Post Views: 3
Со средства од ЕЛЕМ ќе се гради катна гаража кај Центарот за култура „Григор Прличев“. Државната компанија објави конкурс за избор на идејно решение, а архитектонските трудови треба да се достават најдоцна до 6 мај. За изгледот на катната гаража ќе одлучува посебна жири – комисија оформена од ЕЛЕМ.Проценките се дека катната гаража ќе почне да се гради во втората половина од оваа година, или пак во текот на 2017 година.
Не се работи за специјална катна гаража туку се работи целосно нов комплекс односно изградна на нов Центар за култура на местото каде што е постојниот....
Post Views: 4
Последните неколку години во Јапонија е обичај мажите на 31ви јануари да се соберат во еден парк во центарот на Токио и јавно да ја искажат љубовта спрема својата сопруга.
Јавните изливи на емоции не се баш својствени за традиционално воздржаните јапонци. Меѓутоа, новиот обичај воведен пред 5 години, налага, на 31ви јануари, денот на сопругите, тие да се соберат во еден токиски парк и јавно да ја искажат својата љубов.
Денешните изјави, иако звучат чудно на јапонски јазик, се во стилот „Те сакам“, „Ти си љубовта на мојот живот“, а има и малку поинакви како на пример:...
Post Views: 2
Посветени сме на максимално остварување на социјалната заштита на ранливите категории на граѓани. Центарот функционира и ќе функционира согласно законските прописи, но и во насока на реализација на многубројните проекти кои се спроведуваат со цел унапредување на социјалната заштита. Ова се само дел од целите, мисијата и предизвиците со кои новиот директор на Центарот за социјална работа од Охрид, Артим Османи вети дека ќе се посвети за да ги постигне.
“Јас како од моја страна така и од вработените, ќе дадам максимален напор за да и се помогне на оваа група на граѓани,...
Post Views: 3
Центарот за Социјална работа Охрид, ќе му помага на семејството Демо Илбер. Како што веќе информиравме 10 членото семејство на Илбер неодамна добија решение за иселување, од бараката на ул „Кленоец“ во која живееа 15 години. Социјалниот работник Наташа Климоска за ТВМ изјави дека комплетно се запознати со состојбата на семејството Илбер, кои во Центарот веќе биле евидентирани како семејство под социјален ризик и било вклучено во системот на социјална заштита. Таа истакна дека нивните служби веќе се ангажирале да ја обезбедат потребната документација, со цел на ова семејство...
Post Views: 0
После првата успешно изведена јавна дебата „Причина за одлив на младите мозоци“, следи нова, „Сподели мисла“. Центарот, Младинска Независност од Струга, не застанува со своите активности. Застапеноста на младите од Струга во јавниот живот, од аспект на се што ги опкружува е главниот мотив, координаторот на овој центар, Бранкица Затаракоска, да организира разни дебати, каде главен акцент се става на младите и нивните права во време на демократија. Како да се истакне една индивидуа е прашање по кое се кревале револуции, изјави Симона Спироска, координаторот на Арт клубот....
Post Views: 2
Проектот за изградба на скијачкиот центар на Галичица сеуште чека понуди од заинтересирани компании кои ќе го реализираат големиот инвестициски проект. Според градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, станува збор за проект кој треба во голема мера да придонесе за развојот на економијата во градов преку развојот на зимскиот туризам.
„Засега, немаме компанија која што е блиску со своите понуди или со своите проекции до реализација на овој голем инвестициски зафат кој што би требало да биде некаде 76 милиони евра, досега немаме компанија која што е блиску до реализација...
Post Views: 0
Од 1-ви ноември стапува во сила нов режим за сообраќај на крстосницата помеѓу булевар „Туристичка“ и улица „Македонски просветители“.Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при општина Охрид информираат дека со новиот режим на сообраќај семафорскиот систем ќе биде исклучен и моторниот сообраќај ќе се одвива по новиот кружен тек. Граѓаните за пешачки сообраќај нема да можат да ги користат постојните пешачки премини туку ќе треба да ги користат новите пешачки премини кои соодветно ќе бидат обележани.
„ Во моментов има соодветна хоризонтална и вертикална...
Post Views: 1
Центарот за социјална работа во Скопје го одбил барањето за социјална помош на скопјанката Д. Петковска поради рецепт за емисијата за кулинарство “Храна и вино“.
Освен тоа, семејството на Петковска ќе треба да ја врати и помошта што ја земало во 2010 година.
Семејството добило средства од емисијата Храна и Вино заради испратен рецепт.
{loadposition content9}
Post Views: 2
13 годишната Марина Петреска своето слободно време го поминува во рекреативниот центар „Порака Нова“ од Струга, наменет за прифаќање на лица со интелектуална попреченост. Марина заедно со останатите 48 корисници, кои работат под менторство на повеќе едукатори и волонтери, можат да спортуваат, но и да изучуваат странски јазици, компјутери, фолклор, градинарство.
Рекреативниот центар „Порака Нова“, наменет за лицата со интелектуална попречена функционира скоро 11 месеци. Лицата кои го посетуваат центарот по 4 часа неделно, се на возраст од 6 до 50 години. Центарот...
Post Views: 19
Ј.П.”Охридски Комуналец”-Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 12.09.2015 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) вo реонот опфатен со границите на улиците „Македонски Просветители“, „Партизанска“ , „Димитар Влахов“ , „Кеј Македонија“; и нас.„Охридати“.
Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353...
Post Views: 7
Ова лето не се наплаќа за паркинг кај Центарот за обука на вода. Гостите кои тука минатото лето паркирале и плаќале по 30 ден. за час пријатно изненадени. Тие прашуваат на што се должи ова олеснување. Од ЈП „Билјанини извори“ кои минатата година стопанисуваа со овој паркинг објаснуваат дека не се откажани од него.
Овој паркинг треба дополнително да се уреди. Треба да се фрли чакал и да се обележи. Паркингот треба да се направи по сите стандарди. Се до тогаш нема да се наплаќа, вели Теодор Андоноски-раководител на секторот паркинзи при ЈП „Билјанини извори“.
Уредувањето...
Post Views: 3
Уметнички дела со несекојдневна техника „изгорена хартија“ во Центарот за култура. Некои од најпознатите уметнички дела на современиот италијански уметник Росарио Меле од вчера достапни за охридската јавност. Меле е скулптор, сликар, писател, особено познат во Италија и светот по несекојдневната техника на сликање која самиот ја именувал „изгорена хартија“. Сепак во изработката на сликите не е вклучено никакво горење на хартија, туку станува збор за техника која Меле самиот ја разработил на мешање на посебни африкански бои со восок и потоа нивно изложување на оган. Притоа...