Ознака: Холандија

holngani

Првата група Холанѓани пристигна во Охрид

Post Views: 0 Утрово на аеродромот св. Апостол Павле пристигна правата група холандски туристи за оваа летна сезона.Гостите воодушевени од пречекот, со големи очекувања за она што сакаат да го видат, но и со добри познавања за она што го нудиме како туристичка дестинација. „Во Македонија доаѓам прв пат. Се надевам дека е добро овде. Сите ми велеа, Македонија е одлична земја. Овде сакам да ги видам црквите, иконите… Јас не го познавам овој народ. Сум бил во Ерменија, Југославија, и си реков зошто да не, јас малку знам за овие луѓе. Бев и во Грција и ете токму поради тоа дојдов...

Continue reading

decinja kralica

Портокалово, портокалово и пак портокалово

Post Views: 3 Познато сценарио, познати актери. Насмеани, ведри, облечени во карактеристичната портокалова боја, холандските туристи денес имаа можност далеку од дома да го прослават денот на холандската кралица. Плажата Куба Либре и овој пат беше домаќин и организатор на најважниот празник во холандската култура. На прославата беше присутна и првата дама на холандската дипломатија во Македонија, Мариет Шурман. „Не ми е прв пат тука во Охрид, но точно ова ми е прв пат да сум во Охрид за денот на кралицата. И денес е денот Д, 30 Април па ние го прославуваме нашиот национален празник...

Continue reading

aviom Holangani

Холанѓаните пристигнаа

Post Views: 12 Првата група од 120 туристи од Холандија преку аранжманите на тур-операторот „Арке травел – ТУИ“ денеска со чартер лет пристигна во Охрид. Беа пречекани на традиционален начин со погача и сол, но и со шампањ и торта. Гостите воодушевени од дочекот, организиран специјално за нив. „За вашата земја слушнав од мојата девојка. Таа беше овде минатата година и ми пренесе многу позитивни искуства за Охрид – беше воодушевена“, вели едне од гостите. Друг пак открива дека во Македонија очекува да види многу планини, цркви и пријателскиот народ“. Првата група холандски туристи,...

Continue reading

promocija

Презентирани македонските туристички потенцијали во Холандија

Post Views: 0 Продолжува промоцијата на македонската туристичка понуда во Холандија и Шведска. Неодамна во Светскиот трговски центар во Амстердам-Холандија, во организација на амбасадорот г-дин Никола Димитров се одржа промоција на Македонија како туристичка дестинација, но и промоција на македонските вина. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ги презентираше туристичките потенцијали на  Македонија пред повеќе од триесет холандски тур-оператори кои веќе ја нудат Македонија како туристичка дестинација, но и пред тур-оператори кои пројавиле интерес...

Continue reading

deca Galicica

Едукативни активности во НП „Галичица“

Post Views: 3 Охридските основци, на едукација во НП „Галичица“. После неодамна одржаната обука за наставен кадар, со обучувачи од Русија, денес во НП „Галичица“, дел од своите искуства пренесуваат професори од Холандија. Целта поради која се ангажираат светски обучувачи, е обезбедување висококвалитетна обука на вработените, кои пак на целните групи треба стручно да им ги објаснат природните и културните пејсажи на паркот, вели првиот човек на паркот Зоран Ангелоски. Директорот вели дека соработката со светските еколози не случајна. Додава, дека посебно му причинува задоволство што...

Continue reading

staticki tocaci

Статичните велосипеди не успеваат да опстојат покрај Охриѓани

Post Views: 9 Статичните велосипеди тешко опстојуваат покрај Охриѓани. Сериозни оштетувања и делови кои недостигаат, можеби утре и целосно ќе ги снема. Уште кога беше најавено поставувањето на статичните велосипеди тие предизвикаа огромен интерес кај Охриѓани. Иако велосипедите требаше првично да ги привлекуваат холандските туристи, многу почести посетители беа Охриѓани. Нивното поставување уште во Март месец го најави амбасадорката на Кралството Холандија, Симоне Филипини како дел од холандскиот парк кој заедно со споменикот на писателот Ден Долаард требаше да потсетува на Холандија,...

Continue reading

Holangani

Холанѓаните повторно во Охрид

Post Views: 22 Денес на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, слета првиот авион со холандски туристи. Тие беа пречекани на традиционален македонски начин – со погача, македонска музика и благо, што предизвика позитивни првични впечатоци. Некои од гостите слушнале за Охридското Езеро, а се по прв пат во Охрид, но има и такви кои за нашиот град дознале од интернет порталите во Холандија. Вицепремиерот по економија, Антонио Пешески, задоволен од реализацијата на најавените планови на Владата на Р. Макеоднија. За него, доаѓањето на првите холандски туристи, значи почеток на туристичката...

Continue reading

saem

Македонските убавини ќе бидат претстaвени во Утрехт – Холандија

Post Views: 3 На самиот почеток од 2011-та, најдоброто од туристичката понуда од Македонија, ќе биде претставено на еден од најголемите саеми за туризам во Утрехт. Веќе извесен период, на агендата на Агенцијата е промоцијата на туристичката понуда на земјава на холандскиот туристички пазар. Така во јануари следната година, агенцијата ќе настапи како директен учесник на овој саем и, од 11 до 16 Јануари  пред присутните туроператори и новинари ќе ги презентира македонските туристички потенцијали, вели директорот на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот, Зоран Стрезоски. „Од...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top