Ознака: целта

pitaci

Питачите протерани од Охрид

Post Views: 2 Туристичката сезона во Охрид е на прагот, а со неа, освен туристи,  во Охрид ни доаѓаат и голем број на питачи.  31 полнолетно и 27 малолетни лица кои питачеле во центарот на Охрид, вратени во своите места на живеење.  Оваа акција ја спроведе СВР Охрид согласно одредбите на законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште. Акцијата се спроведе викендов, а од СВР најавуваат зачестени вакви акции. Секторот за внатрешни работи Охрид презеде плански мерки за откривање на лица со непријавен престој, лица малолетници без надзор и лица кои се оддаваат на питачење.  Контрола...

Continue reading

komunikacija lica so hendikep

Нови можности за вработувања на лицата со хендикеп

Post Views: 9 „Ова се врските кои се создаваат во семејството, на работното место, и ова се врските кои ние ги создадовме изминативе три дена“. Со оваа скоро поетска мисла, психологот Шпела Реш на лицата со хендикеп им покажа колку се значајни врските на работното место, комуникацијата, себепретставувањето пред работодавците, а се со цел или нивно полесно вработување или полесна и покоренита интеграција на своето работно место. Овие вештини, тие ги учеа на работилницата која деновиве се одржува во Охрид, како дел од проектот на Европската унија за социјална инклузија на лицата со...

Continue reading

finish atletski maraton

Македонците одлични на Охридскиот атлетски маратон

Post Views: 7 Одличен епилог за македонските претставници на Охридскиот атлетски маратон. Триумфално низ целта пред Домот на култура помина охриѓанката Јована Целеска, а после неа пристигна и Ивана Младеновска од Скопје. Иако во женска конкуренција имаше само три натпреварувачки, сепак самото завршување на маратонот претставува голем успех. Во машка конкуренција пак со време од два часа и четириесет секунди, заеднички, целта ја минаа и првите двајца македонци. Кокан Јаневски и Јовица Ристовски завршија официјално на четвртото и петтото место. „Како се одвиваше трката? Имам искуство,...

Continue reading

gomleze

Скребатно во знакот на Ѓомлезијадата

Post Views: 1 Вкусно ѓомлезе подготвено на традиционален начин под сач, се печеше на распламтен огин. Денес по четврти пат на излетничкото место Скребатно се одржа годинешниот натпревар, или препознатливата ѓомлезијада. Секогаш добро е да се потсетиме која е тајната на приготвувањето на овој македонски специјалитет. „Не е тешко ниту мачно кога со задоволство се прави ѓомлезе“, вели  Билјана Китевска. „За да се направи ѓомлезе треба да се знае тајната на постарите од старите времиња. Треба вода брашно и сол. Ѓомлезе што се става пециво јогурт е гибаница“. Ѓомлезето добро оди со сирење....

Continue reading

Cvetko Grozdanov

Паѓаат цените на становите

Post Views: 5 Се градат стамбени згради со станови за сечиј џеб. Ова е најава на екс пратеникот на собранието на Р.М Цветко Грозданов, кој веќе цели шест месеци директорува со Акционерско друштво за стопанисување со станбен и деловен простор. Грозданов потенцира дека целта на А.Д. кое е под капата на Владата, да не дозволи цените на пазарот драстично да порастат. Додава, дека се тежнее кон замислата, секој граѓанин да може достојно да си го реши станбеното прашање. Но фактичката состојба е сосоема поинаква. Не е иста цената на стан во Скопје и Охрид, со останатите градови од земјава....

Continue reading

Ilinden

Охридските комити ја исполнија задачата

Post Views: 1 Илинден е празник над празниците. Под ова мото група од триесеттина млади охриѓани, членови на Здружението Христо Узунов, традиционално ја поминаа зацртаната траса од 102 километри – марш до Крушево. Охридските комити по девети пат зедоа учество на главната церемонија по повод 2-ри август, ден кој бележи двоен повод за прослава – 108 години од Крушевското востание и 67 години од првото заседание на АСНОМ. Шишкоски Никола од охридското здружение рече дека маршот поминал во најдобар ред, без проблеми по пат. Тој додаде дека иако се соочиле со лоши временски...

Continue reading

Polsko pretsedatelstvo EU

Полска носи настан од висок ранг во Охрид

Post Views: 3 Охрид означен на интернет-страницата на полското претседателство. Полска со настан од високо ниво, што ќе го организира на есен во Македонија, сака да покаже дека ја поддржува земјата на патот кон ЕУ. Но, колку Македонија го користи полското претседателтво за промоција на земјата? На 3. октомври полското претседателство со ЕУ ќе организира во Охрид министерски форум ЕУ – Западен Балкан, на кој ќе присуствуваат министрите за внатрешни работи и правда, како и претставници од Европската комисија, Советот и следната земја-претседавач со Унијата, Данска. Целта е да се усвојат...

Continue reading

tribina

Посебен суд за работнички спорови

Post Views: 0 Како до мирно решавање на работните спорови? Целта на денешната трибина на Сојузот на синдикатите на Македонија беше да одговори токму на ова прашање. Заштитата на работничките права и брзото и ефикасно решавање на работните спорови сеуште не го нашле своето место во Македонија, но во иднина треба да се обрне што поголемо внимание во таа насока-вели судијата Богоја Стрезоски.Посебни одделенија за решавање на работните спорови-вака функционираат работите во македонското судство. Иако одделенијата добро функционираат, експертите советуваат формирање на посебни судови...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top