Post Views: 2
ТВМ дознава дека досегашниот уметнички директор, реномираниот актер со долгогодишно искуство, Горан Стојаноски, веќе нема да ја извршува досегашната функција.
Во телефонски разговор, Стојаноски не информираше дека во овој момент тој работи единствено како актер во Охридскиот народен театар, и дека за сите информации поврзани со настапи на театарот, репертоар на претстави, во иднина треба да се обраќаме до директорката на Центарот за култура „Григор Прличев“, Драгана Боцеска. Боцеска пак не одрекува дека можно е да дојде до кадровски промени на функцијата уметнички директор...
Post Views: 6
Исклучително комплексниот и психолошки текст „Стари времиња“ на Харолд Пинтер ќе отвори нови прашања пред публиката на Охридско лето. Во изведба на Охридскиот народен театар, оваа премиера преку евоцирање на спомени прикажани преку мислите на актерите ќе се обиде да ги одговори на предизвиците на брачните кризи во четириесеттите години, но и постојаното влијание на минатото врз случувањата во сегашноста.
„Во таа смисла ние направивме еден колаж од сеќавања значи тоа е една сложувалка, растурена сложувалка на сеќавања, во која што и оставаме на публиката сама да ја сложи...
Post Views: 2
Најкомплексната трагедија на Вилијам Шекспир, „Антоние и Клеопатра“, вечерва, премиерно, на фестивалот Охридско лето ја носи Битолскиот народен театар. Во превод на Драги Михајловски оваа театарска претстава првпат ќе се изведува на македонски јазик а е во режија на нашиот пријател и гостин од Америка, од Санта Барбара, Калифорнија, Џон Блондел, вели директорот на театарот Благој Мицески. Битолскиот театар традиционално учествува на фестивалот, но годинава на 55-то издание прв пат настапуваат на сцената Долни сарај, од која се воодушевени.
Благој Мицески – директор на...
Post Views: 0
Во рамки на своите програми за промоција и негување на хуманите вредности, поттикнување и развивање на креативноста кај младите, Црвен крст Охрид, со големо задоволство Ви го најавува одржувањето на вториот по ред Меѓународниот Аматерски Младински Театарски Фестивал со наслов „Вдиши Театар“.
Целта на овој Аматерски Младински Театарски Фестивал е поттикнување на младите во градот Охрид за искористување на својот театарски потенцијал, креирање театарска игра и прикажување театарски претстави. Фестивалот е можност за промоција на работата на театарски надарените волонтери...
Post Views: 3
При градежни активности оштетени цефки за канализација и оставени така повеќе од една година. На улицата „Браќа Миладиновци” во Охрид веднаш над Античкиот театар до црквата Богородица Пандонос од оштетени канлизациони цефки течат фекалии.
Овој случај загрижени граѓани го пријавија во рубриката „Ти си твојот град” на ТВМ телевизија.
Ова се случи кога започна градба на објект, кој беше стопиран од Завод и музеј поради пронајдени археолошки наоди. При градежните активности оштетени се цефките за канализација. Фекалии повеќе од една година понираат во земја....
Post Views: 4
Охрид се побогат со културни настани. Заедничката соработка помеѓу Националната установа, Фестивалот „Охридско лето“ и охридскиот Народен театар, вроди со плод. Охриѓани се почесто можат да видат престави кои се играат надвор од границите на државава. Денес во охридскиот Народен театар гостува монодрамата „ Зоран Радмиловиќ“ од сцена „ Маска“ –Шабац, Србија.
Охридско лето на овој начин ја потврдува својата стратегиска определба да ги промовира културните вредности не само во деновите додека трае фестивалот туку и во текот на целата година, вели Елизабете Јанкулоска...
Post Views: 2
На малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ љубителите на театарската уметност ќе имаат ретка прилика да уживаат во генијалната интерактивна изведба во времетраење од 60 минути. Ликот на Зоран Радмиловиќ го игра Иван Томашевиќ, кој се јавува и како текстописец на истоимената монодрама. Режијата е на Андреа Ада Лазиќ.
-Оваа приказна е заснована на паралелниот однос помеѓу Салиери и Моцарт, нашиот актер и гениалниот Зоран Радмиловиќ. Колку и да приказната за актерот тешка, за публиката е комична што беше наша цел, вели Томашевиќ.Охридско Лето и Народниот...
Post Views: 5
Театарската група „Сенки и облаци“ која што работи преку креативната алатка Театар на сенки, деновиве е во Охрид. Преку оваа алатка учесниците од неколку градови во земјава со 6 дневен тренинг сакаат младите да ги едуцираат во областа на сексуалното и репродуктивното здравје, како што вели координаторот на проектот Катерина Стефановска.
„Овие млади по завршување на овој тренинг ќе бидат втората генерација на обучени тренери за работа со оваа креативна алатка Театар на сенки. Нашите активности се многу големи и сеопфатни. Минатиот месец имавме конкурс за изработка на...
Post Views: 3
Со оваа урнебесна комедија пред охридската публика ќе се претстават актерите од битолскиот театар „Солзи и смеа“.
Претставата ќе се одржи во сабота 18-ти април април 2015-та година со почеток во 20:00 часот во големата сала. Цена на влезниците е 120 денари а картите ќе бидат во продажба истиот ден.
{loadposition content9}
Post Views: 1
Горан Стојаноски, нов директор на Центарот за култура „Григор Прличев“. Тој би бил наследникот на актуелната директорка Драгана Боцевска која моментално е на породилно боледување. Се почесто се вртат вакви разговори во охридската јавност па со цел да ја разрешиме дилемата го запрашавме Стојаноски дали навистина има инспирации за ова директорско место.
Не сум размислувал за тоа. Јас сакам да сум директор на охридскиот театар, вели Горан Стојаноски- раководителот на охридскиот театар. Ваквите гласини ги демантираше и Боцеска. Таа вели дека до средината на април е на породилно...
Post Views: 2
Овој петок 27-ми март, на Светски Ден на Театарот во 12:00 – 12:45 Народниот театар од Охрид ќе ја претстави работатата на Детско Драмско Студио.
Подоцна во 13:00 – 13:45 на репертоарот ќе биде поставена театарската претстава “Свињарот” – работена според бајката на Х.К.Андерсен, за која влезот ќе биде слободен.
Од 20:00 – 21:30 љубителите на комедијата ќе имаат можност повторно да уживаат во изведбата ба “Детектор за лаги” – работена по текстот на В.Сигарев, по цена за влезница од само 50 ден.
Во 22:00 ќе има читање на пораката за Светскиот...
Post Views: 4
Охридскиот народен театар работи со полна пареа. До Велигден треба да се заврши проектот на Ирена Стериоска, Вечера со глупаци и да се стави на репертоар за да може да го види широката охридска публика. 27 март, светскиот ден ана театарот ќе биде одбележан со целодневна програма која ќе започне од утринските часови и ќе трае до полноќ.
Во таа програма ќе бидат вклучени сите. Најпрво ќе настапи детското младинско студио кое се формира на први март, после што ќе има детски престави, а вечерта ќе има престава наменета за повозрасните. После тоа ќе се чита светската и националната...