Ознака: училишта

Објавен конкурс за запишување ученици во средните училишта

Post Views: 4 Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во Република Македонија за учебната 2017/2018 година. Има вкупно 35.909 ученички места и тоа 25.127 на македонски наставен јазик, 9.830 на албански наставен јазик, 918 на турски наставен јазик и 34 на српски наставен јазик. Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 28 и 29 јуни 2017 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2017 година. Квалификациското тестирање ќе се организира во училиштата...

Continue reading

СЕ УРЕДУВААТ ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА „КОЧО РАЦИН“ И „ГРИГОР ПРЛИЧЕВ“

Post Views: 1 Деновиве со поддршка на општина Охрид се уредуваат основните училишта „Кочо Рацин“ и „Григор Прличев“. Со активностите е опфатено варосување на училниците и кабинетите, варосување на надворешните ѕидови и естетско уредување на училниците. После завршување на активностите за уредување на овие две училишта, ќе се продолжи со уредување на останатите основи и средни училишта во Охрид.

Continue reading

uciliste vo meksiko

140 училишта затворени во Мексико

Post Views: 5 Една недела по почетокот на учебната година во Мексико, наставниците одбија да доаѓаат на работа.Повеќе од 140 основни училишта во Акапулко се затворени поради заканите од страна на мексиканските нарко картели упатени до наставниците. Просветните работници се соочуваат со закани, изнуди и киднапирања, а и не се чувствуваат сигурно на своите работни места, што ги натера да ги напуштат училиштата. Повеќе од 20 илјади луѓе загинаа во војната со нарко картелите во Мексико во последните пет години. Минатата година беа убиени над 11 илјади луѓе, по што претседателот Фелипе...

Continue reading

Донација од „Кармен Бауцентар“ за охридски училишта

Post Views: 0 Основните училишта “Св. Климент Охридски” – Охрид, “Григор Приличев” – Охрид, и “Св. Наум Охридски” – с.Коњско ќе се подноват со ламинатни подови. Компанијата „Кармен Бауцентар“ донираше квалитетен ламинат за 10тина училиници и други простории во овие училишта. „Мотив за реализирање на оваа донација ни беше потребата за подобри услови за настава на најмладите. Овој пат ,  во рамките на нашите можности, донираме ламинатен под од брендот “Swiss Krono”. “Кармен Бауцентар” како општествено-одговорна компанија по договор со Општина Охрид и одлуката на 44тата седница на Советот,...

Continue reading

Во понеделник квалификациско тестирање за упис во средните училишта

Post Views: 5 Јавните средни училишта во кои се пријавени поголем број ученици со ист број поени од предвидениот во Конкурсот за запишување ученици во средно образование за учебната 2020/2021, ќе организираат квалификациско тестирање на 22 јуни со почеток во 10 часот. – Учениците кои се пријавиле за гимназиско образование (за сите подрачја) ќе бидат тестирани по наставниот предмет математика и по македонски, албански, турски, односно српски јазик, зависно од тоа на кој јазик ја следеле наставата во основното образование, соопшти Министерството за образование и наука. За учениците...

Continue reading

СТРУЧНИТЕ УЧИЛИШТА СО СОВРЕМЕНА ПРОМОЦИЈА ЗА ИДНИТЕ СРЕДНОШКОЛЦИ

Post Views: 0 Пред овогодинешниот прв уписен рок во средните училишта, дел од стручните училишта во Општина Охрид преку современа промоција и кампања, ги информираат идните средношколци за наставните програми и образовните профили. Од ОУТУ „Ванчо Питошески“ со порака до идните средношколци да вложат во својата иднина и да изберат стручно усовршување со кое ќе бидат конкурентни на пазарот на труд. Од СОСУ „Кирил и Методиј“ упатуваат порака до идните средношколци да се одлучат за стручно образовение, преку практична настава, проекти и современа програма. Првото пријавување ќе биде на...

Continue reading

Со посебни протоколи за заштита, во Основните училишта во Охрид од денеска започнаа уписите на првачињата

Post Views: 0 До 30ти јуни ќе се запишуваат околу 600 ученици во прво одделение за учебната 2020/2021 година, според реонската припадност. Според протоколот, уписите се спроведуваат во термин утврден од Комисија за запишување ученици формирана од директорот на училиштето. Поголемите основни училишта во текот на овој месец ќе бидат зафатени со уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година, според реонската припадност. Овој месец во едно од најголемите училишта во нашиов град ОУ „Григор Прличев“ треба да се запишат 157 ученици. Наместо во мај, како што е утврдено во Законот за основно...

Continue reading

Објавени конкурсите за упис во средните училишта

Post Views: 17 Објавени конкурсите за упис во сите средни школи. Пријавувањето за првиот јунски уписен рок ќе почне на 16 и 17 јуни. Резултатите од запишаните ученици , но и слободните места ќе бидат објавени на 18 јуни. Основците ќе може да изберат каде да го продолжат школувањето и во едно од 4 средни училишта во Охрид. Во охридската гимназија Св. Климент Охридски во прва година во првиот уписен рок ќе може да се запишат 272 ученици. Во насоката гимназиско образование се предвидени 8 паралелки и тоа во јазично-уметничко подрачје, општествено-хуманистичко подрачје и природно-математичко...

Continue reading

Првачињата во основните училишта ќе се запишат во месец јуни

Post Views: 2 Од локалната самоуправа информираат дека запишувањето на првачињата во новата учебна година ќе се врши во месец јуни. Согласно Уредба со законска сила за измена и дополнување на уредбата со законска сила за примена на Законот за основно образование за време на вонредна состојба и насоките од Министерството за образование и наука, запишувањето на децата во прво одделение во основно училиште за учебната 2020/2021 година ќе се реализира во месец јуни,2020 година, информираат од локалната самоуправа.

Continue reading

Охридските основни училишта ги чекаат смарт таблите

Post Views: 12 Модерната технологија која се воведува во основното образование од прво до четврто одделение полека ги заменува зелената табла, кредата и сунѓерот, со смарт табли. Во рубриката Ти Си Твојот Град, родителите кои ги пополнија анкетните прашалници за состојбите во образованието имаат забелешки за опременоста на училиштата со нагледни средства, пред се со интерактивни табли.  Во време на дигитализација смарт таблите се од големо значење за интерактивност помеѓу наставниците и учениците во совладување на наставата и проверка на знаењата, децидни се наставниците. Охридските...

Continue reading

Сите ученици неможат да следат online настава во охридските основни и средни училишта

Post Views: 2 Во општините Охрид и Дебрца има основци и средношколци кои не можат да си дозволат следење на online настава. Причините се различни, учениците не можат да си дозволат компјутери, смарт телефони или интернет пристап и не се вклучени во вонредниот наставен процес. Повеќето од нив се од семејства во социјален ризик, но има и такви каде што родителите се немарни. Во Средното угостителско училиште Ванчо Питошески 15 проценти од нивните ученици немаат пристап до интернет за да се вклучат во вонредниот порцес на настава. Станува збор за 30 ученици од различни класови кои во...

Continue reading

Во вонредни услови започна да функционира за сите училишта првата националната програма за далечинско учење

Post Views: 9 Од денес започна да функционира за сите училишта националната веб платформа за образование. Досега, наставницте од средните и основните училишта изведуваа интернет настава индивидуално прилагодена секој како знае и умее. ТВМ Телевизија ги контактираше директорите на неколку основни и средни училишта како ќе се одвива наставната програма и отценувањето на знаењето на учениците во овие вонредни услови. Сите ги очекуваат препораките на МОН и Бирото за развој на образованието. „Размислуваме да одржиме наставен совет преку on -line платформата и ќе ги слушнеме искуствата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top