Ознака: универзитетот

lazgo

Луѓето што лажат живеат пократко

Post Views: 6   Научниците од Универзитетот од Нотр Дам трвдат дека искрените луѓе живеат подолго и се склони на помалку болести одколку оние кои секојдневно лажат. Секој од нас излажал за нешто барем неколку пати во животот.Сите знаеме дека е неопходно во некои ситуации да се излаже за да не настане некој голем проблем.Но секојдневното лажење нека не биде ваш составен дел од животот. Таканаречените “бели лаги” иако се чинат безначајни, сепак преобличувањето на вистината всушност може да му штети на физичкото и менталното здравје.Утвредно е дека после секоја кажана лага...

Continue reading

taga

Македонците меѓу најнесреќните на светов

Post Views: 4 Според истражувањата на Универзитетот „Колумбија“ од САД, Македонија се најде на 127 место од вкупно 156 светски држави според присуството на среќа во државата. Според истражувањето, од бившите југословенски републики кои биле дел од истражувањето, Словенија се наоѓа на 49 место, па следува Хрватска на 58 позиција, Србија и БиХ се далеку под нив, додека убедливо најлошо на Балканот котира соседна Бугарија, која е меѓу десетте најнесреќни држави. Нашиот јужен сосед, Грција иако е на работ на егзистенција се наоѓа на 42 место, додека Шпанија, во која секојдневно има протести,...

Continue reading

Во кафето пронајден нов протеин кој има учинок сличен на морфиумот

Post Views: 0 Кафето содржи протеин со учинок кој е сличен на морфиумот и неговото времетраење е подолго од него, откриле научници од Универзитетот во Бразилија и бразилската државна компанија за земјоделски истражувања Embrapa, пренесува RT. За време на истражувањето кое го водел Felipe Vinecky пронајден е досега непознат фрагмент на протеин, пептид, кој како и морфиумот има аналгетички и седативни својства. Тестирањето на лабораториски глувци покажало дека новопронајдената супстанца има времетраење до 4 часа, а не се забележани никакви нуспојави. И универзитетот и Embrapa поднеле...

Continue reading

couple

Среќата по 45-тата почнува

Post Views: 4 И покрај мислењето дека луѓето со стареењето стануваат мрзеливи, најновото истражување на Универзитетот „Ворвик“ покажува дека луѓето по 45-тата година се чувствуваат посреќни. Средовечните испитаници изјавија дека со годините квалитетот на нивниот ментален живот им се подобрил иако физички се чувствуваат лошо. За потребите на студиите испитани се 10.000 луѓе, а фокусот на истражувањата бил нивниот начин на живот, менталниот и физичкиот квалитет на живот при што се земени во предвид општата здравствена состојба, општественото функционирање, менталното здравје и прагот...

Continue reading

diplomci UINT

Доделени дипломите на втората генерација дипломци од Универзитетот Св. Апостол Павле

Post Views: 8 45 студенти од втората генерација на универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ денес ги добија своите дипломи. Доделувањето на дипломите беше навистина посебно доживување и за првиот воопшто магистрант на овој универзитет, м-р Љупчо Балески кој магистрирал на студиите за информатички науки и технологии. Денешната свечена церемонија на доделување на дипломите воедно претставуваше и топло добредојде за новозапишаните студенти кои ги поздрави и заменик-министерот за образование, Спиро Ристовски. Според ректорот на универзитетот, Нинослав Марина,...

Continue reading

uist

Голем интерес кај дипломираните средношколци за упис на универзитетот „Св.Апостол Павле“

Post Views: 1 Рекорден број на запишани студенти во првиот уписен рок на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“. Таму бележат пораст од 30 проценти запишани студенти, а според интересот кој бил покажан кај дипломираните средношколци, од универзитетот велат дека очекуваат ваквите бројки да се повторат и во останатите уписни рокови. „Најголем интерес имаше на програмата за компјутерски науки и инженерство, тоа е таа општа програма што ја имаме, а воедно на неа имаме уште отприлика девет слободни места и тоа во квотата со кофинансирање. Значи пополнета е...

Continue reading

hrana

Зошто храната подготвена со љубов е повкусна?

Post Views: 7 Храната, во чија подготовка готвачот вложил труд и нежност, навистина има подобар вкус, открива студијата на Универзитетот Мериленд, пренесува Daily Mail. Каков е вкусот на храната зависи за тоа како ги перцепираме луѓето кои ја подготвиле. Поради тоа вас ве воодушевува кулинарската умешност на семејството и пријателите, а тоа говори за вашата длабока врска со нив, тврдат научниците. – Начинот на кој ги толкуваме намерите на одредени луѓе ги менуваат нашите физички чувства. Добрите намери можат да ја ублажат болката и да го зголемат задоволството, а поради нив...

Continue reading

lowband internet

Автомобилите кои комуницираат меѓу себе – дел од иднината на интернетот

Post Views: 2 Автомобили кои ќе комуницираат помеѓу себе преку ултра-стабилен безжичен интернет и масовна комуникација со сензори преку Интернет. Ова е иднината на Интернетот каква што ја замислува Петар Поповски, професор на Универзитетот во Алборг, Данска на одделот за електронски системи. Поповски кој е родум од Охрид, повеќе од 15 години  работи на полето на телекомукациските системи, а неговата истражувачка работа штотуку доби високо признание со добивањето на средства од Европскиот совет за истражување (ERC – European Research Council) во форма на грант за консолидатори...

Continue reading

torta

Јадете помалку и ќе го забавите стареењето

Post Views: 12 Заборавете на затегнувањето на лицето, магичните третмани и ботоксот, бидејќи ако сакате да го забавите процесот на стареење треба само да јадете помалку – предлагаат научниците од Универзитетот Готенбург. Тие откриле дека намалениот број на калории може да помогне во подолгото одржување на младоликоста, но и при превенција на некои старосни болести, како што се сенилноста, ракот и дијабетесот тип 2. Намалениот внес на калории помага при зголемувањето на нивото на ензимот Prx1 (peroxiredoxin) кој ги забавува ефектите на стареењето. Формулата против стареење е...

Continue reading

ftu

ФТУ: Државен испит за студентите дури по завршувањето на студиите

Post Views: 2 Било какво тестирање на студентите да се прави дури по завршувањето на нивните студии и истото да не го спречува нивното дипломирање. Ова е ставот кој Наставно-научниот совет на Факултетот за туризам и угостителство го проследи до Универзитетот „Свети Климент Охридски“ под чија капа се наоѓа, а кој истиот треба да го препрати до Министерството за образование. Нивното изјаснување по однос на предлогот за воведување на државен испит за студентите доаѓа откако неофицијално, министерството побарало од високообразовните институции од земјава да се произнесат по овој предлог. „Наставно-научниот...

Continue reading

лого

Отворена недела на едукација за компјутерската наука на УИНТ „Св. Апостол Павле”

Post Views: 36 На иницијатива на студентите, во период од 9 – 12 декември  во просториите на Универзитетот по втор пат ќе се одржи ,,Отворена недела на едукација за компјутерската наука”. Во рамките на Отворената недела секојдневно со почеток во 18:00 часот, студенти на Универзитетот ,,Св. Апостол Павле” ќе држат предавања во времетраење од 60 минути на тема ,,Основи на компјутерско програмирање”. Ги покануваме заинтересираните граѓани да дојдат, да научат и да го разбудат сопствениот интерес за програмирањето и компјутерските науки. Отворената недела  се одржува...

Continue reading

den drvo akcija

Универзитетот Свети Апостол Павле се вклучи во акцијата „Ден на дрвото“

Post Views: 1 Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле“ од Охрид, ја поддржа и активно се вклучи во акцијата за пошумување, во рамките на иницијативата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“. Веќе традиционално, интернационалните и домашните студенти наставно научниот и административниот кадар на Универзитетот, засадија зимзелени дрвца во дворот на Универзитетот.  „Со задоволство ги засадивме овие дрвца, Денот на дрвото преставува одлична прилика да инвестираме во нашата иднина и да испратиме порака дека мора да постои рамнотежа помеѓу развојот на...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top