IN MEMORIAM – Проф. д-р Миладин Крстаноски

Доцна синоќа по кратко боледување во својот дом на 66 години почина проф. д-р Миладин Крстаноски, истакнат професор

 |   | 
Miladin Krstanoski
Miladin Krstanoski

Miladin KrstanoskiДоцна синоќа по кратко боледување во својот дом на 66 години почина проф. д-р Миладин Крстаноски, истакнат професор. Дипломира на универзитет “Св. “Кирил и Медодиј“ Правен факултет- Скопје во 1975 година и се стекнува со звањето дипл. правник , 1980 година го положил Правосудниот испит.  Последипломски студии: магистрира на Универзитетот Св. “Кирил и Методиј“ Правен факултет –Скопје на Катедрата за кривично право и криминологија и се стекнува со звање магистер по правни науки;  Докторската дисертација во кривичното право и криминологила ја брани на Правниот факултет во Скопје при Универзитет “Св. “Кирил и Медодиј“ “-и се стекнува со звање доктор по правни науки.

Проф. Крстаноски беше добитник на Климентова награда – награда за животно дело во 2008 година. Проф. д-р Миладин Крстаноски во досегашниот работен век работел во “Отекс” Охрид, бил секретар во печатница “Коста Абрашевиќ” –Охрид, директор на општ сектор во фабриката “Борис Кидрич”- Струга, секретар на ГП “Трудбеник”- Охрид, претседател на Судот за прекршоци -Охрид, Општествен правобранител на самоуправувањето –Охрид и директор на Казнено-поправната установа –Затвор Охрид. Во 1995 година е избран за професор на Факултет за туризам и угостителство-Охрид по група на правни предмети на сите насоки каде работеше со звање редовен професор.

Во истото звање предава и на други државни факултети во Р.Македонија и во странство. Во својот плоден работен век проф. д-р Миладин Крстаноски вршел и други општествено-политички и стручни функции како претседател на Социјалистички сојуз на општина Охрид, претседател на здружението на пенолозите на Р.Македонија, претседател на културно-просветна заедница-Охрид, член на Комисијата за условен отпуст при Министерството за правда на Р.Македонија, бил член на други комисии за изработка на позитивно-правни прописи од областа на кривичното право и извршувањето на кривичните санкции и друго.

Проф. д-р Миладин Крстаноски е автор на 50 книги од областа на правото и повеќе од 100 научни и стручни трудови објавени во Р. Македонија и странство.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top