Ознака: страна

ribari

Се затега обрачот на рибокрадците во Охридското езеро

Post Views: 4 Засилени мерки за сузбивање на рибокрадството во Охридското Езеро. Од денес за прв пат во историјата на рибарството ќе се прават заеднички контроли во Охридското Езеро и од албански и од македонска страна, со цел да се искорене рибокрадството. Тоа е во согласност со Законот за рибарство и аквакултура, а на терен ќе делуваат граничните полиции, како и инспекторатот од  Албанија и Македонија. Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Румен Стаменов, нагласи дека со оперативните зафати што ќе ги преземат во периодов што следи рибокрадците од двете страни ќе ги...

Continue reading

ribi

Риба има, се троши, но и по малку се краде

Post Views: 8 Зголемена е потрошувачката на рибата во овој период од годината. Рибата е неизоставен дел од македонската трпеза посебно за зимските христијански слави, за време на Божиќните пости. Токму поради тоа намалена е цената на рибата информира концесионерот на Охридското Езеро, Ристе Танасоски. Овој период од годината засилени биле контролите од страна на рибочуварската служба, така што само минатата недела фатиле голем број мрежи на нелегалните риболовци од нашето подрачје, но и како новина фатени биле забранети мрежи  фрлени во езерото од албанската страна. Танасоски вели...

Continue reading

vmro

Лавина реакции и контрареaкции предизвика изборот на директор на охридската гимназија

Post Views: 5 По локалната самоупрaва и ОК НА ВМРО ДПМНЕ денес излезе со прес за  вчерашните обвинувања од страна на ОО СДСМ во врска со причините зошто градоначалникот го врати предлогот до Училишниот одбор Јамандиев да биде директор на гимназијата и поништувањето на постапката за избор од страна на трудовиот инспекторат. Пресот  на СДС од Охрид, вчера  имаше само една јасна причина, да го девалвира законот и институциите во Охрид и Република Македонија. Тоа е препознатлив стил на политичко размислување на СДС, само да го покријат своето незаконско работење секаде онаму каде што...

Continue reading

охрид

Локалната самоуправа со свои против аргументи на обвинувањата од страна на ОО на СДСМ

Post Views: 0 ОО на СДСМ на денешната прес конференција изнесе низа произволни обвинувања без да се посочи дали е прекршен законот, статутот или правилникот на јавните претпријатија и установи, регираат со контра прес конференција од општина Охрид. На сите обвинувањата од опозицијата имаат свои против аргументи. За конкурсот во Нискоградба велат дека е во рамките на законските норми. Според Локалната самоуправа не гледаат што е спорно во воведувањето на измени во  работата на детската  градинка и кај таксистите. „ Во однос на барањата на посебни лиценци, ЛС ќе стои на ставот сите...

Continue reading

ptoekt

Уметниците од Македонија и Албанија преку уметност ќе им помагаат на ранливите категории на граѓани

Post Views: 7 Уметноста ставена во функција на ранливата категорија на граѓани. Проектот под наслов „Употреба на уметноста каде што е тешко да се зборува – Размени меѓу уметници кои работат во социјалната област” има за цел да ја поттикне уметноста и креативноста кај оние луѓе кои скршнале од вистинскиот пат. Културниот центар „Медиа Артес“ од Охрид и албанската асоцијацијата „Рефракшн“ една година ќе го спроведуваат овој проект кој е финансиран од ИПА програмата на Европската Унија за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија. Со него се опфатени општините Охрид...

Continue reading

mecka

Спасен охридскиот ловџија нападнат од мечка

Post Views: 10 Се стабилизира здравстената состојба на ловџијата кој вчера беше нападнат од мечка. На ловните терени во атарот на Горна Дебрца, Песочан – Ново село,  мечка со мало мече  нападнала ловџија и му нанела тешки повреди во пределот на лицето и  главата. Проф д-р Миле Мичуновиќ, доктор на медицински науки од Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, со тим на лекари од болницата, успеале во текот на мошне сложената  6 часовна хируршка интервенција да го спасат  животот на  ловџијата. Како што  информира Проф. д-р Мичуновиќ  во болницата ловецот...

Continue reading

maslo

Хотелиерите и угостителите за 4 години создале 53 тони отпадно масло-за среќа, адекватно го одлагаат

Post Views: 2 Хотелиерите и угостителските работници од Охрид уредно го одлагаат отпадното масло. Само во изминатите 4 години, на ниво на општина Охрид биле собрани околу 53 тони отпадно масло кое потоа било соодветно складирано од страна на фирма овластена од Министерството за животна средина. Поведени од ваквите бројки, Одделението за урбанизам и заштита на животната средина при локалната самоуправа го изработи пилот проектот за собирање на отпадно масло кое се генерира при подготвување на храна во домаќинствата. За таа цел, тие уште во Декември минатата година поделија 100 кантички...

Continue reading

bebe

За лице нежно како бебешко газе-буквално!

Post Views: 17 Од почеток оваа крема беше исклучиво наменета за бебешки газиња, но по се изгледа дека повеќе одговара за лицата на малку постари тетки. Таканаречениот Baby Bottom Butter кој чини само 2.54 фунти со својата продажба ги надмина сите оние скапи и луксузни креми кои ветуваат дека ќе ги избришат брчките од лицето. Мајките низ цела Британија тврдат дека кремот на нивните бебиња им го направил лицето помеко и помладолико, што пак од своја страна предизвика огромен интерес кај целокупната женска популација. Кремот содржи маслиново масло и лаванда и во суштина нема некои посебни...

Continue reading

droga

Во холивудска потера, полицијата заплени 86 килограми марихуана кај Ботун

Post Views: 10 Полицијата успеа да заплени 86 килограми висококвалитетна марихуана кај селото Ботун. Акцијата, полициските службеници ја спроведоа околу 1 часот утринава, во близина на превојот Пресека. При обид за контрола на патничко моторно возило АУДИ А4 со охридски регистарски таблички, возачот (С.А) 34 годишен, не ги почитувал наредбите на полицијата, свртел полукружно и се упатил во правец на Охрид. Поради неприлагодена брзина, во близина на селото Ботун неговото возило излетало од патот, по што лицето се дало во бегство. Филмската потера завршила за кратко време, откако полициските...

Continue reading

asnom

Конечно градската сообраќајница „АСНОМ“ ќе добие тротоари

Post Views: 5 Делот на една од најферкфентните, а со тоа и најопасните сообраќајници во нашиот град, улицата „АСНОМ“, наскоро ќе го добие долгоочекуваниот тротоар. Локалната самоуправа е свесна за овој проблем и за фрекфентноста на оваа улица, односно за брзината на моторните возила кои се движат на неа, со што посебно се загрозени пешаците и влеосипедистите. Портпаролот на Општина Охрид, Томе Џамтоски вели дека со спроведување на инфраструктурните зафати кои веќе се во тек, во голема мерка ќе се зголеми безбедноста за овие учесници во сообраќајот и ќе се реши еден долгогодишен сообраќаен...

Continue reading

meleno meso

Нема веќе рефус мелено месо по месарниците

Post Views: 1 Нема веќе рефус мелено месо по месарниците. Со донесувањето на новиот правилник за квалитетот на меленото месо, од почетокот на месецов, во месарите веќе не може да се купи мелено месо кое било претходно сомелено, освен ако тоа не е вакумирано, со соодветна декларација и подготвено од овластен преработувач. Правилникот вели дека ако некој сака да купи мелено месо, најпрво во месарата ќе си избере парче удина, кое потоа пред нив ќе биде сомелено од страна на продавачот. Еве што Охриѓани мислат за оваа новина. „Сега се веќе 100 проценти приватни продавници, тој не смее...

Continue reading

spor varos

Демант на веста „Драма на сред чаршија во Охрид“

Post Views: 4 Во демантот стои „а) Објектот од Мишеви, за којшто станува збор, е изграден по однос на рушење на два стари дуќани коишто 1961 година им беа продадени од наша страна. б) Во купо-продажниот договор експлицитно е наведено, цитираме, “ја продаваме катастарската парцела бр.2229/3 од општо 73 кв.метри, со тоа што јас запазувам и непродавам единствениот улаз за мојата куќа изградена на КП бр. 2229/1 во ширина од 1,5 метри, а кој влез поминува преку продаденото празно место на КП бр.2229/3 од југозападната страна на парцелата, така да овој влез сврзува дворот на мојата куќа...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top