Ознака: целта

Целта на вакциналниот пасош не е контрола на граѓаните

Post Views: 8 Рецензираме пост на Фејсбук во кој се тврди дека единствената функција на вакциналните пасоши е да ги контролира луѓето. Притоа не се прецизира за каква точно контрола станува збор. Ако вакцината ве штити од сериозна болест, а сепак можете да заболите од ковид и сепак да заразите други, тогаш ЕДИНСТВЕНАТА поента на вакциналниот пасош е да не контролира, се вели во објавата. Меѓутоа, вакциналниот пасош има неколку улоги и функции, кои не вклучуваат контрола во нив. Како што се вакцинираат сè поголем број луѓе, владите во светот се потпираат на овие пасоши како начин...

Continue reading

Нови правила на српскиот авиопревозник

Post Views: 3 На летовите на Ер Србија во иднина ќе важат нови правила за превоз на багаж, усогласени со стандардите на европските авиопревозници, соопштено е од оваа компанија. Имено, наместо досегашниот концепт по тежина, на летовите на Ер Србија во иднина ќе се применува концептот по парче предаден багаж. Во соопштението се наведува дека патниците од 1-ви мај 2014 година ќе можат во економска каласа да превезат еден багаж со максимална тежина од 23 килограми, а во бизнис класата два багажа со тежина од 32 кг. поодделно. Генералниот директор на Ер Србија Дане Кондиќ рекол дека оваа...

Continue reading

Злато за фер-плеј

Post Views: 5 Иако досега освоија девет медали на зимските олимписки игри во Сочи, без сомнение Канадските спортисти заслужуваат и медаља за фер-плеј. Посебно се истакна тренерот на канадскиот тим во нордиско скијање Џастин Вадсворт, кој му помогна на Русинот Антон Гафаров да помине низ целта. По лошото попладне за неговите спортисти Вадсворт во вторникот се шетал околу целта на патеката и сакал да го изгледа крајот на полуфиналето во машкиот спринт. Додека ја гледал трката, опкружен од другите тренери, го загледал Гафаров како приоѓа кон целта, но се мачи. Гафаров бил еден од фаворитите...

Continue reading

Фатен терорист со стотици килограми експлозив, целта била Еуро2016 во Франција?

Post Views: 1 Неименуван француски државјанин е фатен на полско-украинската граница бидејќи превезувал стотици килограми експлозив, детонатори, три фрлачи на гранати и неколку калашникови. Намерата му била сето тоа да го прокриумчари во Франција, па од тие причини се сомневаат дека оружјето би требало да биде употребено за време на скорешното Европско првенство во фудбал, пренесува станицата М6. Мажот (25) е фатен уште на 21 мај, меѓутоа тој податок сега дојде до јавноста бидејќи граничната служба веднаш го предала во рацете на украинската тајна полиција. Порталот 20minutes.fr во...

Continue reading

logo

Средношколците ќе ги деконструираат медиумите

Post Views: 0 Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, во соработка со Амбасадата на САД во Македонија го објавува конкурсот за најдобар средношколски медиумски производ „Изрази се преку медиумите“. Учениците и училиштата може да аплицираат на конкурсот со фотоприказна, постер или едноминутнo видео на тема „(Де)конструирај ги медиумите: Најди го значењето зад пораката“. Медиумскиот производ треба на оригинален начин да го открие значењето на медиумската порака објавена на телевизија, радио, печатен или онлајн медиум како вест или промотивна кампања. Средношколците треба...

Continue reading

Зијадин Села

Преставници од МПЦ се сретнаа со градоначалникот Села

Post Views: 5 Струшкиот градоначалник д-р Зијадин Села прими делегација  од Македонската православна црква. Тројца свештеници од струшката епархија при посетата му ја честитаа градоначалничката функција на д-р Села.  Градоначалникот Села кусо изјави дека со преставниците од МПЦ разговарале за проблемите кои постојат во општина Струга. Градоначалникот при тоа не прецизираше некој конкретен проблем.   „ Разговаравме за тоа да се има соживот во Струга од етнички aспект. Станa збор и за добриот придонес што може да го дадат и верските службеници за да се постигне целта да имаме мирен...

Continue reading

maratonec

На маратонец му ја одзедоа бронзата затоа што место да трча се повозил со автобус

Post Views: 3 Роб Слоун го освои третото место на маратонот Кедлер во северна Англија, но медалот му е одземен бидејќи дел од патеката ја мина со автобус.Маратонецот Роб Слун во неделата заедно со 1.700 натпреварувачи го започна маратонот во северна Англија, но по претрчани 32 километри тој не можел веќе да го издржи темпото. Наместо да се откаже, тој се качил на автобус. Во близината на целта, тој се симнал од автобусот и се сокрил покрај патот, чекајќи го вистинскиот момент за да се врати на патеката. За да не биде премногу сомнително, тој се вратил во трката зад двајцата водечки...

Continue reading

Стојаноски : Целта на локалната е да воведе модерен систем за наплата на паркирањето во интерес на граѓаните

Post Views: 4 Со двете предлог одлуки кои утре ќе се најдат пред градските советници,  за зонско паркирање и новиот ценовник за паркинг просторот на улиците во градот, се врши намалување на цените.  Основната намера на општина Охрид, локалната самоуправа  и моја како Градоначалник и градскиот Совет е да го модернизираме наплатувањето на паркинг услугите. Единствено Охрид и Струга се градови во Р Македонија, каде што не се врши наплата по пат на смс пораки, кажа на прес конференција Градоначалникот Јован Стојаноски. Целокупниот систем, најмодерен во државата, со сите можни атрибути...

Continue reading

logo

Македонија го одбележува Меѓународниот ден на аутизмот

Post Views: 1 Централната манифестација ќе се одржи во Скопје сити мол во организација на здружението „Во мојот свет“ под покровителство на сопругата на претседателот на Република Македонија, Маја Иванова. Децата, заедно со поддржувачите на кампањата, ќе составуваат сложувалка со боите на аутизмот, а ќе биде приредена и музичка програма. Целта е да се придонесе за подобрување на условите за живот на оваа ранлива група граѓани. По повод Меѓународниот ден, делегација на Македонското научно здружение за аутизам и семејства кои имаат деца со аутизам ќе го посетат претседателот на Република...

Continue reading

Работник кој оди пешки по 33 км. до работното место никогаш не задоцнил

Post Views: 14 Американецот James Robertson (56) од Детроит, кој се најде во средиштето на вниманието на американските и светски медиуми со тоа што секој ден до работното место и назад пешачи по 33 километри, наскоро благодарение на акцијата на доброчинители, ќе може да си дозволи не еден автмобил туку цел возен парк. Импресиониран со работната етика на Robertson, кој и покрај секојдневното одење никогаш не задоцнил на работа, студентот Evan Leedy (19) покренал интернет фондација со цел да се соберат доволно пари за да може Robertson да купи автомобил. За само неколку дена во фондацијата,...

Continue reading

Промовирани торбешката декларација и повелба

Post Views: 8 Торбешите во Македонија бараат институциноално да бидат регулирани нивните права. Денес во организација на Торбешкиот Културно-Научен центар, Румелија какои и Партијата за европски интеграции, ПЕИ, промовирани торбешката декларација и повелба. Генералниот секретар на ПЕИ како и основачот на Румелија, Мехмед Џемајлоски вели дека од оваа партија стојат зад сите активности од Културно-Научниот центар, Румелија. Целта е една, торбешите во Македонија да ги уживаат истите права како останатите етнички заедници во земјава. Претседателот на „Румелија“ Шериф Ајрединоски, вели...

Continue reading

humanitaren koncert

Хуманитарниот концерт во Центарот за култура, не ги исполни очекувањата на организаторите

Post Views: 9 22.400 денари и околу 5000 денари во храна е се што охриѓани донираа на големиот хуманитарен концерт за помош на поплавените подрачја во Македонија кој синоќа се случи во Центарот за култура „Григор Прличев“.  Дарко Мојсоски, еден од организаторите вели дека се разочарани од собраните средства и дека очекувале многу повеќе со оглед на целта на концертот, како и на звучните имиња кои настапиле. Очекувале да соберат барем 60000 илјади денари од карти и уште 20ина илјади во донации. Мојсоски додава дека сеуште не ја знаат точната донација од локалните фирми. Инаку денес...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top