Post Views: 8
Диајбетичарите од Струга кои користат инсулинска терапија реагираат на неквалитетен инсулин и апарати за мерење на шеќер во крвта. Иво Дукоски и Минир Зиба, корисници на инсулин укажуваат на променетиот квалитет на инсулинот која ги загрижува, како и многумина дијабетичари кои се на инсулинска терапија.
„И јас го имам истиот проблем, каде при боцкање мене ми покажува висока вредност. Дали е до апаратчето или нешто друго, но ми покажува висока вредност на квалитетот на инсулинот и во медицинсиот центар кога ќе давам крв. Но штом покажува висока вредност при боцкање нешто...
Post Views: 1
Величенствена литија во Струга по деветти пат. Стружани и годинава масовно се поклонија пред моштите на Св Георгиј Победоносец и неговата чудотворна икона. Стружани но и бројните посетители со порака, сите верници да го следат патот на спасението преку Христа.
„Би сакал секој да дојде и да почуствува во своето срце што се случува и да сведочи. Може многу да се зборува, но да се почуствува љубовта, светоста, добрината на овој светител кој ја чува Струга и цела држава е голема“.„Секоја година учествувам на литијата во чест на Св Горѓи и се чуствувам се порадосно и поблагодатно,...
Post Views: 1
Неколку населби во Струга деновиве се под вода. Тоа е последица од обилните врнежи кои деновиве беа зачестени но и од наглото топење на снегот. Овој проблем во Струга е децениски, велат дел од анкетираните граѓани. Тие кажаа дека една од причините е тоа што дел од куќите се изградени под нивото на езерската вода.
„Проблемот со водата е со години. Но, мислам дека главниот проблем за овие поплави е во главниот канал кој се наоѓа покрај магистралниот пат кој води за Албанија. Ако тој канал се одржува и се чисти на време, нормално дека водата ќе се влева во реката Црни Дрим...
Post Views: 2
До рубриката „Ти си твојот град“ пристигнаа фотографии за изградба на чуден објект во струшкиот пазар. Граѓаните се љубопитни и сакаат да дознаат за каков објект станува збор и која ќе биде неговата намена.
ТВМ Телевизија деновиве ќе се обиде да најде одговор на ова прашање.
Post Views: 2
Граѓаните на Струга сеуште во неизвесност дали ќе се градат социјални станови за ранливата категорија. Бројот на лицата кои немаат покрив над глава или пак живеат во лоши услови во општина Струга од ден на ден расте. Во 2015 година од Агенцијата за стопанисување со стамбен и деловен простор имаше најава дека и во оваа општина треба да започнат со изградба на социјална зграда, дури беше позната и локацијата, во населбата Плитишта, но за жал тогаш не нашле заеднички јазик со поранешниот градоначалник Зијадин Села, околу реализација на овој проект. Актуелниот градоначалник...
Post Views: 4
Општа болница Струга располага само со едно болничко возило. Тоа е за потребите на сите одделенија во оваа медицинска установа. Не ретко посебно во летниот период се случува да има потреба и по неколку пати во текот на денот ургентно да треба да се транспортираат пациенти до Државната болница во Скопје, открива директорот на болницата д-р Асим Муса. Тој додава дека често и тоа возило и покрај тоа што е функционално, има дефекти.
„Вистина е дека имаме само едно возило. Истото е од 2007 година и има поминато 400 илјади километри. Цела болница го користи само тоа возило....
Post Views: 2
Во Струга ќе се гради нова болница на нова локација, обелодени денес министерот за здравство Венко Филипче. Тој денеска оствари работна средба, со градоначалникот Рамиз Мерко и со менаџерскиот тим на Општа болница Струга, со цел да се запознае со проблемите кои што секојдневно ги притискаат докторите како и за потребата истите да се надминат. Министерот Филипче посочи дека на струшката болница потребна и е потенцијална реорганизација во смисла на регионализација како и потребите за нови кадри и нивна едукација. Според него тоа би се постигнало со реализација на нов проект...
Post Views: 3
Снежните врнежи во струшко-дримколкиот регион направија хаос. Паднати бандери и кабли, а и дрва го попречија норманлото движење во сообраќајот. Граѓаните синоќа беа и без струја. Без напојување беа Струга, Вевчани и планинските села од Малесија, но и во селата Делогожда, Мислоежда,Татеши. Во Струга секна и градската водоводна мрежа, а вода за пиење немаше се до попладневните часови. Стружани се револтирани од тоа што еден снежен зимски ден го парализира нормалниот живот на граѓаните.
Од општина Струга информират дка ЈП Комунално и Проква биле вклучени во расчистување...
Post Views: 1
Струга сеуште не е дел од мрежата за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух. Според најавите на Министерството за животна средина , стружани за поставување на една мерна станица треба да чекаат дури до 2021 година. Граѓанските здруженија на ваквата одлука од страна на ресорнот министерство реагираат и сметаат дека во Струга под итно треба да се постави мерната станица. Ардијан Демири од граѓанска иницијатива „Стружани за Струга“ смета дека министерството треба да го промени планот.
„Апсолутно сметам дека сите чинители кои што придонесоа за влошување на амбиенталниот...
Post Views: 3
Во изминатите 24 часа направени се 286 тестирања, а регистрирани се 25 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-16, Тетово-4, Струга-1, Велес-2 и Охрид-2.
Од вкупниот број на направени тестови во изминатото деноноќие 124 теста се направени во рамките на скринингот во градинките и сите се негативни. Досега во земјата се направени вкупно 21722 тестирања на КОВИД-19.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 8 оздравени пациенти.
– Скопје 7
– Прилеп 1.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Куманово (60г), хоспитализирана...
Post Views: 2
Томче Голабоски го фати чесниот крст во Струга. Традиционално, положувањето на светиот крст во водите на реката Црн Дрим во Струга претставува посебен чин кога се осветуваат водите, како и ден кога капачите скокаат во вода за здравје и успешна година. Годинава на овој настан присуствуваше премиерот на Р. Македонија Зоран Заев, како и градоначалникот Рамиз Мерко, кои на стружани им посакаа успешна година многу здравје, среќа и бериќет. Заев на граѓаните им посака добра иднина, здравје, добра волја и соочување со сите предизвици што претстојат на личен и заеднички план
„Овој...
Post Views: 2
Се е подготвено за големиот Богојавленски водосвет, во Струга. Стружани достојно ја одбележуваат вековната традиција. После утринската богослужба со света божествена литургија која ќе се одржи во црквата Св Ѓорѓи, отпочнува церемонијата околу фрлањето на крстот во водите на реката Црн Дрим. Ѓаконот Христијан Костоски вели дека утре се осветуваат сите води во земјава. Додава дека овој настан во Струга е посебен.
„Стружани од памтивек не заборавиле на верата на тоа кој се и што и кои се нивните корени и секоја година на Водици одиме на мостот го дочекуваме Владиката и...