Објавен конкурс за запишување ученици во средните училишта

Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во Република Македонија за учебната 2017/2018 година.

 |   | 

Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта во Република Македонија за учебната 2017/2018 година.

Има вкупно 35.909 ученички места и тоа 25.127 на македонски наставен јазик, 9.830 на албански наставен јазик, 918 на турски наставен јазик и 34 на српски наставен јазик.

Првото пријавување и запишување на учениците во јунскиот уписен рок се врши на 28 и 29 јуни 2017 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2017 година. Квалификациското тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 3 јули 2017 година, а резултатите ќе се објават на 4 јули 2017 година. Проверката на знаењата на учениците од заедниците ќе се реализира на јазикот на кој што ученикот ја следел наставата во основното училиште. Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се врши на 5 јули 2017 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 6 јули 2017 година.

Пријавувањето и запишувањето на учениците во августовскиот рок се врши на 24 август 2017 година, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 25 август 2017 година.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top