Основниот суд во Охрид чека претседател

Пет кандидати за претседател на охридскиот суд. Во моментов претседателската функција во Основниот суд ја извршува судијата Милчо Клишески, како вршител на должност. Дали тој ќе биде и идниот претседател на ова законодавно тело, набрзо ќе се знае.

 |  Билјана Николоска  | 
Osnoven sud Ohrid
Osnoven sud Ohrid

Osnoven sud OhridИзборот за прв човек на Основниот суд Охрид, сеуште неизвесен. После првиот оглас на кој единствен  кандидат беше Владо Дејаноски, а кој не ја доби поддршката од Судскиот совет, за В.Д. претседател е назначен судијата Милчо Клишески. На огласот, кој беше распишан на 23 декември минатата година за претседателската фотеља, до Републичкиот Судски совет конкурираа, актуелниот директор Владо Дејаноски, сегашниот В.Д. претседател Милчо Клишески, Весна Кичеец, Блашка Радиноска и Вулнет Винца. Огласот траеше до 6 ти јануари годинава, но поради тоа што овој датум се совпадна со неработен ден, огласот се заклучина 09. јануари годинава. Клишески во моментов е на неодреден тајминг на извршување на најодговорната функција во Основниот суд во Охрид, поточно додека Републичкиот судски совет не избере кој ќе биде претседател. Дали Клишески ќе успее да добие мандат, или тоа ќе биде некој од останатите кандидати ќе се знае на почеток на месец февруари годинава, бидејќи Судскиот совет во рок од еден месец законски треба да изврши избор.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top