбата е алармантна. Болеста последен...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top