Ладен туш за французите

Репрезентацијата на Франција е поразена од Нигерија со 1:0 во пријатеслкиот натпревар одигран во Сент-Етјен, додека го победи Азербејџан во Анкара со 2:0.

 |  Крсте Голабовски  | 
fudbaleri
фудбалери

Репрезентацијата на Франција е поразена од Нигерија со 1:0 во пријатеслкиот натпревар одигран во Сент-Етјен, додека го победи Азербејџан во Анкара со 2:0.
Единствениот погодок на натпреварот во Сент-Етјен го постигна напаѓачот на белгиски Клуб Бриџ, Џозеф Акпала во 32-т аминута. Треба да се истакне и дека во француската селекција не настапи најдобриот стрелец во нејзината историја Тиери Анри, поради болки во десното колено. Но, и се придружи на селекцијата и дуелот го гледаше од клупата.

NigerijaНавивачите на француската репрезентација во Сент-Етјен домашните фудбалери на крајот од натпреварот ги испратија со свирежи поради разочарувачката игра како и исто толку „добриот“ резултат. Тоа беше прв натпревар меѓу најдобрите репрезентации меѓу Франција и Нигерија.

Натпреварот започна со една минута молчење за сите жртви од исчезнатиот француски авион во Бразил, а и двата тима носеа црни ленти.

Репрезентацијата на Турција во Анкара го победи Азербејџан со 2:0. Двата погодоци Турција ги постигна со играч повеќе, бидејќи противничкиот тим од 52-та минута играл без исклучениот Рашад Садигов. Стрелци за турската репрезетнација беа Халил Алтинтоп во 69-та и Ибрахим Узулмез во 75-та минута.

Фудбалската репрезентација на Германија ги победи Обединетите Арапски Емирати со 7:2 во пријатеслки натпревар одигран во Дубаи.

Откако што тимот на Хоаким Лев во петокот одигра само 1:1 во Шангај против Кина, впечатокот го поправи во Дубаи. Четири погодоци постигна новиот напаѓач на Баерн Марио Гомез, кој пред тоа 830 минути апстинираше од голови во дресот на националниот тим. По еден гол за Германија уште постигнаа и Вестерман, Трочовски и домашниот фудбалер Јум кој постигна автогол. Стрелци за ОАЕ беа Салем и Мубарек.

Интересно е да се спомене дека првиот настап во дресот на Германија го запиша голамнот Мануел Нојер, а и тоа дека првите шест погодоци на натпреварот беа постигнати помеѓу 29. и 52. минута.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top