Ознака: „трудбеник“

Започна со работа реновираниот Тинекс маркет во ТЦ Трудбеник

Post Views: 5 Повторно е отворен реновираниот Tinex маркет во Охрид, кој се наоѓа во склоп на  ТЦ „Трудбеник“. Денеска маркетот ги прими првите муштери во новиот модерен амбиент со запазување на сите препораки од здравствените власти како потсетување на потрошувачите за задолжително носење маски и средство за дезинфекција на влезот, обележани растојанија од 2 метри со лепенки на подот и заштитени вработени.   „По повод повторното отворање на реновираниот маркет направивме ексклузивни акции , големи попусти и промоции кои важат само за овој маркет. Ги повикуваме жителите на Охрид...

Continue reading

Започна извршување на имотот на ГП Трудбеник каде Фибула ер Травел ќе гради брендирани хотели

Post Views: 1 Утрово започна постапката за извршување на  правосилна пресуда за отстранување на објектите и стварите на ГП Трудбеник од локацијата кај каналот Студенчишта. Тука компанијата Фибула ер Травел според договорот од 2011 година за купопродажба на државното земјиште треба да изгради два хотели од светски бренд. 9 години низ судски спорови со Трудбеник, Фибула се обидува да го добие во владение земјиштето. На Трудбеник  му истече рокот за доброволно иселување и од тие причини моравме да пристапиме кон извршување и преземање на површините што е неопходно за понатаму да почне...

Continue reading

sporni stanovi

Нова закана од извршител за станарите од „Карпош Војвода“

Post Views: 11 И после една година останува неизвесна битката на пет охридски семејства за нивните станови на ул „Карпош Војвода“.  Правната голгота на овие семејства која започна минатата година поради имотно правен спор  помеѓу Агенцијата за стопанисување со станбен и деловен простор од интерес на РМ и АДГ Трудбеник продолжува. Иако тие по судски пат ја докажаа сопственоста врз становите  сега извршителот им се заканил со ново насилно попишување на истите. Денес тие јавно запрашаа, до кога ќе трае малтретирањето од страна на извршителот на АД за стопанисување со станбен простор,...

Continue reading

spor karpos

Имотот кој што ГФ „Трудбенк“ и го понуди на Агенцијата за стопанисување со стамбен и деловен простор, неприфатлив

Post Views: 4   Имотот кој што ГФ „Трудбенк“ и го понуди на Агенцијата за стопанисување со стамбен и деловен простор за неа е неприфатлив. Имено во саботата првиот човек на Агенцијта Цветко Грозданов оствари средба со сопственикот на Градежната фирма Трудбеник, Ацо Спироски со цел да се изнајде некакво најбезболно решение за охриѓаните чии што станови се предмет на извршна постапка поради наплатен долг на „Трудбеник“ кон Агенцијата за стопанисување со стамбен и деловен простор. На средбата Спироски понудил неизградено градежно земјиште кое што според Грозданов не може да биде гаранција...

Continue reading

spor karpos

Грозданов: Ако Трудбеник не плати ги земаме становите

Post Views: 1 Само цврста гаранција на Градежната Фирма  Трудбеник може да ги куртули охриѓаните чии што станови се предмет на извршна постапка во наплата на долг кон АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор. Првиот човек на АД Цветко Грозданов спремен е да направи мал попуст или повлекување доколку фирмата Трудбеник гарантира дека во одреден временски рок ќе го плати долгот кон АД, но не и да се откаже од заземањето на становите како дел од единствениот имот на Трудбеник со кој може да се подмири долгот. „Би сакал да ги убедам граѓаните кои што се засегнати во...

Continue reading

spor karpos

Додека двајца се караат третиот трпи

Post Views: 2 Пет стана на охриѓани на ул „Карпош Војвода“  заглавени во имотно правен спор кој се води помеѓу АССДП од интерес на РМ и АДГ Трудбеник. Како што кажаа засегнатите станари неколку месеци наназад живеат под закана за присилно иселување на како што велат, еден крајно некоректен и дрзок начин од страна на извршителот Душан Филиповиќ. Тие тврдат дека становите се нивна приватна сопственост и целосно се откупени од Трудбеник за што ја имаат потребната документација. Тие порачаа двете страни да си го решат спорот без непотребно да ги инволвираат фамилиите од 5 те спорни станови. „Проблемот...

Continue reading

pristaniste

Пристаништето наспроти хотелот Палас се распаѓа пред очите на надлежните

Post Views: 8 Бранoвите, високиот водостој на езерото и ветровите комплетно го разурнаа пристаништето наспроти хотелот Палас. Зачудува фактот што никој од надлежните не реагира и не превзема ништо да го сочува или да го реконструира она што остана од некогашното пристаниште. Барајќи кој ја има надлежноста на пристаништето се обративме до Охридската капетанија, како институција која стопснисува со пристанишатта во Р Македонија. Капетанот кој е на службено патување во Хрватска ни кажа дека во Охридската капетанија нема документација која докажува кој е сопственик на пристаништето....

Continue reading

Sotir Filevski

Експертизата за несреќата на бродот „Илинден“

Post Views: 31 Која е причината за најголемата бродска несреќа во Македонија? Дали станува збор за човечки или за технички фактор? Дали на одговорност за оваа несреќа се повикани сите релевантни инстиуции и дали товарот на вината може да се препише само на едно лице?  Денес, пред основниот суд во Охрид, се направи обид да се одговори само на дел од овие прашања, додека за останатите, ќе треба да почекаме. Денес во Основниот суд во Охрид, продолжи доказната постапка, за случајот со пловидбената несреќа на бродот „Илинден“, со распит на сведокот Љупчо Поп – Стефанија, како и професорите...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top