Ознака: тие

Вакцинираните не се измамени, тие се заштитени од коронавирусот

Post Views: 7 Наспроти тврдењата искажани во постот, фактите говорат дека  вакцините се безбедни и даваат резултати, штитат од тежок развој на болеста и спасуваат животи. Дури 75 отсто од починатите од компликации од ковид-19 во земјава се невакцинирани лица. Оние кои починале и покрај двете дози вакцина, имале сериозни здравствени проблеми и низа коморбидитети. Токму затоа Националниот комитет за вакцинација даде препорака да се прими трета доза вакцина или популарно наречена бустер доза, која е од клучно значење за постарите лица и за лицата со коморбидитети. Во пост на Фејсбук,...

Continue reading

На повидок крај на големата технолошка војна

Post Views: 3 Со заедничко соопштение постигнале спогодба за сите меѓусебни тужби поврзани за патенти и смартфон техологија, така што Apple и Motorola Mobility, која е во сопственост на Google, завршија една од најголемите технолошки војни. Apple и производителот на мобилни телефони кој користи Android софтвер досега поднеле на десетици тужби за повреда на патенти, за да ги заштитат своите технологии. Интересно е тоа што спогодбите не се однесуваат на тужбите на Apple против Samsung, но експертот за патенти Florian Muler вели дека и тие спорови наскоро би можеле да завршат. Причина...

Continue reading

Алармантно топење на Западен Антарктик

Post Views: 6 Новата студија на научниците на NASA од универзитетот во Калифорнија, открива дека дел од ледената покривка на Западен Антарктик алармантно брзо се топи и дека топењето ја преминало границата, без враќање. Веќе ништо не може да го запре топењето на Антарктик и да го подигне нивото на светските мориња за 1,2 метри. Станува збор за дел на Антарктик на подрачјето на Амундсеново море, истакнува глациологот и главниот автор на студијата, Eric Ringot, од споменатиот универзитет и Jet Propulsion Laboratory на NASA. Студијата на Rigot и неговите колеги ќе биде објавена во научниот...

Continue reading

Колку сте успешни на работа? Одговорот го знае Фејсбук!

Post Views: 3 До сега се спроведени бројни истражувања за влијанието на Фејсбук на корисниците и за тоа што зборува содржината на профилот за корисникот. Некои од истражувањата покажале кои статуси, што се објавуваат на оваа мрежа, можат да одредат кој е психопат, колку ќе трае љубовната врска, а откриено е и дека одредени статуси и фотографии влијаат на расположението на другите корисници на мрежата. Едно од последните истражувања поврзани со Фејсбук, покажало една работа која може да биде интересна за работодавачите – содржината која корисниците ја објавуваат, може да покаже и колку...

Continue reading

Уште една мистерија за летот MH370

Post Views: 6 Новите информации за багажот кој го превезувал Боингот 777 кој исчезна на 8 март, доведоа до нови прашања поврзани со превозот на литиумските батерии. Тие се наоѓале во поголема заедничка пратка која била тешка 2453 килограми, стои во соопштението на Malaysia Airlines. Star online цитирал неименуван извор од компанијата NNR Global Logistic кој вели дека батериите имале тежина од нешто помалку од 200 килограми. Се поставува прашањето што имало друго во таа заедничка пратка а била тешка 2.253 килограми. Неименуваниот извор не можел да открие што имало заедно со батериите...

Continue reading

Некој ја премолчува истрагата

Post Views: 5 Го пронајдов малезискиот боинг 777, сигурен е искусниот пилот Мајкл Хобел (60). Пилотот од Њујорк, во интервју за локалната телевизија WIVB открил дека интензивно трагал по авионот со TomNod, веб страна која по исчезнувањето на авионот отворила посебен сервис на кој обичните корисници на интернет можат да ги пребаруваат сателитските снимки и да забележуваат нешто што би било сомнително . TomNod ветил дека локациите кои се најмногу означени ќе ги прати на истражителите со цел да им ја олесни работата во потрагата на авионот. Пилотот Хобел, тврди, се шокирал кога го здогледал...

Continue reading

Заедно во клупа, заедно во смрт

Post Views: 2 Нуркачите, кои го пребаруваат потонатиот јужнокорејски траект, пронашле во кабина 48 девојчиња, но извлекувањето на телата е отежнато од повеќе причини, соопштиле денес јужнокорејски претставници. Девојчињата се откриени со појаси за спасување во кабина која може да прими максимално 30 лица, што укажува дека патниците се собрале во иста просторија кога траектот почнал да тоне, пренесува CNN. Нуркачите се соочени со разни проблеми, од слаба видливост до тоа што разни предмети кои плутаат им прават проблеми при барањето. Некои врати на траектот не можат да се отворат поради...

Continue reading

Мрачната страна на интернет

Post Views: 0 Мрачната страна на интернетот има и свој пребарувач. Многу потсетува на Гугл и се вика Грамс. Преку него може да се пребарува било која работа која е забранета а се продава и набавува преку интернет. Наликува на Гугл, името е во разнобоен дизајн и има две копчиња за опциите Grams Search и I’m Feeling Lucky а анонимните корисници пристапуваат со посебни адреси и енкрипција на своите податоци. Тие посебни адреси се достапни на социјалните мрежи како Редит. Грамс стартуваше со работа минатата седмица а сопственикот за Wired изјавил дека сака да им овозможи на луѓето...

Continue reading

Хакиран сензорот на Galaxy S5

Post Views: 1 Откако Apple го претстави iPhone5 на кого најголема новина беше сензорот за отисок на прстот, сигурносните експерти ги предупредија корисниците дека е подобро да не ја користат таа опција затоа што би можеле да имаат големи проблеми ако до тие податоци дојдат хакерите (можете да промените лозинка ако ви ја украдат, но не можете да ги промените вашите биометриски податоци). Не долго по објавувањето, германски хакери објавиле видео на кои покажале како е можно да се хакира сензорот за прстите на iPhone5. Ваков проблем сега има и топ моделот на Samsung Galaxy S5 кој исто...

Continue reading

Мозокот не разликува чоколадо од кокаин

Post Views: 2 Истражувачите на францускиот национален центар за научно истражување (CNRS) тврдат дека човечкиот мозок всушност не разликува чоколадна торта од кокаин. Имено, триглицеридите, маснотиите кои ги внесуваме со храната, делуваат како тешки дроги на мозокот кои не е во состојба да направи разлика помеѓу тие две супстанци, бидејќи тие влијаат на иста област во мозокот – делот за задоволства и награди. Резултатите од истражувањето укажуваат на потребата за подобро согледување на компулсивното однесување на дебелите луѓе. „Зошто сме во состојба да станеме во ноќните часови и...

Continue reading

Се укинува допишувањето преку Фејсбук

Post Views: 0 Најголемата социјална мрежа Фејсбук почнала со тестирање на новата верзија на апликацијата која нема да ја содржи можноста за отварање пораки. На тој начин Фејсбук ќе ги натера корисниците, за допишување, преку нивниот сервис исклучиво да ја користат апликацијата Месинџер. Ова се однесува и на телефоните кои користат Android, iOS и Windows Phone оперативни системи. Промената е неизбежна и корисниците наскоро ќе добијат известување за тоа. На тој начин тие сакаат да го избегнат впечатокот дека постојат две апликации за допишување. До сега корисниците за допишување не...

Continue reading

Нов модел за квалификувани доселеници

Post Views: 0 Канада најавила дека ќе воведе нов модел за активно носење на економски емигранти кој ќе се вика “Брз влез”. Тој модел ќе претставува револуција во начинот на привлекување на квалификувани доселеници и ќе овозможува брзо вработување, изјавил канадскиот министер за државјанство и емиграција Крис Александер. “Брз влез” ќе биде воведен од јануари 2015 и ќе овозможува поголема флексибилност и побрзо исполнување на барањата за работна сила за оние работни места за кои нема доволно Канаѓани. Кандидатите за работа и доселување кои имаат важечка понуда за работа во Канада ќе...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top