Ознака: центарот

galicica

Странски компании пројавиле интерес за инвестирање во изградба на ски-центар на Галичица

Post Views: 1 Дали на повидок е започнувањето на реализација на еден капитален проект за градов, а тоа е изградба на ски-центар на Галичица. Според изјавата што за ТВМ ја даде Градоначалникот Никола Бакрачески неколку странски компании пројавиле интерес за инвестирање во ски- центарот. Во изминатиов период од она што јас го добив како информација од преставниците на МЕПСО и од економскиот промотор во Владата на РМ знам дека   неколку странски компании, меѓу кои концерни од Швајцарија, Австрија, Катар и Азербејџан, пројавиле интерес за инвестирање во изградба на ски-центар на Галичица,...

Continue reading

logo

Во Охрид започнува вакцинирањето против сезонски грип

Post Views: 4 Денес, во Центарот за јавно здравје – Охрид, започнува вакцинирање на населението против сезонски грип. Вакцинирањето ќе се изведува во епидемиолошката амбуланта на Центарот, секој работен ден од 8.30 до 15 часот. Вакцинирањето против сезонски грип ќе се врши со вакцина „Influvac“ од производителот „Abbot Biologicals“ од Холандија. Цената на вакцината изнесува 400 денари. {loadposition content9}

Continue reading

logo

Завршува програмата на „Фестивалот на новиот германски филм“ во Охрид

Post Views: 3 Со проекција на документарниот филм „Германија од горе“ вечерва во Центарот за култура „Григор  Прличев“ завршува програмата од десетото издание на „Фестивалот на новиот германски филм“ која беше предвидена за Охрид. Документарниот филм е во режија на Фреди Рекенхаус и Петра Хефер со карактеристичен иновативен ХД-квалитет,  снимен  со помош на најмодерната техника, од хеликоптери и мали авиони. Од птичја перспектива публиката ги следи реките и нивниот тек по земјата, прелетува планини, лови со златен орел или набљудува фудбалски натпревар од птичја перспектива. На неверојатната...

Continue reading

центар за култура

Центарот за култура „Григор Прличев“ доби современа техника

Post Views: 16 Во рамките на тригодишниот проект кој е во контекст на заложбите за унапредување на состојбите во областа на театарската дејност, предвидено е опремување на девет од постоечките 15 театри во Република Македонија. До крајот на 2015 ќе се осовремени и техниката во  Театарот „Комедија“, Театарот за деца и младинци, Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово и Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица. Останатите театри во државата не беа опфатени со овој проект од причина што веќе добија нови современи објекти,...

Continue reading

8 станари и еден пожарникар завршија во болница по пожарот во подземна гаража во станбена зграда во центарот на Охрид

Post Views: 3 Избувна пожар во гаражниот, подземен дел во комплексот згради во центарот на Охрид кај поранешната стара автобуска станица утрово по полноќ. Во пожарот целосно изгорени се 2 возила, а 10 тина се оштетени. Територијалната противпожарна единица од Охрид (ТППЕ) интервенирала на повик за пожар 40 минути после полноќ во гаражата на комплексот згради. Во гаснење на пожарот биле ангажирани 4 возила со 15 пожарникари. Станарите од двете згради, од двата влеза од стамбениот комплес, биле евакуирани заради густиот чад, информираат од ТППЕ. 8мина станари и еден пожарникар заради...

Continue reading

pritisok

Здрави совети и здрава храна денес се делеа во Охрид

Post Views: 3 Охриѓани треба особено да внимаваат на начинот на исхрана, на зголемување на нивната физичка активност и добрата едукација за здравјето на срцето. Според статистиките на Центарот за јавно здравје од Охрид, 65 проценти од смртните случаи во градов се како последица на некакво кардиоваскуларно заболување. Со овие бројки, охриѓани се наоѓаат над државниот просек. Денес, Центарот за јавно здравје го продолжи одбележувањето на Светскиот ден на срцето. „Како увид во однос на кардиоваскуларните заболувања најголем број, односно со најголем процент се застапени меѓу постарите,...

Continue reading

лого

Филмот „Joe“ на кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“

Post Views: 1 Филмската драма „Џо“ на режисерот Дејвид Гордон Грин со актерот Николас Кејџ ја толкува главната улога, од среда, 01-ви октомври 2014 година ќе се прикажува на кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. Станува збор за  филмска адаптација на романот на Лери Браун од 1991 година во која покрај Кејџ, играат и актерите Тај Кајл Шеридан и Рони Џин Блевинс. Филмот ја раскажува приказната за поранешниот затвореник Џо Ренсом кој настојува да избегнува неволји по секоја цена, но не успева во тоа. Тој е човек што се однесува непоправливо несовесно кон...

Continue reading

UVERENIE

Дваесетина повозрасни лица стручно се оспособија за самостојно вршење на одредени дејности

Post Views: 5 Трајаноска Снежана е еден од дваесет и шесте лица кои ја посетуваа обуката за преквалификација врз основа на оперативниот план за активни политики и мерки за вработување на Владата на Република Македонија. Таа сега поседува уверение за помошник козметичар и верува дека  дека знаењата и вештините со кои се здобила при оваа обука во голема мерка ќе и помогнат во реализацијата на нејзините идни професионални идеи и планови. „Се здобивме со големо искуство, знаење и едукација во областа на козметиката. Ние сме премногу благодарни  и за време на таа едукација ние добивме...

Continue reading

gluvce

Со системска дератизација и годинава против глодарите во Охрид

Post Views: 5 Со системска дератизација и годинава против глодарите во Охрид. Покрај штетата која ја предизвикуваат овие штетници имаат и епидемиолошко значење, бидејќи се преносители на околу 40 различни болести кај човекот дали дирекно или преку вектори. Според Законот за заштита на населението од заразни болести за дератизација на населбите и околината е надлежна Општината, со стручна и техничка помош на Центарот за јавно здравје. Како и лани така и оваа година, но овој пат еден месец порано, на 25-ти и 26-ти септември, ќе се изведе системска дератизација од страна на ЈП „Нискоградба“...

Continue reading

semejstvo

Љубов и топол дом за секое дете

Post Views: 6 Анкица Крстаноска е мајка на три деца. Таа има три ќерки, но само на една од нив и е биолошка мајка. Другите две девојчиња ги има згрижено во своето семејство полно со љубов и разбирање. Анкица уште пред четири години заедно со нејзиниот сопруг се одлучиле да станат згрижувачко семејство. Ние долго време немавме деца. После многу години во брак ја родив мојата ќерка, но бидејќи сакавме уште деца со мојот сопруг решивме да згрижиме некое детенце, вели Анкица. Нејзиното семејство е едно од двете во Охрид кои згрижуваат дечиња. Од центарот за социјални грижи велат дека...

Continue reading

лисица

Центарот за јавно здравје предупредува на опасноста од појавата на лисици во градов

Post Views: 1 Лисица со шест мали лисичиња сеуште се шета во стариот дел на градот. И покрај бројните реакции на варошани никој не се најде надлежен за решавање на овај сериозен  проблем. Од локалната се оградија велејќи дека немаат никакви ингеренции и дека за тоа се задолжени други институции, а пред се Агенцијата за храна и ветеринарство која е одговорна за применување на Законот за благосостојба на животните. Од Агенцијата за храна и ветеринарство пак велат дека можат да интервенираат само во случај ако има отстрел на некое диво животно по што излегуваат на терен земаат мостри...

Continue reading

socijalni sredbi

Слаб одзив во Пештани на „Отворени социјални денови“

Post Views: 2 Директорот на Меѓуопштинскиот Центар за социјална работа, Екрем Каљоши во посета на туристичката населба Пештани, за да ги слушне проблемите на луѓето кои се под социјален ризик. Одзивот на мештаните беше слаб, но сепак и оние малку присутни, го поздравија Владиниот проект „отворени социјални денови“ во руралните средини и го изнесоа нивното мислење во врска со средбите од ваков карактер. Тие бараат поголема вклученост на институциите не само на Центарот туку и на Локалната самоуправа на Охрид. „Имам болно дете од аутизам и задоволна сум од услугите од Центарот,  но...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top