Рецепти за спас на туризмот

„Претприемништвото како фактор за развој на туризмот“, тема на денешната трибина која се одржа во Охрид. Се што досега било кажано за правилен развој на туризмот во рок од пет години останало само на хартија, сметаат експертите по туризам.

 |  Билјана Николовска  | 
turizam
туризам

tribina za spas na turizam„Генeрално развивање на туризмот е клуч за излез од моменталната состојба во која се наоѓа оваа важна стопанска гранка“. Ова е ставот на Европската бизнис заедница која беше организатор на денешната трибина што се одржа во Охрид. Примарна цел на овој настан беше да се поттикнат сите мали претприемачи и малите бизниси за да продолжат со својот развиток како би се постигнала вистинската цел, смета извршниот директор на ЕБА, Димитар Ристовски. Ристовски иако кажа дека е задоволен од одзивот на младите кои се заинтересирани за потикнување на туризмот, овој впечаток не беше и наш бидејќи во општинската сала имаше едвај дваесеттина заинтересирани.
Професор Д –р Сашо Коруноски од ФТУ- Охрид верува дека охридскиот регион брзо ќе се адаптира на новите промени кои интензивно се случуваат  во пресрет на туристичката сезона. Коруноски смета дека сега е момент кога мора правилно да се одговори во насока на придобивање на поголем број туристи и интензивирање на туристичките посети. Тој потенцира дека сеуште има надеж за нас.
Градоначалникот на Охрид Александар Петрески признава дека минатата година беше потфрлено на полето на туризмот, што доведе до непосакувани резултати. За годинава Петрески е оптимист.
tribina

Нападнат за неговата работа со новинарско прашање  беше директорот на Агенцијата за промоција и развој на туризмот, Зоран Стрезоски. Тој енергично одговори дека фактите кажуваат за работењето на оваа агенција и дека негативните коментари доаѓаат од луѓе кои лечат фрустрации за она што кога тие биле на позиција не успеале да го направат.
Реакција следуваше и од сеуште одговорниот на ХОТАМ, Дончо Танески. Иако веќе подолго време Танески не е сопственик на хотелски објект, тој и понатаму ги застапува хотелиерите од градов. Танески даде изјава за веќе познатите состојби во туризмот, но избегна да одговори на новинарско прашање, кое се однесуваше на тоа кој е неговиот став за работењето на Агенцијата за подршка и развој на туризмот.
Експертите по туризам сметаат дека нивните знаења не се доволно искористени за развојот на оваа гранка. Тие напоменуваат дека главните активности треба да ги превземат оние кои што се активно вклучени во туризмот, но сепак нудат отвореност и максимална соработка.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top