Ознака: судски

proakva

Охриѓани летово нема да останат жедни

Post Views: 0 Летово вода за пиење ќе има. Од „Проаква“ велат дека во Охрид нема да има никакви рестрикции и дека водоснабдителниот систем располага со доволна количина  вода која е исправна за пиење. Нашиов град со вода се снабдува од 6 локалитети од каде се собираат од 370 до 400 литри во секунда што е дури повеќе од потребното. Златко Старкоски, директорот на МЈП „Проаква“ вели дека поради тоа граѓаните многупати недомакински се однесуваат со водата и трошат многу повеќе од потребното. Има и такви кои  нелегално се приклучуваат на водоснабдителниот систем.  Старкоски објаснува...

Continue reading

Osnoven sud Ohrid

Основниот суд во Охрид чека претседател

Post Views: 9 Изборот за прв човек на Основниот суд Охрид, сеуште неизвесен. После првиот оглас на кој единствен  кандидат беше Владо Дејаноски, а кој не ја доби поддршката од Судскиот совет, за В.Д. претседател е назначен судијата Милчо Клишески. На огласот, кој беше распишан на 23 декември минатата година за претседателската фотеља, до Републичкиот Судски совет конкурираа, актуелниот директор Владо Дејаноски, сегашниот В.Д. претседател Милчо Клишески, Весна Кичеец, Блашка Радиноска и Вулнет Винца. Огласот траеше до 6 ти јануари годинава, но поради тоа што овој датум се совпадна...

Continue reading

igraliste

Игралиштето во угостителско остана без стотина квадрати

Post Views: 0 102 квадрати од земјиштето од игралиштето од ОСУ Ванчо Питошски, апелациониот суд им го врати на старите сопственици. Оваа одлука која првично ја донесе основниот суд, а ја потврди аплеција, доаѓа по повеќегодишниот судски спор, кој се водеше помеѓу поранешните сопственици Али Фикрие, Бекир Бекири и Зиние Бекироска. „Пресудата не се коментира, туку само се извршува. Дојдоа и извршители и земиштето што е во нивна сопственот им е вратено во владение и веќе е оградено. Да потенцирам дека овде не се работи за денационализација туку тоа е земиште во сопственост на тужителите...

Continue reading

pravnici

Се менува улогата на судиите

Post Views: 2 Со новиот Закон за кривична постапка, судиите ќе станат неутрални арбитри на фактите, доказите и околностите на еден судски предмет. Од друга страна пак, ќе се зголемува надлежноста на Обвинителството и обвинителите. Со измените на Законот за кривична постапка, кои за повеќе од една година треба да стапат на сила, нивната улога значајно ќе се измени. Новиот правен систем ќе го презентира судијата, како неутрален во судницата, па така, повеќе нема да изгледа дека судијата е дел од тимот на обвинителството, велат експертите по право. Со овие промени на системот, судијата...

Continue reading

sudenje

Разврска на судскиот процес за глисерската несреќа сеуште нема

Post Views: 4 За следното рочиште, адвокатите на оштетените најавија користење на механизмот присилно приведување на обвинетиот Кристијан Шапкар по службена должност. Уште едно одлагање на главниот судски претрес за глисерската несреќа која пред две години се случи во водите на Охридското Езеро. И повторно, и на ова судско рочиште, не се појави обвинетиот Кристијан Шапкар, како и оштетената и сведок Ивана Шапкар. Адвокатот на обвинетиот, Емил Балабан не знаеше да објасни од кои причини и двете лица не се присутни на денешниот главен судски претрес. Од судот информација дека обвинетиот...

Continue reading

Kрај за долгите судски постапки?

Post Views: 0 Правниците од земјава тргнаа во мисија за скратување на судските постапки. На нивната 64та средба беа организирани работилници, предавања и дискусии. Оваа средба беше фокусирана на скратување на роковите за постапување по одреден предмет и забрзување на судските постапки. Општо познато е дека ова е еден од најгорливите проблеми со кои се соочува македонскиот правосуден систем. На оваа средба беа поставени клучни закони како што се процесните закони вклучително законот за кривична постапка, парнична, управна постапка, за извршувањето и за стечајната постапка. „Значи ние...

Continue reading

TVM

Отпочна судскиот процес против Шапкар

Post Views: 1 Во Основниот суд во Охрид денес започна судскиот процес против осомничениот Христијан Шапкар (31), кој се терети за предизвикување на глисерска несреќа. Имено, минатото лето на 22 август во несреќата животот го загуби Ирина Романова Муцинска (39), мајка на две деца, вработена во Т- мобаил. Според првичните детали од истрагата, кои беа соопштени веднаш по несреќата, Шапкар управувал со глисер од марката „сидо“, а со него биле неговата сопруга Ивана и две други лица, нивни пријатели. Муцинска управувала со глисер марка „регал“. Поради брзина поголема од дозволената, глисерот...

Continue reading

brod

Судскиот процес за „Илинден“, сеуште без епилог

Post Views: 0 Завршена истражната постапка. Предметот предаден на обвинителството. Министерот Јанакиевски верува во независниот судски систем. Никој не објавува детали. Истражната постапка за бродот „Илинден“, требаше да се води под итна процедура за разрешување. Оваа информација за ТВМ на 25-ти септември минатата година ја потврди истражниот судија Весна Кичеец. Очигледно итноста на процедурата и овој пат затаи. Кога ќе има епилог на случајот со бродската катастрофа на „Илинден“, сеуште никој со точност не може да потврди. Пред два дена во охридскиот суд заврши истражната постапка...

Continue reading

devojka

Хотелското ѓубре не смее да се пали

Post Views: 1 Од годинава хотелските капацитети наместо по килограм, на ова јавно претпријатие за услугата ќе ми плаќаат по метар квадратен. Со ова нова одлука, ќе се избегне лошата навика на некои несовесни раководители на хотели, кои за да не плаќаат, сметот го палеа. Се изготвуваат и каматните листи за периодот за кој постои долгот, велат од Комуналец. Од годинава ЈП воведува нов начин на наплата за услугата кревање и депонирање смет. Наместо по килограм, одсега Хотелите се задолжени да плаќаат по метар квадратен. Од јавното претпријатие и од општинскиот инспекторат се надеваат...

Continue reading

Laze Radeski

Продолжи судскиот процес против Лазе Радески

Post Views: 2 Истрагата продолжи со распит на сведоци. Меѓу нив и вешто лице кое рече дека жртвите биле убиени на свиреп начин. Судскиот процес против Лазе Радески продолжи со распит на сведоците.Први сведочеа Ќазим Осман и Александар Ангелоски, вработени во автопералната Радио такси- бел мерцедес.Тие кажаа дека обвинетиот во февруари 2007 неколку пати го донел своето возило на миење. Во еден наврат, тие одбиле да го исчистат згрозени од гледката, затоа што на седиштата имало траги од свежа крв. Радески сам го исчистил возилото, објаснувајќи дека е ловец и дека крвта е од уловено...

Continue reading

Laze Radeski

Одложен судскиот процес против Лазе Радески

Post Views: 72 Продолжението на судскиот процес закажано за 22 декември. Во охридскиот Основен суд се одложи, за денес закажаниот, судскиот процес против Лазе Радески. Тој е осомничен дека ги извршил убиствата на тројцата дилери на девизи: Трајче Цоцески, Спиро Ставрески и Раим Рахип.   Утринава, судот бил телефонски известен од страна на скопскиот затвор дека Радески не може да присуствува на рочиштето поради здравствени проблеми. Бил извршен преглед од страна на доктор, по кој на Радески не му била издадена дозвола да присуствува на судењето закажано за денес. Од тие причини, судијата...

Continue reading

soobrakajna nesreka

Започна судскиот процес за сообраќајната незгода во која загинаа Ди- џеј Пантер и Ди-џеј Бруцe

Post Views: 0 Започна судскиот процес за сообраќајната несреќа во која животот го загубија Влатко Пантоски и Наумче Аврамоски, и двајцата музички работници во Супер радио. Вештите лица како причина за незгодата која во октомври се случи во близина на депонијата Буково, на магистралниот пат Охрид- ресен, го наведуваат движењето на товарното возило со албански регистарски таблици, управувано до Сетмир прој, на спротивна коловозна лента. Односно, онаа по која се движело возилото во кое се наоѓале Пантоски и Аврамоски. Како дополнителен фактор, вештаците ја неведоа и брзината од 83, 9...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top