Ознака: туризам

pres sdsm

Зошто туризмот трпи-одговорија од СДСМ – Охрид

Post Views: 0 На секој сегмент на туризмот охридските социјалдемократи најдоа дамка. Без перде и без влакна на јазикот тие на денешната прес конференција го пренесоа својот партиски став за моменталната состојба на туризмот кај нас. Сите критики беа упатени на адреса на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот и актуелната Влада на ВМРО – ДПМНЕ. Портпаролот на СДСМ, Ана Николовска, рече дека „развојот на туризмот со ваква сообраќајна инфраструктура е само огледало за неспособноста на Агенцијата за промоција и подршка на развој на туризмот да се справи со еден од многуте реални...

Continue reading

turizam

Рецепти за спас на туризмот

Post Views: 9 „Генeрално развивање на туризмот е клуч за излез од моменталната состојба во која се наоѓа оваа важна стопанска гранка“. Ова е ставот на Европската бизнис заедница која беше организатор на денешната трибина што се одржа во Охрид. Примарна цел на овој настан беше да се поттикнат сите мали претприемачи и малите бизниси за да продолжат со својот развиток како би се постигнала вистинската цел, смета извршниот директор на ЕБА, Димитар Ристовски. Ристовски иако кажа дека е задоволен од одзивот на младите кои се заинтересирани за потикнување на туризмот, овој впечаток не беше...

Continue reading

kaneo

Старо-нова рекламна кампања за спас на македонскиот туризам

Post Views: 1 Билборди со убавините на земјава ќе красат неколку главни градови од соседниве земји и за прв пат, Москва. Директорот на Агенцијата, Стрезоски убеден во ефикасноста на овој вид на промоција. Резултатите ќе ги почувствуваме но, за 2-3 години. Осоколени од успехот на минатогодишната слична ваква кампања, од Агеницијата за промоција и развој на туризмот и оваа година со поставување билборди во неколку главни градови од соседниве земји ќе ја промовираат Македонија. За Директорот на Агенцијата Зоран Стрезоски минатогодишниото зголемување на бројот на странските туристи од...

Continue reading

naslovna

Каков туризам сакаме

Post Views: 15 На прсти може да се избројат агенциите кои носат туристи во државава и градов. Наспроти тоа се побројни се оние кои организираат тури во странство. Каков туризам развиваме и до кога домашните пари ќе завршуваат во туѓи џебови, а странски кај нас нема ни за лек. Туристичките агенции во Македонија во последно време се повеќе организираат тури во странство, а се помалку носат гости кај нас. Наместо во земјава да се влеваат странски средства, нашите завршуваат кај соседите или во некоја подалечна дестинација. Се помалку агенции се занимаваат со „incoming“ туризам. Туристичките...

Continue reading

ohrid

Грција со ултиматум и врз туризмот

Post Views: 1 Надежта последна умира. Туристичките работници од градов, а и пошироко сметаат дека и покрај големиот број песимистички најави ќе имаме успешна туристичка сезона. Тие сериозно се зафатија за работа сакајќи во Охрид повторно да ги вратат гостите од соседна Србија. За таа цел во нашиов град пристигнаа српски туроператори и еминентни новинарски куќи за да им се покаже дека Охрид е подготвен за туристичката сезона. Перо Јакимовски, сопственик на туристичка агенција, вели дека преку годината се прават сериозни напори што поголем број туристи да дојдат и да го посетат градов....

Continue reading

turist

Нова трибина, стари проблеми во туризмот

Post Views: 0 Пред стартот на туристичката сезона се одржа нова трибина на која се изнесоа добро познати, стари проблеми, поради кои туризмот во Охрид со години наназад тапка во место. Присутните ја кажаа секој својата мака. Проблемите кои го кочат развојот на туризмот се изнесуваат теоретски, а никој не кажува како практично да се решат, недостасува меѓусебна комуникација  истакна Горан Устијаноски, капетан и туристички водич. Посочи дека градот нема јавни тоалети, патоказни табли, Музејот на вода е без пристаниште,  нема бродска линија Охрид-Струга, Струга- Охрид и Струга-Св. Наум....

Continue reading

Patcev

Ако ги намалиме цените од Охрид ќе направиме детска градинка

Post Views: 2 Охридските угостители оптимистички очекуваат добра туристичка сезона –  ако тоа се гледа по посетеноста на Охрид за Велигденските празници. И покрај сите случувања, има туристи и гости кои го сакаат Охрид, истакнува угостителот Љупчо Патчев.Тој ги демантира тврдењата дека Охрид е скапа туристичка дестинација. Тие  не размислуваат за намалување на цените и велат нема од Охрид да направиме детска градинка. „Јас мислам дека Охрид не е скап. Aко направиме поевтини цени, тогаш од Охрид ќе направиме детска градинка на Македонија. Ќе го уништиме и оној туризам што го...

Continue reading

kineska turistka

Chinatown во Македонија

Post Views: 17 Претставници на кинеските туристички агенции и медиуми денес во посета на Охрид. Тие ќе остварат и работна средба со сопствениците на локалните хотели и туристички агенции. Оваа посета е организирана од Агенцијата за промоција и развој на туризмот со цел да им помогне на туристичките работници од Охрид, да ја надминат неповолната состојба во која се наоѓа охридското туристичко стопанство.   Кинезите заинтересирани за Охрид. Петнаесет претставници на кинески туроператори и претставници на шест медиумски куќи, имаа можност да се запознаат со културното наследство и убавините...

Continue reading

subvencii

Охридските субјекти незаинтресирани за субвенции на туризмот

Post Views: 2 Само две апликации од Охрид стасале на адреса на Министерството за економија на повикот за субвенионирање на бизнис форуми и манифестации од областа на туризмот. Со 1.000.000 денари ресорното министерство ќе ги поддржува манифестациите кои се значајни за потикнување и развој на туризмот. Право на поднесување на предлози и програми за активностите и бизнис план  за субвенционирање имаа правните лица, владините и невладините организции од областа на туристичкото стопанство објаснуваат од ресорното министерство.   Од друга страна двете апликации покажуваат дека интересот...

Continue reading

skrebatno

Во Скребатно добро се живее

Post Views: 5 На десеттина километри од Охрид, по стрмна планинска патека се наоѓа селото Скребатно. Денеска во него постојано живеат 4-5 семејства. Од куќите останати се петнаесеттина а има и неколку викендички. Мештаните веќе почнаа со засадување на земјоделските култури. Тие велат дека Господ има ставено рака на овој дел. Многумина од нив се сеќаваат како било некогаш.Скребатно овој период оживува. Секој што има градина ја обработува бидејќи има добри услови за тоа, вели Ѓорги Гогачески. Тој додава дека Скребатно е најпосетено за време на викендите најмногу поради црквата Св. „Богородица“.Селото...

Continue reading

Krombah

За добра туристичка понуда треба повеќе од субвенции

Post Views: 0 Македонија со скромен штанд ке ја  презентира својата туристичка понуда на најголемиот светски саем на туризам годинава во Берлин. Централната промоција на Македонија со музика, вино и специјалитети е закажана за утре напладне!Презентација на нашата туристичка понуда на најголемиот саем за туризам кој годинава се одржува во Берлин- Германија, многу скромна. Ова е констатација на  Волтер Кромбах, ветеран во германската бранша на туризмот.Кромбах кој воедно е и  раководител на Вили Шарнов-фондацијата за туризам која веќе прави напори да и помогне на Македонија да се пробие...

Continue reading

saem

Србите и годинава најбројни на охридскиот брег

Post Views: 2 Презентиран македонскиот туристички потенцијал на 32-от  Меѓународен саем за туризам во Белград што се одржа од 24-28 февруари. На штандот-Macedonia Timeless беа претставени езерскиот и културниот туризам, и природните реткости. Штандот на Р.Македонија беше еден од најпосетените, а над 20 000парчиња промотивен материјал беше поделен на присутните посетители, информира директорот на Агенцијата за поддршка и развој на туризмот, Зоран Стрезоски. Над  50 туристички агенции, хотелиери и сопственици на приватно сместување од Македонија беа присутни на саемот и остварија непосредни...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top