Post Views: 0
Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница во чест на душите на мртвите, а во недела Духовден.
На Задушница се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите, верните даваат милостина на сиромашните во име на покојните и се молат за покој на нивните души.
Духовден, пак, го означува слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, или како што го нарекуваат светите отци „Роденденот на Црквата“.
Post Views: 3
Триесети септември е денот на љубовта за православните христијани.Празникот е посветен на великомаченичката Софија и нејзините ќерки Љубов, Вера и Надеж. Во Охрид има црква посветена на светите маченички, каде традиционално се организира прослава за жените со споменатите имиња, а сретствата собрани ги донираат во хуманитарни цели.
Софија и нејзините ќерки живееле и страдале во Рим, во времето на царот Адријан. Софија останала вдовица и се посветила со своите ќерки во верата Христова.Тогаш започнало нивното прогонување и мачење.Вера имала дванаесет, Надеж десет, а Љубов...
Post Views: 2
Православните христијани денес го слават празникот на Христовото вознесение или Спасовден, кој се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток.
Четириесет дена по воскреснувањето Исус Христос им се јавувал на своите ученици и ги подготвувал за нивната идна активност. Во овој период луѓето се уште се поздравуваат со “Христос воскресе” и си отпоздравуваат со “Навистина воскресе”.
Во спомен на Христовото вознесение на небото Светата Христијанска црква го востановила празникот Вознесение Христово или Спасовден зошто се празнува денот на...
Post Views: 3
Православните христијани денес во охридските храмови го одбележаа најтажниот ден во годината, Велики петок. Во пресрет на еден од најголемите христијански празници, овој ден се празнува со свети литургии и принесување на бескрвна жрва, со читање извадоци од евангелијата од делот кој ја опишува неделата на страдањата на Синот божји. Времето на смртта и симнувањето на телото Христово од крстот во Црквата се одбележува со вечерно богослужење и со посебен ритуал на изнесување на плаштот, на посебно украсена маса пред олтарот кој го симболизира гробот на Христос. Црвената...
Post Views: 0
За православните христијани од денес започнува Божиќниот пост. Верниците во следните шест недели, во чест на раѓањето на Господ Исус Христос, ќе се воздржуваат од консумирање на мрсна храна, телесни задоволства и ќе се молат пред Бога. Постите се востановени во рајот , Бог им дал на луѓето забрана да не јадат од дрвотозаз познавање на доброто и злото.Ако тогаш постот им бил потребен на првите луѓе во рајот колку ни е потребен на нас луѓето во ова денешно време , укажува отец Ѓорѓи Блажески.
„ Целта на Божиќните пости, но и на останатите пости е очистување на човечката...
Post Views: 3
“Христос се роди, навистина се роди“ – ова е поздравот со кој православните верници во четврток си го честитаат празникот Божиќ – денот на Христовото раѓање.
Во сите храмови на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија утрово се одржуваат божиќни литургии. Централната богослужба е во Соборниот храм во Скопје.
Основната порака на Божиќ е помирувањето и мирољубието меѓу луѓето. Денот е посветен на љубовта, надежта и семејството. Поради ова, традиционално, празникот се прославува во домашна атмосфера, во кругот на семејството со богата...
Post Views: 3
Празникот го најавија коледарите, кои од раните утрински часови одат по домовите и со песна на вратите ја навестуваат радосната вест за раѓањето на Исус Христос.
Традиционалната бадникова прослава ќе се одржи пред Соборниот храм во Скопје, каде што на присутните ќе им се делат бадникови гранчиња. На прославата ќе присуствуваат и кумот и здравичарот, неврохирургот Јовица Угриновски и драматургот Братислав Димитров.
Вечерва, според традицијата, семејството се собира пред посната трпеза, каде што се врти лепче со паричка. Верувањето е дека кај оној што ќе се падне паричката,...
Post Views: 0
Освен втор ден Велигден, денес православните христијани го слават и денот на свети Ѓеорѓиј Победоносец или Ѓурѓовден. Овој великомаченик според православната црква е еден од најпочитуваните светци во христијанството.
Свети Ѓеорѓиј кој бил родум од Кападокија, во име на верата се подложил на бројни измачувања, а поради чудата кои ги правел, многу незнабошци го попримиле христијанството.
„Денес на гробот од свети Ѓорѓи се случуваат безброј чудеса. Честопати свети Ѓорѓи знае да им помогне на сите оние кои имаат потреба од телесно здравје, духовно спасение. Еве и ние се...
Post Views: 6
„ Христос се роди- Навистина се роди“, е денешниот поздрав со кој меѓусебно се поздравуваат православните христијани. Тие го празнуваат раѓањето на спасителот Исус Христос. Утринските богослужби кои се одржаа во светите храмови беа преполни со верници. Црквите беа посетувани од православните христијани и во текот на целото претпладне, а при тоа беа посакувани најубави желби. Се палеа свеќи, а најчестата молитва беше за здравје и мир. Свештеникот Диме Азески од православниот храм „Успение на Пресвета Богородица“- Каменско, не потсетува на значењето на овој голем христијански...
Post Views: 0
Црквата на Свети Еразмо вчера и денес вистинско збиралиште на христијаните. Автомобили од сите страни, врвици на луѓе кои пеш тргнале да се поклонат и да запалат свеќа на големиот свештеномаченик. Овој голем христијански празник има посебно место во срцата на охриѓани бидејќи се смета дека токму Свети Еразмо ја има можеби најголемата улога во ширењето на христијанството во некогашен Лихнидос или денешен Охрид. Во пештерската црква на Свети Еразмо на излезот од Охрид, православните христијани редовно доаѓаат, посебно за овој ден.
„Секогаш, секоја година и кога ќе ми текне...