Post Views: 15
Нова премиера на Охридскиот народен театар. Утревечер охридската публика ќе има можност да ја види најновата претстава „Баал“, работена по текст на Бертолт Брехт, во режија на Андреј Цветановски. Ова е четврта соработка со Цветановски кој ја режираше и првата претстава на театарот во Охрид, „Метаморфози“. Тој после пет години повторно соработува со нашите актери и не го крие задоволството од крајниот ефект велејќи дека заедно создале една моќна претстава.
Во овој текст, Брехт созадава антијунак којшто треба да ги сруши сите маски и лицемерни постапки на едно општество....
Post Views: 1
Нова театарска зграда е повеќе од потребна во туристичкиот бисер. Инфраструктурните подобрувања во постоечките објекти каде се одвива драмската уметност мора да биде приоритет на Министерството за култура, посебно за Охрид, смета Стрезо Стаматовски актуелниот директор на ЦК „Григор Прличев“.
„ Официјалниот став на министерството досега е дека не е блокирана туку дека е паузирана работата во однос на инфраструктурата, подобрување во Охрид, за реконструкција на постоечката зграда, временски не можама да ви кажам до кога. Освен 2-3 театри во Скопје кои што се привилегирани...
Post Views: 0
Во претставата играат: Горан Стојаноски – Максим БлагадушаНикола Тодороски – Митре П. КлатипатлакСтрезо Стаматовски – Румен ВујаклијаЕлизабета Стефановска – Магдалена Лапајкоска – Дупева. Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василевпочеток 20.00 часот.
Картите по цена од 150 денариПретставата не е за лица помлади од 14 години
Во претставата се користат пиротехнички средства.
Телефон за резерваци на карти 046/261-063 секој работен ден од 10.00 до 15.00 часот, подигнување на резервирани карти најдоцна еден ден пред...
Post Views: 1
Претпоследната вечер од годинешното 61-во издание на фестивалот „Охридско лето“ е резервирана за Југословенскиот драмски театар од Белград, Република Србија и тетарската претстава „Мојот маж“ од Румена Бужаровска, во режија на Јована Томиќ.
На сцената „Долни Сарај“ од 21 часот ќе играат српските актерки Jована Беловиќ и Сања Mарковиќ.
Румена Бужаровска во збирката раскази „Мојот маж“ создава портрети на различни жени, а поентата на нивната поврзаност е фактот дека мажите се централен фокус на нивните животи и постапки. Румена, создавајќи ги ликовите на нејзините хероини,...
Post Views: 16
Четвртиот младински аматерски театарски фестивал „Вдиши театар“ во организација на Црвен крст Охрид ќе се реализира од 1 до 4 јуни. Театарската завеса ќе ја крене драмата „Багаж“ , на 01 јуни кога е и свеченото отворање во предворјето на црквата Св Софија. Драмата е во текст и режија на Емилија Блажеска, Весна Терзиоска, Јованка Сион Доленц.
„Овој фестивал веќе стана традиционален и меѓународен, исто така ќе имаме присуство на гости од Суботица, Требиње, Ужице и Дубровник. Драмата е за млади луѓе кои заминуваат од нашата држава, сите тие имаат иста крајна дестинација...
Post Views: 1
На светскиот ден на театарот 27 март, во ЦК „Григор Прличев“ премиерно во 20 часот ќе биде изведена комедијата на Бранислав Нушиќ, „Аналфабет“, преработена од младиот рисер кој работи во охридскиот театар Ѓорги Ризески. Директорот Горан Стојаноски ветува максимална забава од час и половина.
„Ове е една многу интересна комедија која веројатно луѓето ќе ги остави без здив од смеење. Сакам да напоменам декаво претставата се користат пиротехнички средства и дека не е дозволено за деца под 14 год“
Режисерот, Ѓорги Ризески, кажа дека дејствието на комедијата се одвива во една...
Post Views: 9
Оваа сабота, 11-ти февруари, охриѓани и гостите ќе имаат можност да ја проследат претставата „Детектор за лаги”.
„Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски. Препорачана возраст: +15
Билети се во продажба на билетарата на Центарот за култура по цена од 200 денари.
Post Views: 1
После премиерата на претставата „Стари времиња“, проектот „ИмпроВокација“ – серијал на една нова форма театарски импровизации на актерите, како и детската претстава „Убавицата и ѕверот“, следува уште една премиера. Актерите од охридскиот народен театар во подготовка на претставата „Парламентарки“, според Аристофановата “Жени во Народното собрание”. Претставата е во режија на Ненад Витанов, а ќе биде изведена кон средината на април. Денес глумците ја имаа првата читачка проба за оваа престава.
Post Views: 1
Охридскиот Народен театар прикажува нова премиера. Станува збор за претставата „Малиот Принц“ од Сент Егзипери. Горан Стојаноски директорот на ЦК најавувајќи ја оваа претстава за деца но и за возрасни вели дека обработувале една несекојдневна тема.
„Малиот Принц низ светот е познат со една тема која навистина е инспиративна, која зборува за внатрешноста на човекот на средбата на Малиот принц сам со себе, и таа симболика е претставена на некој начин од луѓето кои се овде“ – рече Стојаноски.
Режисер на претставата „Малиот Принц“ е Ѓорги Ризески. Тој вели дека претставата...
Post Views: 0
Овој месец, октомври, Министерството за култура треба да објави тендер за изработка на основен и изведбен проект за изградба на театар, најави министерката Елизабета Канческа Милевска, при нејзината неодамнешна работна посета во Охрид. Таа смета дека најважното веќе е направено, а тоа е донесувањето на урбанистичката планска документација. Милевска вели дека сега слободно може да се продолжи со останатите фази.
„Согласно идејата за јавно приватно партнерство во однос на изградбата на театарот, информирам дека во изминатиот период се работеше на урбанистичко планска...
Post Views: 8
На 17 септември започнува со работа и со редовен репертоар охридскиот театар. Актерите ветуваат нова возбудлива театарска сезона со две премиери од кои едната е за деца. Деновиве стартуваат со подговтвките, а според очекувањата ќе бидат прикажани на почетoкот и на крајот од октомври. Најмладите, пак ќе имаат можност да видат претстава со исклучителен текст и порака, детската претстава Малиот принц во режија на Ѓорѓи Ризевски, кажува Горан Стојаноски директорот на НУ Центар за култура Григор Прличев. Веднаш следуваат и подготовките за претставата Дениција во која ќе...
Post Views: 2
Со изведба на фрагменти од повеќе претстави на Македонскиот народен театар, во петок, министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, ќе ја отвори новата театарска зграда на објектот „Стар театар”, кој свечено ќе биде примопредаден на Националната установа Македонски народен театар.
Отворањето на новиот објект ќе биде одбележано со изведба на фрагменти од повеќе претстави на Македонскиот народен театар, со изведба на фрагменти од претставата „Вечната куќа”, по текст на Јордан Плевнеш, со која во септември свечено ќе биде отворена новата театарска сезона,...