Ознака: факултет

komarec

Нема тигрести комарци во Македонија

Post Views: 32 Стручен тим од факултетот за фармација минативе два дена направи испитување, по претходно обезбедени повеќе примероци на комарци во Скопје. Земени се примероци од преку 140 врсти на комарци, но меѓу нив нема тигрест комарец, посочија од факултетот. -Две години ја следиме состојбата дали има тигрест комарец во Македонија. Деновиве испитувавме во Скопје, Дојран, Негорци, Преспа, Охрид, Струга, но примерок од тигрест комарец нема, изјави Ѓоше Стефков, доцент на фармацевски факултет. Мерки беа превземени и од Министерството за здравство со цел да се осигура безбедноста...

Continue reading

zorica naumoska

Тим студенти од факултетот „Јустинијан Први“ со огромен успех на најголемиот натпревар по меѓународно арбитражно право

Post Views: 16 Тимот од студенти по право од правниот факултет „Јустинијан Први“, предводени од нивните професори и асистенти-тренери, со огромен успех на натпреварот по меѓународно арбитражно право Вилијам Це Вис во Виена. Дел од нив и охриѓанката Зорица Наумоска, која заедно со колегите Љубен Коцев, Марија Ангеловска, Константин Битраков, Маријана Станинова, Христијан Давидовиќ и Игор Тасевски го составуваше правниот тим кој успеа на овој натпревар, со постигнатото да се вброи помеѓу 32та најдобри светски универзитети по меѓународно арбитражно право. „Целиот натпревар, целите подготовки,...

Continue reading

logo

СДСМ Охрид: Нов скандал во општина Охрид

Post Views: 10 Речиси две години, вработена во општина Охрид, работи како правник во Секторот за Урбанизам иако нема завршен Правен факултет. Ангажирана со договор во локалната самоуправа, како партиски кадар од ВМРО-ДПМНЕ, вработената извршувала правни работи, иако не била дипломиран правник, што е спротивно на законите. Замислете, две години никој не се сетил да и‘ побара диплома за завршен Правен факултет и да провери дали е квалификувана за доделеното работно место. За скандалот да биде уште поголем, споменатата вработена ги потпишувала урбанистичките решенија во Одделението...

Continue reading

ПОТЕНЦИЈАЛНА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ОПШТИНА ОХРИД И ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ, УНИВЕРЗИТЕТ –ЉУБЉАНА

Post Views: 1 Средбата се одржа на иницијатива на претседателот на Стопанска комора на Северна Македонија, Бранко Азески, кој воедно е и член на Меѓународниот советодавен одбор на Економскиот факултет во Љубљана, а присутна беше и Мелита Секуловска, регионален координатор за меѓународна едукација на Економски Факултет, Универзитет – Љубљана. За почеток на соработката беше договорено да се превземат активности за реализација на заеднички проект помеѓу општината, Стопанската комора на Северна Македонија, Економски Факултет, Универзитет –Љубљана со можност за вклучување и на Стопанската...

Continue reading

antibiotici

Охрид дел од кампањата за рационална употреба на антибиотици

Post Views: 0 Алармантната состојба на светско ниво со употреба на антибиотици, не ја одмина ниту нашата земја. Македонија спаѓа во просекот на југоисточните земји кои бележат висок процент на употреба на антибиотици, велат еминентни професори од медицинскиот факултет во Скопје, кои денес одржаа семинар пред докторите од охридско – струшкиот регион.  Петта година по ред системски се работи за подигање на свеста за рационална употреба на антибиотиците, вели Др Никола Паноски од медицинскиот факултет во Скопје. Додаде дека фокусот на денешниот семинар е ставен на докторите специјалисти,...

Continue reading

arhitekti

Хотел кај Долни Сарај, винарија во Требеништа, храбри идеи презентирани низ кафе муабет

Post Views: 0 Храбрата архитектонска визија и неконвенционалните идеи кога-тогаш излегуваат на површина. Од вчера, во двата охридски локали Шила и Ликвид, можете да видите педесетина такви архитектонски идеи. Студентите од генерацијата 2006 на Архитектонскиот факултет, на еден неформален начин ги изложија и прикажаа своите дипломски трудови пред охриѓани. Злата Голабоска, која членува во Студентска архитектонска визија или СТАВ, а воедно и самата има изложено проект, појаснува зошто се одлучиле на ваков начин да ги прикажат нивните идеи. „Поентата на оваа изложба е да ја покажеме...

Continue reading

partizanska

Од понеделник ќе се реконструира дрворедот на ул.„Партизанска

Post Views: 11 Ј.П.”Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на општина Охрид дека од понеделник-19.05.2014 год. започнува со реконструкција на дрворедот по ул. „Партзанска“. Постоечките дрвја на оваа улица ќе бидат заменети со украсни дрва од видот лигуструм. Искуството со дрворедот по ул.,,Димитар Влахов,, покажа дека овие дрвја кои имаат декоративен изглед се отпорни на временски промени, аерозагадувања и заболувања и немаат длобок корен. Заради тоа упатуваме барање и апел до граѓаните да не ги паркираат своите возила на ул ,,Партизанска,, во времетраење од 06.00час-12.00час...

Continue reading

ftu

Кој ќе биде бројот на новите студенти во Охрид

Post Views: 1   Министерството за образование ги објави квотите за запишување студенти во новата студиска година 2014-2015. На  ФТУ  и на Универзитетот за информатички науки и технологии Св. Апостол Павле веќе се знае првичниот број на идните студенти. Деканот на ФТУ, Сашо Коруновски вели дека оваа година на нивната високообразовна институција одобрено е да се запишат 215 студенти или педесеттина помалку од лани. Тоа се должи на укинувањето на студиската прогрма за менаџмент во услужен сектор, која била отворена минатата година. Коруновски објаснува дека тие ќе ги вложат сите напори...

Continue reading

Miladin Krstanoski

IN MEMORIAM – Проф. д-р Миладин Крстаноски

Post Views: 7 Доцна синоќа по кратко боледување во својот дом на 66 години почина проф. д-р Миладин Крстаноски, истакнат професор. Дипломира на универзитет “Св. “Кирил и Медодиј“ Правен факултет- Скопје во 1975 година и се стекнува со звањето дипл. правник , 1980 година го положил Правосудниот испит.  Последипломски студии: магистрира на Универзитетот Св. “Кирил и Методиј“ Правен факултет –Скопје на Катедрата за кривично право и криминологија и се стекнува со звање магистер по правни науки;  Докторската дисертација во кривичното право и криминологила ја брани на Правниот факултет...

Continue reading

ekonomski fakultet shtip

Промоција на 17 научни книги од економската област

Post Views: 18 На Економскиот факултет „Гоце Делчев“ во Штип денеска ќе бидат промовирани 17 преведени книги со економска тематика од проектот „Превод на 500 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија”. На промоцијата ќе присуствува премиерот Никола Груевски во придружба на министрите за образование и наука и за култура, Никола Тодоров и Елизабета Канческа–Милевска. Груевски, кој денеска ќе престојува во посета на Штип, заедно со директорот на МЕПСО Владимир...

Continue reading

konferencija

Со квалитетно образование и соодветна пракса до развој на туризмот

Post Views: 10   Симбиоза на науката и праксата. Тоа е формулата за развој на туризмот и туристичкото стопанство, велат стручњаците. Во последните десет години се повеќе се работи на зголемување на предметите со практичен дел на факултетите за туризам. Охридскиот факултет за туризам и угостителство обучува стручен кадар кој веднаш по завршувањето на студиите може дасе вклучи во туристичкото стопанство, вели Сашо Коруновски, деканот на ФТУ. Врската помеѓу факултетите, хотелиерите, ресторатерите и сите останати инволвирани во развојот на туризмот треба да станува се поцврста, додава...

Continue reading

naucen sobir

Македонија и Хрватска ги продлабочуваат културолошките врски

Post Views: 1 Во организација на Институтот за македонска литература во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид се одржува меѓународниот научен собир на македонско-хрватски книжевни, културни и јазични врски. Станува збор за четврти по ред научен собир, кој има своја традиција и континуитет и се реализира во соработка со Филозофскиот факултет при Универзитетот во Риека. На овогодинешниот собир, учество земаат поголем број професори и истражувачи од Универзитетот „Јосип Јурај Штросмаер“ од Осијек, особено од Одделот за културологија, со кој Институтот за македонска литература има склучено...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top