Ознака: тие

Супербогат шеик бара 60 млади и згодни девојки за работа

Post Views: 0 Млади, згодни и модно информирани девојки, овие денови  имаат прилика, во Италија, да се пријават, по мислење на многумина , за работа од соништата. 1 април низ Венеција почнала да кружи приказна како некој супербогат шеик вработува 60 млади и атрактивни жени, кои имаат завидни “шопинг” способности. Иако се чинело дека се работи за првоаприлска шега, сепак веста била вистинита. Имено, тој супербогат шеик бил Rashid bin Saeed Al Maktoum, владетелот на Дубаи и барал асистентки за купување за своите бројни сопругии деца. Барал Италијанки поради нивниот смисол за мода, а...

Continue reading

Чувале милион динари за црни денови

Post Views: 3 Брачен пар од Туропоље не ја шокирал само фамилијата туку и цел регион давајќи им на своите деца 1,2 милиони стари динари (денешни околу 50.000 евра) кои како што велат ги чувале за црни денови чувајќи ги во перница и незнаејќи дека денес тие пари не вредат ништо, пренесува загрепски Вечерњи лист. Слушајќи ги синот и снаата како разговараат за црни денови, кои се реалност бидејќи не примале плата со месеци, а жетвата морале да ја извршат навреме, 90 годишниот Стјепан Ивчинец ја повикал својата 85 годишна сопруга Ката да му ја донесе неговата перница од која со години...

Continue reading

Lufthansa откажува 3800 летови

Post Views: 5 Германската воздухопловна компанија Lufthansa објавила денес дека откажува 3800 летови, од среда до петок, поради тридневен штрајк на пилотите а во врска со преговорите за плати. Откажаните летови требаше да пренесат вкупно 425.000 патници, прецизирала компанијата и додала дека тие денови во редот на летање ќе останат само 500 летови. Пилотите на на Swiss, Austrian Airlines, Eurowings, Lufthansa City Line, Air Dolomiti и Brussels Airlines не се опфатени со штрајкот иако Lufthansa поседува 45% во овие компании. Компанијата предвидува дека каде што ќе биде можно најголемите...

Continue reading

Годишниот буџет на мафијата

Post Views: 5 Годишната пресметка на организиран криминал во Италија е поголем од пресметките на Европската унија, со поголема сума потрошена надвор од Италија, објавило италијанското министерство за надворешни работи. “Годишниот буџет на организиран криминал преминува 200 милијарди евра”, рекол Џовани Брауци, директор на одделот за безбедност во министерството, додавајќи дека од тие пари само 10% остануваат како инвестиции во Италија, а остатокот во земјите низ Европа и светот. “Секаде имаат добри пријатели”, рекол Брауци. За споредба, буџетот на ЕУ за 2014 година изнесува 140 милијарди...

Continue reading

Тојота ќе плати 1,2 милијарди долари

Post Views: 3 Американските власти четири години воделе истрага околу техничките грешки во возилата на Тојота кои би можеле да бидат поврзани со сообраќајните несреќи во 2010 година во САД. Поради тие технички проблеми Тојота мораше да повлече 10 милиони возила. Возилата имале проблем со сопирачките, педалите за гас и подметнувачите кои беа причина за заглавување на педалата за гас. Тојота беше обвинета дека ги минимизирала тие проблеми. Со постигнатиот договор јапонската компанија ќе избегне кривично гонење. Американскиот државен обвинител Ерик Холдер рекол дека Тојота “намерно прикривала...

Continue reading

Измамниците не седат со скрстени раце

Post Views: 0 Кога се појавуваат потенцијални катастрофи, на измамниците можат да им донесат големи заработки. Додека и понатаму се трага по авионот на малезиската авио-компанија кој мистериозно исчезна пред десетина дена, некои измамници одлучиле да ја искористат оваа прилика и да заработат пари ширејќи линкови со лажни вести за тоа дека авионот е пронајден. Станува збор за слично сценарио како и порано во разни трагедии, како што беа цунамите во Јапонија или земјотресот на Филипини, кога по интернет се проширија лажни линкови со наводни вести поврзани со овие трагедии (наместо вести,...

Continue reading

Откриена причината за необјавување на фотографиите

Post Views: 4 Се чини дека конечно е откриена правата вистина зошто не се објавени фотографиите од убиството на Осама бин Ладен. Накраткo по акцијата на американската специјална служба SEAL, не останало ништо за фотографирање. Новиот извештај на SOFREP, интернет страна посветена на американските специјални единици, фрла ново светло на прашањето зошто фотографиите од убиството не излегле никогаш во јавност. Неименуван извор од специјалните единици наведува дека тие фотографии би прикажале прекрвави детали и дека американските специјални единици, спротивно од службените извештаи, во...

Continue reading

Хемикалиите од амбалажите штетни?

Post Views: 6 Забрзаниот начин на живеење ги принудил луѓето да конзумираат храна од разновидни пакувања кои се направени од широк спектар на синтетички хемикалии. Со време, споевите од амбалажата завршуваат во храната која луѓето ја конзумираат а кои можат да доведат до акумулирање на токсини во организмот. Студијата објавена во списанието „The Journal of Epidemiology and Community Health” предупредува на потенцијалните штетни ефекти, кои долгорочните споеви на храната со амбалажата можат да ја имаат, по здравјето. Некои од тие контроверзни хемикалии се формаладехиди,фталати, бисфенолА...

Continue reading

polarna mecka

Има или нема климатски промени?

Post Views: 28 Нема место за дебата.Климатските промени се реални и ни се случуваат. А човештвото е делумно виновно за тоа. На светскиот ден на поларната мечка, една од животинските врсти најмногу погодена од климатските промени, помеѓу научните експерти постои 97 проценти консензус дека луѓето го предизвикуваат глобалното загревање. Сепак некои многу гласни Американци продолжуваат да дебатираат за тоа што е со сигурност факт. Прашањето е: зошто?Се разбира, довербата има голема улога. Според Гордон Гошат, вонреден професор по социологија од Универзитетот во Висконсин, само 42 проценти...

Continue reading

demonstracii

„Ден на гневот“ во Франција

Post Views: 0 Повеќе илјади луѓе протестираа во Париз во неделата на повик на организацијата „Ден на гневот” против политиките на претседателот Франсоа Оланд. Според процените на париската полиција на протестот се собрале околу 17 илјади луѓе, додека организаторите тврдат дека имал 120 илјади. Организаторите, кои доаѓаат од десниот центар и крајната десница како и конзервативните католици, ја критикуваа „лошата акција на владата којашто води во пропаст”. Тие, исто така, го повикаа социјалистичкиот претседател Франсоа Оланд ведна да се повлече од власта, пренесува AFP. Демонстрантите,...

Continue reading

Повторно закани кон Каталонците

Post Views: 6 Каталонија се спрема за референдум на 14 ноември оваа година и со кампањата ЗА, тргна и кампањата ПРОТИВ. Имено, ова се однесува и за фудбалскиот дел од јавноста, а се заговара исфрлање на Барселона од Примера доколку дојде до отцепување на Каталонија. “Ако Каталонија се осамостои, Барселона и Еспањол нема да можат да играат во шпанската лига. Би морале да го смениме законот за спорт”, рекол првиот човек на шпанската лига Javier Thebes. Со ова фактички им запретил на челниците на Барселона бидејќи познато е дека тој трофеен клуб отворено го заговара отцепувањето, а во...

Continue reading

Најголемата ѕвезда на Реал Мадрид пред клучна одлука

Post Views: 3 Спрема информациите на мадридските медиуми пред дербито со Атлетико, Кристијано Роналдо, сигурно ќе настапи против градскиот ривал. Португалецот наводно го одработил тренингот со полн интензитет и спремен го очекува натпреварот со Атлетико. Имено. Ситуацијата со здравјето на Роналдо е многу енигматична, некои аналитичари во Шпанија се сомневаат дека е спремен за најголеми физички напори. Тој веќе подолго време има проблем со воспаление на тетивата на коленото од левата нога (пателарен тендинитис), поради што не настапи за репрезентацијата на Португалија во квалификацискиот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top