Ознака: фаза

Заврши првата фаза на Еуро2016

Post Views: 6 Со натпреварите во групите Е и Ф завршен е првиот дел на Европското првенство во фудбал во Франција и познати се сите парови на првата нокаут рунда. По натпреварувањето во групи сега на ред се натпреварите во нокаут фазата со осминафиналиња која започнуваат во сабота. Во осминафиналните натпревари ќе се сретнат следните репрезентации: 25.06.2016 – Швајцарија – Полска (15.00), Велс – Северна Ирска (18.00) и Хрватска – Португалија (21.00) 26.06.2016 – Франција – Ирска (15.00), Германија – Словачка (18.00) и Унгарија – Белгија (21.00) 27.06.2016 – Италија – Шпанија (18.00)...

Continue reading

Жолта и портокалова фаза денес во Македонија

Post Views: 4 Времето денеска, како што соопшти Управата за хидрометеоролошки рабови (УХМР), ќе биде сончево и многу топло. Ќе дува умерен, на места повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 42 степени. УВ индексот ќе достигне 9. Дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината, поради што ќе биде активирана жолта, а во југоисточниот дел од земјата портокалова фаза за опасност од високи температури. Во Скопје и околината ќе биде сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен ветер од северен...

Continue reading

ДЕНЕСКА И ВО НАРЕДНИТЕ ДВА ДЕНА, ЦЕЛАТА ДРЖАВА ЌЕ БИДЕ ЗАФАТЕНА СО ТЕМПЕРАТУРИ ОД ЖОЛТА (АЛЕРТНА) ФАЗА

Post Views: 7 Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска и во наредните два дена, целата држава ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза. Под влијание на топол бран утре (вторник, 02.07.2019 година) и во среда (03.07.2019 година) максималните температури насекаде ќе бидат над 30, а на повеќе места ќе надминат и 35 степени. Зголемената влажност на воздухот ќе допринесе да се има чувство дека температурите се повисоки од измерените. Од среда до петок во попладневите часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Министерството за здравство...

Continue reading

Тргнува “чистилиштето” помеѓу најдобрите

Post Views: 8 Ако оваа сезона немаше немаше неизвесности и напнатост во натпреварите во групи во Лигата на шампиони тогаш очекувајте тоа да се случува на почетокот на нокаут фазата. Многумина тоа ќе го кажат дека конечно тргнува натпреварувањето на најдобрите европски клубови, бидејќи останаа 16 најдобри да одлучуваат за новиот првак на Европа. Утре се тргнува со два спектакуларни натпревари од осмина финалето. ПСЖ го дочекува Челзи на Паркот на принцовите, а ќе го видиме и Баерн на гостувањето во Л’вов кај Шахтјор. Во среда ќе ги гледаме Реал Мадрид кај Шалке и Порто на гостување...

Continue reading

Aleksandar Petreski

Втора фаза на децнетрализација да, но кога?

Post Views: 4 Поради блокираните сметки, 14 општини сеуште не можат да влезат во втората фаза од фискалната децентрализација. Градоначалниците се жалат дека не може да го планираат идниот развој на општините. Четиринаесет општини во земјава сеуште не можат да влезат во втората фаза од фискалната децентрализација. Причината лежи во блокираните сметки поради долгогодишните долгови на тие општини. Иако севкупно долговите на општините се намалени од 50 милиони на 12, некои општини се сеуште со врзани раце во однос на својот иден развој. Така барем ја опишуваат својата сегашна состојба...

Continue reading

Небесен ровер во атмосферата

Post Views: 1 Научниците планираат да дознаат повеќе за „сестринската планета“ на нашата, но за тоа би требало да користат летало кое го направиле инженерите на компанијата „Norhorp Grumman и L’Garde.  Venus Atmospheric Maneuverable Platform или VAMP, е голем, но изузетно лесен ровер на надувување, кој нема да има човечки екипаж и би требало да ја истражува атмосферата на Венера во тек на една година. VAMP е сеуште во фаза на дизајнирање, но по се изгледа нема да бара премногу компликувана технологија, велат истражувачите. Во орбитата на Венера ќе го однесе вселенско летало,...

Continue reading

Проектот „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓу-граничната област – CONSE PP“ во финалната фаза на имплементација

Post Views: 1 Проектот „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓу-граничната област – CONSE PP“ влегува во финалната фаза на имплементација. Главната цел на проектот е Заштита и конзервација на загрозени и автохтони видови флора во меѓу-граничната област, која ќе биде постигната преку приоритизација и конзервација на загрозените видови флора, развивање на структури за конзервација вклучувајќи и дигитални апликации и инфраструктури, како и подигнување на свеста со цел пошироко разбирање на важноста на одделните видови флора и нивниот биодиверзитет. Општината...

Continue reading

Завршена првата фаза од реконструкцијата на задружниот дом во село Требеништа, Општина Дебрца

Post Views: 4 Завршена првата фаза од реконструкцијата на Задружниот дом во село Требеништа и негова преадаптација во деловно- откупен и археолошко -изложбен центар. Во оваа фаза се изврши реконструкција на кровната конструкција, зајакнување на меѓукатната конструкција, поставување на нова дограма, изменување на распоредот во внатрешноста, таванската конструкција во приземјето, поставување на електричната инсталација и поврзувањето на водоводната мрежа и одведувањето на отпадните води, информира на својот фејсбук профил градоначалникот Зоран Ногачески. Вкупната вредност на работите...

Continue reading

ВО ЗАВРШНА ФАЗА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА „МАРКО ЦЕПЕНКОВ“

Post Views: 1 Во завршна фаза се градежните активности од проектот за реконструкција на улицата „Марко Цепенков“ на потегот од кружниот тек на улица „Момчило Јорданоски“ до пресекот со улицата „Прва Македонска ударна бригада“ кај „Стобекс“. Деновиве беше поставен завршниот асфалтен слој на коловозот, а претходно се изведуваа работни активности за поставување на нови рабници и поплочување на пешачката патека од едната страна на улицата. Во текот на наредниот период планирано е поставување на соодветна хоризонтална и вертикална сигнализација. Проектот за реконструкција на оваа улица...

Continue reading

Проектот за изградба на Регионална депонија е во напредна фаза

Post Views: 6   Регионалната депонија во Југозападниот плански регион, сеуште останува еден од најприоритетните проекти за реализација. Најитна работа која што треба да се направи за изградба на регионална депонија е да се одреди локација, вели Слаѓан Пенев, од организацијата Форум Центар за стратешки истражувања. Додава дека најинтересно е тоа што секоја општина лобира кај нив да биде изградена регионалната депонија бидејќи гледаат кои се предностите од тоа, што во минатото не беше случај. „Дали со Јавно приватно партнерство, дали само тоа ќе биде во сопственост на регионалните власти...

Continue reading

Температури од портокалова фаза

Post Views: 7 Северновардарскиот и охридско-преспанскиот регион денеска ќе бидат зафатени со температури од портокалова фаза, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Лекарите со препораки да се избегнува излегување во периодот помеѓу 11 и 17 часот, а доколку мора да излезат граѓаните да носат со себе шише вода и да носат светла облека за да се заштитат од штетните УВ-зраци.

Continue reading

Земјава со високи температури и портокалова фаза

Post Views: 2 Македонија од утре до сабота ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза. Од УХМР најавуваат дека температурата некаде ќе достигне и над 40 степени. Поради ова, Министерството за здравство препорачува од работни обврски да се ослободат бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години, а работодавачите да го реорганизираат работното време  со цел да се избегнуваат активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Се препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а во детските градинки да...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top