Ознака: фаза

galicica

Опасност од пожари

Post Views: 5 Одговорно однесување на граѓаните кои го посетуваат НП „Галичица“, предупредуваат надлежните од паркот. Поради високите температури но и според Законот за шуми никогаш не е на одмет да се нагласи дека, забрането е палење на оган на отворен простор но и секакви дејствија и активности кои можат да доведат до појава на пожар, апелира Наумче Новески, одговорниот за заштита од пожари. „Овој период ние сме во фаза еден, еден тоа е највисоката фаза што значи еден опасност за појава на пожари и прва категорија на мобилност, што значи дека лесно може да се појават пожари а од...

Continue reading

ucilista promena dograma

Започнува првата фаза од проектот со кој ќе се реновираат училиштата во Охрид

Post Views: 8 По скенирањето на состојбата во основните и средните училишта, започнува првата фаза од проектот со кој ќе се реновираат образовните институции во Охрид. Портпаролот на локалната самоуправа Томе Џамтовски вели дека до овој момент до локалната стигнале проекти од сите основни и средни училишта во градов, преку кои бараат да се вложи во оној дел кој им е најнеопходен. зафатите во образовните институции ќе се одвиваат во две фази.   „Оваа прва фаза во моментов се прибрани сите проекти кои ги изготвиле училиштата, а кои во првата фаза бараат менување на дограмата, прозорите...

Continue reading

dolni saraj

Се санира оштетениот бедем на Долни Сарај

Post Views: 25 Се санира оштетениот бедем на Долни Сарај. Министерството за култура годинава издвои 1 милион денари за првата фаза која како што ни открива директорката на Завод и музеј, Тања Паскали – Бунташеска предвидува санирање на ѕидните јужни платна кон езерскиот брег, од летната сцена на Долни Сарај. На ваков чекор се одлучиле по повеќегодишното укажување од опасноста од уривање на летната сцена, додава таа. „Оштетувањата беа настанати во голема мера со тек на време што не беше интервенирано на самите зидини, поточно дел од малтерите го имаа изгубено врзивното својство и камењата...

Continue reading

пристаниште

Потребен специјален багер за чистење тиња од пристаништата и каналот

Post Views: 2 Започна постапка за набавка на специјално пловило за чистење на тињата во пристанишата Охрид, Св Наум и каналот Студенчишта. Чистењето на дното од наноси е многу важна работа и како град мора да направиме напори за набавка на едно вакво возило, укажува капетанот Горан Устијаноски. За исплатливост на специјалното возило најдобро решение би било набавката да е за регионални потреби на Охрид, Струга и Поградец, предлага капетанот. Устијаноски во меѓувреме направил обид за изнаоѓање на решение за проблемот со кој се среќаваат во водниот сообраќај. „ Се наоѓаме во прва фаза...

Continue reading

stetnici

Повлекувањето на езерото носи нов предизвик-наезда на глодари и инсекти

Post Views: 7 Повлекувањето на водите и во Охридското езеро, но и во реките, од една страна спас од поплави, но од друга можност за проблеми со појава на глодари, инсекти и други штетници. За спас од овој нов предизвик, Центарот за јавно здравје вели дека е потребно да се преземат серија превентивни мерки за заштита на населението од заразните заболувања кои комарците и глодарите ги пренесуваат. Според директорот на Центарот за јавно здравје, д-р Атанаско Михаилов, изминатите години, граѓаните често реагирале и тврделе дека забележале глодари, особено глувци и во делови од канализацијата,...

Continue reading

asfalt

Се асфалтираат ударните дупки на патниот правец Ботун-Лешани

Post Views: 8 Дождливото време денес не го попречи започнатото крпење на ударните дупки на патниот правец Ботун – Лешани.  Работниците и механизацијата на „Македонија пат“ се ангажирани да го поправат овој регионален патен правец  кој е во лоша состојба. Станува збор за реконструкција на регионалниот патен правец во должина од 5,7 км, информира Миле Јанакиески, Министерот за транспорт и врски.„Финансиската конструкција за патниот правец ќе чини околу 20 милиони денари. Со првата фаза на зафатите ќе се става основен слој кој ќе чини околу 7-8 милиони денари, а 12 милиони ќе чини...

Continue reading

mitebogoeski

Напролет ќе биде готова улицата Мите Богоевски

Post Views: 8 Завршена е првата фаза на ул Мите Богоевски. А втората фаза се очекува да биде готова до напролет. Со тоа оваа улица ќе биде целосно комплетирана согласно сите стандарди, вели одговорниот на Фондот за Комунален развој Емин Селман. Раководителот, кажа дека веќе пристапуваат кон проектирање на улиците согласно ДУП от и уште денес очекуваат да го добијат изготвениот проект. „Се предвидува Мите Богоески да е со ширина од 10 метри со тоа што коловозната лента ќе биде со ширина од 6 метри и пешачките патеки ќе бидат со ширина од 2 метри. И ќе се постават нови рамници и нови...

Continue reading

lakocerej

Жителите на Горно Лакочереј конечно добија вода за пиење

Post Views: 4 Жителите на Горно Лакочереј конечно добија вода за пиење. После речиси три години голгота, низ нивните чешми потече течноста што живот значи. 176 домаќинства, колку што има во ова село сега се приклучени на градскиот водовод. Синоќа кога потекла водата низ славините за нив било вистински празник, вели Климе Тренески, претседателот на МЗ Горно Лакочереј. Тренески потсетува дека овој проблем започнал откога биле исклучени од водоводот од кој се снабдувале, а е во сопственост на Емо. Мештаните години наназад барале решение за нивниот голем проблем, па дури самоиницијативно...

Continue reading

ulica

На пола пат остана ул Мите Богоески

Post Views: 9 Улицата Мите Богоевски се дави во кал и вода. Неодамна крак на оваа улица, позади општината и економското училиште беше раскопан поради изведување на неколку инсталации поврзани со водоводно канализационата мрежа. Но работите застанаа во место. Мештаните на овој дел реагираат. Тие велат дека на улицата не се изведуваат зафати веќе една недела, патот е блокиран од работна машина, асфалтот зјае, фрекфенцијата на коли e невозможна а кал и вода има насекаде. Вината ја фрлаат на Локалната, бидејќи според нив, од таму им кажале дека работите се стопирани поради финансиски...

Continue reading

ezero

Јапонците со реални намери

Post Views: 2 Реална е можноста јапонците да инвестираат во заштита на Охридското Езеро, смета Дејан Паноски од билатерaлниот секретаријат. Јапонската мисија која треба еден месец  да престојува во Охрид, покажува сериозен пристап и интерес за доизградба на колекторскит систем, со средства од Јапонската Влада, објаснува Паноски. Додава дека интересот е обостран и веќе од наша страна биле изготвени апликациите. Ако се оди како што треба, парите за првата фаза може да ги очекуваме веќе во октомври, категоричен Паноски. „Сега очекуваме да се конкретизира финансиската помош. Она што сега...

Continue reading

geri

На геријатрија се бара кревет повеќе

Post Views: 3 На одделението за геријатрија се бара кревет повеќе. Брзото и новото темпо на живеење наметнува нови потреби на населението за лекување и нега од ваков тип на болничко сметување. На геријатрија во моментов располагаат со капацитет за сместување од 30 пациенти. Оваа бројка не ги задоволува потребите и барањата на граѓаните, вели директорот на Општа болница Љубен Арнаудов.  „Нашите анализи покажуваат дека во моментов на Охрид му се потребни од 70 до 100 болнички кревети. Посебно внимание водиме за пациентите на кои с ена лекување во геријатрија. Повеќето од нив се долго...

Continue reading

kostoski i blazeski

Соработка помеѓу ВМРО-Нарoдна и ЛДП на локално ниво

Post Views: 2 Веќе 2-3 месеци наназад во завршна фаза се напорите за формирање на трет блок, составен од  ВМРО-Нардона и Либерално демократската партија, Обединети за Македонија и Достоинство, објасни претседателот на ОК на ВМРО-Народна Ванчо Костоски. „Соработката помеѓу овие четири политички партии е во завршна фаза и една од активностите која беше соопштена на прес конференција на државно ниво ќе биде одржувањето на трибината во Охрид на 29.мај“ вели Костоски. Претседателот на О.О на ЛДП од Охрид, Дејан Блажески информира дека  жално е што треба да се става акцент на тоа дали партија...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top