Ознака: Христо

skola

Летна школа за правилна исхрана и во Охрид

Post Views: 8 Во Охрид се одржува „Летна школа за правилна исхрана“. Школата работи секое попладне  во петок во ОУ „Христо Узунов“ веќе две недели. Во моментов  ја посетуваат 20-тина слушатели кои имаат желба да ги променат лошите животни навики. Засега најзаинтерсирани се охриѓанки на возраст од 25 до 50 години,  вели  д-р Марија Трпкоска,  која го предводи тимот за едукација. Школата  нуди бесплатни  програми за исхрана и ги наградува оние кои неделно ќе постигнат видливи резултати. Може да се вклучат луѓе од различни возрасти и пол за да научат каде грешат во исхраната и како да...

Continue reading

ХУзунов

Бакрачески слушна за успесите и проблемите на ОУ Христо Узунов

Post Views: 0 Градоначалникот Никола Бакрачески на крајот од школската година оствари  посета на ОУ  „Христо Узунов“. Ова школо е едно од  најголемите во Охрид во кое учат околу 1300 ученици. В.д. директорот Тони Симоноски го информираше градоначалникот за постигнатите успеси на нивните ученици на локално, регионално и републичко ниво, но и за проблемите и потребите на училиштето.   „ Најгорлив проблем се вратите и прозорците кои прават дополнителни трошоци на школото во грејната сезона. За да се зголеми енергетската ефикасност треба нивна замена. Покривот  е од азбест табли и исто...

Continue reading

patronat Hristo

Основците од „Христо Узунов“ со поезија, драма и музика за својот патронат

Post Views: 31 „Длабока резба на душата“ е темата под која основците од „Христо Узунов“ синоќа го одбележаа својот патронен празник. Со прекрасни песни кои се разлеаа од грлата на хористите, со поетските рецитали и прекрасни поеми, со одличното свое актерство, учениците од ова основно училиште покажаа како се чествува својот патронен празник. За сето ова да изгледа и да звучи толку убаво, потребна им била макотрпна работа. „Обично се подготвуваме, почнаа подготовките второто полугодие, со изборот на тема на која што ќе се работи патронатот, музичкиот дел и рециталот. Исто така и училишниот...

Continue reading

laserski alarm

Учениците од „Христо Узунов“се покажаа како вистински научници

Post Views: 0 Ѓоко Маркоски како млад биолог и Михајло Најдески како млад физичар и двајцата од ОУ „Христо Узунов“ се покажаа големи научници. На 50та јубилејна олимпијада на млади техничари и природници која се одржа во Битола, тие со своите проекти освоија две трети места. Но не е толку до местата, колку до покажаната креативност и способност за аналитичко размислување. Ѓоко во Битола се покажа со резултатите од направеното двонеделно истражување на патогените бактерии кои ги има на најчесто користените површини од страна на децата. Ова истражување било правено во рамките на Центарот...

Continue reading

matematika

Многу дружење, многу математика и одлични резултати

Post Views: 20 Виктор Блажески е само еден од многуте мали охриѓанчиња-љубители на математиката, а тоа одлично го докажа минатава сабота. На регионалниот натпревар по математика, во својата категорија, односно 6то одделение, тој се пласираше на првото место, а ја освои втората награда со најмногу бодови кај шестоодделенците. Тој вели дека задачите биле тешки, но дека е навистина задоволен од постигнатиот успех. „Во другите школи најчесто ги избираат со училишен натпревар, а кај нас наставниците ги избираат посебно тие ученици што имаат секако петки и што се најуспешни. Убаво поминав,...

Continue reading

delikatesi

Хуманитарен панаѓур во ОУ „Христо Узунов“

Post Views: 2   Во ОУ „Христо Узунов“ се одржа  Новогодишен панаѓур на кој се продаваа домашно изработени деликатеси. На продажната маса се најдоа различни видови на колачи, ролати, кифлички, погачи и други специјалитети подготвени од  родителите. Најмалите основци  срамежливо потврдуваа дека при  подготовката на деликатесите биле вклучени и тие. Денешната акција е само една од повеќето хуманитарни случувања во кои  активно се вклучија и родителите. Декември или месецот на „Отворено срце“, е време кога се дарува и се помага на лицата  во заедницата кои имаат потреба од помош. „ Целта...

Continue reading

modna revija Hristo

Модна ревија на учениците од Христо Узунов со фустани од хартија

Post Views: 0 Учениците од ОУ Христо Узунов се приклучија во големата еколошка акција која охридските основни училишта ја спроведуваат по повод Светскиот ден на акцијата и на еко-училиштата. Собираа отпадна хартија и пластика, за од нив да успеат да направат фустани, шапки и костими. Децата, заедно со нивните родители, баби, дедовци и предметни наставници, ја употребија својата фантазија, па со изработените модни парчиња, организираа и убава ревија. Еве што ни кажаа дел од нив: „Мене многу ми беше лесно, три дена ги збиравме овие.“ „Мене ми беше лесно да ги собирам отпадоците и сакав...

Continue reading

spomenik park

Охрид им оддаде почит на охридските илинденци Узунов и Патче

Post Views: 17 23 Октомври е денот кога државата празнува и го одбележува почетокот на организираната револуционерна борба. И Охрид како и останатите општини ја оддаде својата почит кон македонските револуционери. Претставници од Локалната самоуправа, заедно со охридските советници и претставниците од Сојузот на борци од општините Охрид и Дебрца, положија свежо цвеќе пред спомен обележјата на охридските илинденци, Христо Узунов и Методи Патче. Потпретседателот на Сојузот на борци, Никола Стефаноски, смета дека убаво е што се одбележува овој празник, но дека треба да се стори многу...

Continue reading

deca cas fizika

Со делови од Nintendo Wii направиле интерактивна бела табла

Post Views: 19 Децата се познати по тоа што умеат од ништо да направат нешто. На нивната огромна креативност навистина и нема граници. Ако се сомневате во тоа тогаш ви ги претставуваме учениците од основното училиште „Христо Узунов“. Тие, со сопствен труд, направиле интерактивна бела табла. Потребни им биле само делови од познатата играчка конзола Нинтендо Вии, лед диоди и голема доза на иновативност. Идејата ја добиле од на интернет, а ни објаснија дека тоа е онаа табла на која се прават визуелни презентации. „Интерактивната бела табла беше препознатлива по својата уникатност затоа...

Continue reading

kiki

Цвеќе и приредба во чест на Христо Узунов

Post Views: 8  На бистата на охридскиот револуционер и илингденец Христо Узунов во знак на сеќавање и почит беше положено свежо цвеќе. Градоначалникот, преставници од Локалната самоуправа и училиштето кое го носи неговото име се поклонаа пред големиот револуционер. Потоа, преставници од градот заминаа да го посетат неговото вечно почивалиште во Цер, каде што Христо Узунов храбро во 1905 година со својата дружина ги положија животите за Македонија. Синоќа пак, основното училиште кое со гордост го носи името на овој револуционер, го одбележа по 35 -ти пат својот патронат. Учениците...

Continue reading

horisti

Охриѓани доминираа на регионалните хорски смотри

Post Views: 0 И основните и средните училишта од Охрид одлично се покажаа. Овие смотри секоја година се одржуваат во рамките на основното училиште „Христо Узунов“. Учествуваа 16 хорови и 11 оркестри од основните и средните училишта од Охрид, Струга и Кичево. Првото место кај средните училишта убедливо го освои младинскиот мешан хор при ОСУ „Свети Климент Охридски“, додека кај основните првото место им припадна на хористите од основното училиште „Христо Узунов“, а со прво место, но во категоријата оркестри се закити оркестарот од ОУ „Свети Климент Охридски“-Охрид. Двата прво пласирани...

Continue reading

katalog drvca

Еко-свест од најмала возраст

Post Views: 1 Човекот најдобро учи од природата. Слично како дрвцето јасен кое како семка сме го засадиле, така и еко-свеста на децата се засадува во најраната возраст. Тоа добро го знаат основците од „Христо Узунов“ кои денес садеа семки јасеново дрво. „Прво се зема пластичен сад, и се става подлога на дното. Се прават неколку дупчиња, се става еден сантиметар песок во саксијата, а над неа ровка земја. Ја притискаме малку земјата па со остар предмет правиме дупка од 2-3 сантиметри. Во дупката ја ставаме семката јасен и ја покриваме со земјата.“-токму вака дечињата внимателно ни раскажаа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top