Ознака: така

Пет “трикови” со кои се служат трговците

Post Views: 2 Не е никаква тајна дека се што се наоѓа на полиците од продавниците – од дизајнот на ентериерот, преку начинот на кој се наредени артиклите до распоредот на производите – наменето е само за една цел, да се потрошат што повеќе пари. Иако совеста на купувачот во последните години поприлично е подобрена, сепак ниту трговците не седеле со скрстени раце. Триковите од трговците сепак се сведуваат во пет основни правила: 1.       Две за едно Дали ние сме свесни или не, мнозинството од нас не може да одолее на бесплатните работи, а тоа трговците многу добро го знаат. Од таа...

Continue reading

Вест која го шокира светот на спортот

Post Views: 13 Германската телевизија Das Erste објави шокантен документарен филм во кој 99% од врвните руски спортисти ги обвинува за конзумирање на допинг средства. Тие во филмот тврдат дека руските спортисти плаќаат прикривања на допинг тествите, но и дека во тоа е вмешан и врвот на атлетската организација (IAAF), која исто така прикривала резултати од тестовите. Документарниот филм е емитуван во средата, а во него гостинка била и екс фрлачката на диск Евгенија Печерина. “Мнозинството, 99% од руските спортисти користат допинг. Можете да набавите апсолутно сѐ. Сѐ што еден спортист...

Continue reading

Пет прашања за работа во Гугл

Post Views: 0 Њујорк Тајмс разговарал со еден од клучните луѓе за човечки ресурси во Гугл Ласло Бок, а Гардијан во шеговит тон издвоил пет квалитети кои се бараат и пет прашања на кои би требало да се одговорат, пред  да се проба да се пријави некој, за работно место во компанијата која магазинот Форчјун ја прогласил за идеално место за работа. Дали имате IQ поголем од 130? Најлош можен одговор е “да”. Ласло Бок инсистира на “интелектуална скромност”, и смета дека без тоа луѓето не можат да учат. За оние кои цел живот се остроумни, Бок вели дека често прават “фундаментални атрибутивни...

Continue reading

Застрашувачка фотографија

Post Views: 2 Околу 160.000 жители секој ден стојат во ред, колку што досега видикот, за храна и вода. Обединетите нации во средата објавија застрашувачки фотографии од Јармук, еден кварт во Дамаск на која се гледа ужасот на неколку стотици илјади жители кои практично се останати во замка во тој дел на градот и не можат да заминат никаде. Околу 160.000 луѓе стојат во ред и чекаат да им се подели храна и вода. Условите во кои живеат можат да се видат на фотографијата и за тоа не треба додатен опис, а ОН ги повика завојуваните страни да овозможат на овие очајни луѓе несметано да им...

Continue reading

pitac

Украина пред нов предизвик – финансиска криза

Post Views: 4 Настаните во Украина ја дестабилизираа целата држава, а нејзината економија се соочува со сериозни предизвици. Украинското Министерство за финансии и Народната банка заедно со портпаролот и координаторот на владата Александар Турчинов понудија на меѓународните партнери Полска и САД да обезбедат до една – две недели кредит, како прва помош за 2014-2015 година од околу 35 милијарди долари, пренесоа руските весници. ”Во последните денови ние извршивме консултации и средби со амбасадорите на ЕУ, САД и други земји и финансиски организации за привремено доделување на помош...

Continue reading

astronaut

На муслиманите им е забрането да патуваат на Марс

Post Views: 2 Така барем тврдат исламските водачи во Обединетите Арапски Емирати, кои сметаат дека муслиманите на тој начин непотребно би го загрозиле својот живот. Со други зборови, астронаутите би влегле во истата категорија како и самоубијците, а оваа верска наредба е издадена откако се појави приказната за мисијата на Марс, во која астронаутите добиваат карта во еден правец за Црвената планета, пишува Telegraph. „Патувањето е опасно по живот, а исламот тоа никако не може да го оправда. Екипажот на Марс можеби нема да преживее, верува одборот, а професорот Фарук Хамада додава дека...

Continue reading

Нови правила во фудбалот?

Post Views: 6 Претседателот на Уефа изјавил дека го поддржува воведувањето на бел картон. Имено, белиот картон би го добивале играчите кои приговараат кај судијата, што станува пракса кај многу фудбалери. Белиот картон би значел десет минутен одмор за фудбалерот кој приговарал, но Платини рекол дека во таков случај мора стриктно да се одвојат белиот и жолтиот картон, кој би се добивал исклучително само за прекршок. Исто така, Французинот сака на тренерите да им овозможи право и на повеќе измени, па така по неговата идеја тренерите би можеле уште на полувреме да направат две измени,...

Continue reading

Работа за десет евра на час

Post Views: 1 Достапен од понеделник до недела, како дење така и навечер, себеси се претставува како сериозен, организиран, стрплив и љубезен професионалец. 42-годишниот Џовани Кафаро од Милано, кој од неодамна останал без работа, му дошла идеја како да ги реши своите материјални проблеми. „Иако сум пратил повеќе од 500 CV-а, не излезе ниедна интересна понуда за работа“- вели овој човек кој 12 години работел како директор на маркетинг во фабрика за текстил. „ Еден ден додека чекав во ред за да извршам една административна обврска, ми дојде спасоносната идеја“, ја раскажал својата...

Continue reading

Повторно закани кон Каталонците

Post Views: 6 Каталонија се спрема за референдум на 14 ноември оваа година и со кампањата ЗА, тргна и кампањата ПРОТИВ. Имено, ова се однесува и за фудбалскиот дел од јавноста, а се заговара исфрлање на Барселона од Примера доколку дојде до отцепување на Каталонија. “Ако Каталонија се осамостои, Барселона и Еспањол нема да можат да играат во шпанската лига. Би морале да го смениме законот за спорт”, рекол првиот човек на шпанската лига Javier Thebes. Со ова фактички им запретил на челниците на Барселона бидејќи познато е дека тој трофеен клуб отворено го заговара отцепувањето, а во...

Continue reading

статистика

Хрватите рекоа „НЕ“ на истополовите бракови

Post Views: 2 Денеска во 9:00 часот беа објавени резултатите од референдумот за уставно дефинирање на бракот во Хрватска. Откако се обработени сите избирачки места, резултатите се следниве: 946.433 или 65,87 отсто од гласачите заокружиле „За“, а 481.534 гласачи или 33,51отсто „Против“. За резултатите во Хрватска синоќа известуваа и највлијателните светски медиуми, со забелешка – „референдумското прашање беше насочено против хомосексуалното малцинство“. „Хрватите на референдумот ја поддржаа забраната за истополови бракови. Речиси 90 отсто од хрватската популација која брои 4,4 милиони...

Continue reading

protesti

Турските синдикати ќе штрајкуваат против Ердоган

Post Views: 0 Доктори, инженери и стоматолози ќе штрајкуваат во знак на незадоволство од исфрлањето на демонстрантите од паркот Гези во Истамбул.Ноќеска имало неколку судири на демонстрантите со полицијата. Откако турската полиција со сила го расчисти паркот Гези во Истанбул, премиерот Ердоган натамошно ја подгреа тензијата во земјата. Тој ги нарече демонстрантите „терористи“ и „отпадници“. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган само кратко време ги држеше своите критичари во надеж дека ќе ги запре бруталните акции на полицијата, кои траат повеќе од две недели. Минатата недела тој покажа...

Continue reading

Силвио Берлускони

Берлускони заработи четири години „под сенка“

Post Views: 4 Судот во Милано ја потврди казната од четири години затвор за поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони, за затајување на данок во случајот Медиасет. Берлускони исто така мора да плати и 10 милиони евра казна на Даночната управа.Врз основа на законот за амнестија, уште при изрекувањето на неправосилната пресуда, казната му е намалена на една година. Берлускони исто така доби и забрана за политичко дејствување од пет години. Примената на казната е одложена затоа што адвокатите на 76-годишниот поранешен премиер сеуште може да поднесат жалба до Врховниот суд. {loadposition...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top