Ознака: фудбал

fudbaleri

Македонија-Исланд 2:0

Post Views: 4 Македонската фудбалска репрезентација го победи Исланд со 2:0 во квалификакациите за Светското првенство во фудбал 2010 во Јужна Африка рамките на деветтата група. Македонија со освоените три бода теоретски останува во игра за бараж за Светското првенство. Македонија поведе со 1:0, со голот со удар од глава што го постигна Ацо Стојков во деветтата минута од првото полувреме. Конечниот резултат го постави Филип Ивановски во 85 минута. Двата гола беа постигнати од шеснаесетникот по странични додавања. Во нашата група прва е Холандија, Македонија има седум бода, исто колку...

Continue reading

mesokastro fudbal

Месокастрани подготвени за Велигденското дерби во фудбал

Post Views: 0 Традиционално и годинава за Велигден месокастрани ќе одиграат дерби натпревар во фудбал. Годинава тоа е јубилејно одосно одбележуваат, 55 години натпревари во фудбал на теренот од ОУ „Св Климент Охридски“. Старите но и младите месокастрани живеат за овој ден вели Стефан Здравески, познат по прекарот Циро. Здравески на само ден пред турнирот кажа дека со нетрпение чекаат да дојде недела 11 часот кога започнува фудбалскот дерби и наброја дел од плејадата месокастрани кои годиниве наназад учествувале на турнирот. „Секако дека се чуствуваме возбудено бидејќи 55 не е мал...

Continue reading

fudbaleri

Ладен туш за французите

Post Views: 3 Репрезентацијата на Франција е поразена од Нигерија со 1:0 во пријатеслкиот натпревар одигран во Сент-Етјен, додека го победи Азербејџан во Анкара со 2:0.Единствениот погодок на натпреварот во Сент-Етјен го постигна напаѓачот на белгиски Клуб Бриџ, Џозеф Акпала во 32-т аминута. Треба да се истакне и дека во француската селекција не настапи најдобриот стрелец во нејзината историја Тиери Анри, поради болки во десното колено. Но, и се придружи на селекцијата и дуелот го гледаше од клупата. Навивачите на француската репрезентација во Сент-Етјен домашните фудбалери на крајот...

Continue reading

V Spaseski

Почина доајенот на охридскиот фудбал Војислав Спасески

Post Views: 1   Денеска во 75тата година од животот почина доајенот на охридскиот фудбал Војислав Спасески. Спасески својата спортска кариера ја започна во Фудбалскиот клуб Охрид а во долгите години на спортските терени играл за повеќе клубови како Брегалница од Штип, Работнички Скопје, Пелистер – Битола, Победа од Прилеп, Младеновац од Република Србија. Во неговата биографија стои дека играл и за Студентската репрезентација на СР Македонија во 1961 та година. Војислав Спасески долги години беше тренер на Фудбалскиот клуб Охрид. А како неуморен спортски работник беше и основач...

Continue reading

fudbal

Празничен прволигашки фудбал

Post Views: 0 Велигденскиот празник е причината поради која натпреварите од 25. коло во Првата македонска фудбалска лига, наместо (вообичаено) в недела, да се одиграат ден порано, во сабота (18 април) со почеток од 16:00 часот. Двојките се следниве: Силекс – Металург, Македонија Ѓ.П. – Победа, Ренова – Напредок, Милано – Пелистер и Работнички – Хоризонт. Слободен во ова коло е тимот на Вардар Табела: Македонија Ѓ.П. 48, Ренова 41, Милано 40, Вардар 35, Работнички 32 (-1 натпревар), Хоризонт Турново 27 (-1 натпревар), Силекс 23, Металург 20, Победа 20, Напредок 19 и Пелистер 19. {loadposition...

Continue reading

logo

„Победа“ нека заборави на фудбалот 8 години

Post Views: 2 Прилепска Победа доби осумгодишна забрана за учество во натпреварите на Европската фудбалска федерација. Претседателот Забрчанец и фудбалерот Здравески, се казнети со доживотна забрана поради местење на натпревар. Дисциплинското тело на УЕФА одлуката ја донесе согласно Членот 5 на нејзиниот правилник кој ги регулира принципите на интегритетот и спортскиот однос на натпреварите. УЕФА го истражуваше мечот од првата квалификациска рунда на Лигата на Шампионите одигран во јули 2004 година, меѓу Победа и Пјуник од Ерменија. Обвинението против поранешниот македонски првак...

Continue reading

Mishel Platini

ЕП во фудбал во Полска и Украина

Post Views: 7 Претседателот на УЕФА Мишел Платини во неговиот неколкудневен престој во Украина уште еднаш потврди дека Европскиот фудбалски шампионат сигурно ќе се одржи во Украина и Полска. Првиот човек на УЕФА рече дека следниот месец ќе се одлучува во колку украински, а во колку полски градови ќе се играат мечовите. „На 12-ти или 13-ти мај во Букурешт ќе прецизираме кои градови ќе бидат организатори на ЕУРО 2012. Дали ќе биде 4-4, 3-3, 4-2 или 5-1, за тоа ќе се одлучи на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА.“ Главниот проблем за изградбата на стадионот во Киев беше уривањето...

Continue reading

Obama

Обама лобира за фудбалот

Post Views: 1 Американскиот претседател Барак Обама застана зад кандидатурата на САД за домаќин на светското фудбалско првенство во 2018 или 2022 година. Обама во писмо до претседателот на ФИФА Сеп Блатер нагласи дека „фудбалот е многу повеќе од игра“, објави денеска лондонскиот весник Гардијан. „Фудбалот е многу повеќе од игра. Тој на најубав и најинтензивен начин го поврзува целиот свет. Би сакал САД да бидат промотори на тоа заедништво и во таа смисла да бидеме домаќини на големото спортско дружење“, се наведува во писмото на Обама до Блатер. Светската фудбалска федерација (ФИФА)...

Continue reading

akademija pandev

Академија Пандев есенски шампион на Македонија во млади категории

Post Views: 3 Генерацијата 99та-2000та на Академија Пандев, есенски шампион во втората македонска лига во фудбал за млади категории. Тие првиот дел од шампионатот го завршија како убедливи шампиони без ниту еден пораз. Задоволни се од досега постигнатото, но велат спортски е секогаш да се тежнее кон нови успеси. „Очекувањата се нормално онаа идеја првично која беше, да влеземе во Суперлигата. Ние се натпреваруваме во втора лига, сакаме да влеземе во првата, Супер лига која е елитна во македонскиот фудбал за млади категории.“-вели тренерот Агрон Мерко од „Академија Пандев“ Тренерот...

Continue reading

fudbaleri

Во кореанскиот фудбал, се е дозволено!

Post Views: 2 Северна Кореа ја оптужи Јужна дека ги труе нивните фудбалери со храна, веднаш после натпреварот за Светскиот куп кој се играше минатата недела. Тренерот на тимот на Северна Кореа, Џон Хан ги изнесе овие обвинувања откако нивниот тим загуби со 1:0 од Јужна Кореа на 1-ви април. Од Сеул овие информации ги негираат. Фудбалската Асоцијација на Сверна Кореа соопшто дека ова претставува потег кој води кон конфронтација. „Без сомнение овој инцидент е намерен, зошто играчите наеднаш, токму пред натпреварот не беа во можност да станат“, изјавија од Фудбалската Асоцијација на Сверна...

Continue reading

logo

Македонија на гости кај третите во светот

Post Views: 2 Македонската фудбалска репрезентација денеска ги продолжува квалификациите за пласман на СП со тешко гостување против Холандија, трето рангираната репрезентација на светот. Натпреварот е во рамки на 9.квалификациона група, во која Холандија по четири меча е лидер со максимален учинок. Македонија има скор од една победа и два порази, но се уште е во игра за второто место во групата, кое обезбедува бараж за пласман на Мундијалот 2010. Мечот започнува во 20,45 часот, а според најавите, вечерва на „Амстердам арена“ ќе има околу 1,500 македонски навивачи. Ова ќе биде второ...

Continue reading

mal fudbal

Од сабота спортски училишни лиги во Охрид

Post Views: 5 Започнуваат со функционирање спортски училишни лиги во Охрид. Од оваа сабота учениците од охридските основни и средни училишта ќе се натпреваруваат во општински, зонски и регионални натпревари. Ова денеска го најави  првиот човек на градот, Никола Бакрачески. „На мое лично задоволство и како градоначалник и како доктор тоа е еден од начините на кој што општина Охрид води грижа за правилен психомоторен и физички развој на децата кои што учат во охридските основни и средни училишта се создаваат услови за развој на спортот и стекнување на одредени спортски вештини се развива...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top