Post Views: 8
Околу 30-тина лица, годинава, отпочнале сопствен бизнис како молери, козметичари, занаетчии, трговци и земјоделци, со финансиска поддршка од Центарот за вработување. Вработувањата биле реализирани преку активни мерки за самовработување со кредитирање и грант со неповратни средства за набавка на опрема.
До 1 декември во Центарот за вработување може да аплицираат невработени лица за поддршка при вработување како почетници практиканти, обука за дефицитарни занимања за познати работодавачи и финасиска поддршка за мали и микро претпријатија кои ќе вработуваат невработени...
Post Views: 0
Сигурно сте ја слушнале во соопштенијата на СВР-Охрид, често употребуваната фраза „сторителот на делото и е добро познат на полицијата.“ И тоа навистина е така. Според бројките на СВР, добар дел од престапниците кои извршиле некое кривично дело, повеќе од еднаш се сторители на такви дела. Во периодот од 2001та до 2011 година, овие бројки рапидно се зголемувале и тоа од 623 престапници-повторувачи во 2001та до 1435 во 2011 година за територијата на Охрид, Струга, Кичево и Дебар. За среќа, годинава во изминатите 9 месеци, оваа тенденција, барем во Охрид е различна.
„Само...
Post Views: 24
Во Охрид и Дебрца евидентирани се 600 социјално загрозени семејства. Ова го покажуваат податоците на Центарот за социјална работа. Поради строгите критериуми за доделување еднократна или постојана помош, бројот на евидентирани семејства според центарот во последните пет години се намалува, но се поголем е бројот на семејства кои бараат помош во охридскиот Црвен крст.Кај нас постојано доаѓаат луѓе кои бараат помош, некои од нив и не се евидентирани во списоците на Центарот за социјална работа поради строгите критериуми. Доколку сме во можност им даваме еднократна...
Post Views: 6
Сезоната на грипови сеуште не започнала, но затоа започнува обидот за намалување на бројот на заболени од сезонски грип. Од утре официјално, во Центарот за јавно здравје во Охрид, ќе започне општата имунизација на граѓаните од Охрид, Струга и Дебар. Секоја година се јавува познатата дилема дали воопшто да се прима оваа вакцина и колку е таа корисна. Директорот на Центарот за јавно здравје Д-р Атанаско Михаилов смета дека не постои никаква оправданост за овој сомнеж. „Ако не е корисна оваа вакцина, тогаш Светската здравствена организација и сите здравствени работници...
Post Views: 4
Министерот за здравство Никола Тодоров во работна посета на Охрид. Лично се увери во динамиката на изградбата на општата болница, го посети здравствениот дом, но најмногу внимание посвети на проектот за дислокација на центарот за кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“. Министерот откри дека сега засега тим од министерството разгледува две можности, првата кардиолошкиот центар да се префрли во карабина објектот во слоп на специјалната болница за ортопедија и трауматологија, Св. Еразмо, почнат да се гради пред пред 20 и повеќе години, а втората можност е истата да се...
Post Views: 0
Охрид по 24 пат ќе биде домаќин на староградските средби. Во Центарот за култура утревечер ќе одекне староградската песна од различни краеви на Македонија. Десет ансамбли од различни градови и возрастиќе го престават преку музиката крајот од каде што доаѓаат. Учениците од Државното музичко училиште
„ Илија Николоски Луј“ ќе имаат сплет од песни и ора посветени на познатите охридски староградски музичари Тајфата на Садило, појаснува директоката Драгана Боцеска.
„Програмата е составена од изведувачи на различни возратси ија негуваат староградската музика и со ентузијазам,...
Post Views: 3
Оваа препорака доаѓа од вонредната средба на комисијата за заразни болести при министерството за здравство, по двата смртни случаи во земјава од западно нилската треска и неколкуте хоспитализирани пацинети од ова вирусно заболување. Препораките за ново запрашување посебно се однесуваат на општините каде што има дополнителен ризик за развој на ова заболување, во кои спаѓаат Охрид и Струга, затоа што ова се места каде има води, мочуришта, блато, поточно услови за размножување на комарците.
Директорот на центарот за јавно здравје Атанаско Михаилов потполно се сложува дека...
Post Views: 15
Центарот за култура Григор Прличев се подготвува достојно да го одбележи 8-ми септември, денот на независноста на Македонија. Програмата започнува вечерва во 20 часот со отварањето на светската изложба на Битолскиот монмартр. Директорката на центарот, Драгана Боцевска вели дека соработката со оваа ликовна колонија е од многу одамна па затоа одлучиле чествувањето по повод овој голем државен празник да го почнат токму со нивната изложба. Нејзина идеа е делата на малите уметници од светот барем еднаш годишно да бидат ставени пред очите на охридската јавност. Боцевска...
Post Views: 6
Летото е на заминување, но стомачните вируси карактеристични за ова годишно време токму сега го достигнуваат пикот . Статистиката покажува дека тие се најзастапени токму во месец Август. Најчестите симптоми на ова заболување се грчеви во стомакот, 5 до 6 водени столици во текот на денот, гадење, нагон за повраќање, а многу често овие вируси знаат да бидат пропратени и со висока температура. Од Центарот за јавно здравје велат дека од почетокот на јуни па до денес има 40 пријави за заболени од стомачен вирус. Но ова не е реалната бројка, велат од таму. Објаснуваат дека...
Post Views: 1
Драстично се намалува бројот на невработените лица во општина Охрид, информираат од Центарот за вработување. Така заклучно со месец јули 2012 година, бројот на невработени лица според нивната евиденција изнесува точно 8078 лица. Само за споредба пред пет години бројот на невработените лица изнесувал над 12 000. Според Јован Баткоски, директорот на Центарот, причините за ваквиот тренд се воведувањето на електронскиот систем на евиденција, потоа измените од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, со кои статусот за невработеност не е услов за оставрување...
Post Views: 6
Центарот за безбедност на вода лоциран кај Горица работи под полна пареа. Од ова место се координира работата на сите професионални спасувачи в долж охридското крајбрежје. Она што на Центарот му недостасува е прописно место од каде што ќе поаѓаат и доаѓаат спасителите на вода со чамци и бродот амбуланта, вели Сашо Точков претседтелто на ОО на Црвен Крст во чиј состав функционира овој центар за безбедност на вода.
„ Немаме еден пристапен мост и платформа каде што би ги чувале чамците и спаувачкиот брод. Се снаоѓаме како што знаеме и умееме. Добивме инструкции од некои...
Post Views: 0
После 7 години престој во Виена, Австрија, Никола Колушески заедно со своите четири деца доаѓа во родното место, Лескоец охридско, односно во Македонија, за да извади пасоши за него и децата. Неговата животна сторија е приказна за еден пожртвуван родител кој со сите животни предизвици храбро се бори своите деца да ги истурка на прав пат. Како што и самиот кажува пред седум години се развел од неговата жена Невена бидејќи не им одел бракот. При тоа таа уште во тој момент се откажала од децата и му ги отстапила родителските права, со можност Никола да може да патува...