Ознака: среќа

sreka

Астрологијата и среќата во животот

Post Views: 5 Некои велат дека среќата е нешто со кое треба да си роден, други велат дека среќата мора сам да си ја создадеш.  Од помош во патот кон откривање на вистинскиот одговор може да ви биде и астрологијата, која ви открива кои активности може да ви овозможат среќата да тропне на вашата врата. Овен: работете на случајот Вашиот пријател според хороскопскиот знак, Томас Џеферсон, рекол: „Јас многу верувам во среќа и видов дека колку повредно работам, толку повеќе ја имам“. Овните се чувствуваат најсреќно додека работат нешто, вложувајќи ги своите напори до максимум, со цел...

Continue reading

rozdestvo hriistovo

Христос се роди-навистина се роди

Post Views: 1 Со утринските литургии по црквите и храмовите, Македонската православна црква го започна празнувањето на Божик, празник за раѓањето на Исус Христос, најрадосното случување во христијанскиот свет.Според обичаите за Божиќ се станува рано, пред сонцето, а важно место во прославата има и оној кој прв ќе влезе во куќата за да внесе радост и веселба. Божик се честита со зборовите „Мир божји, Христос се роди“, на што се одговара „Вистина се роди“. Во градов во повеќето цркви се пееја светите евангелија, а верниците му се молеа на Спасителот за мир, здравје, среќа и берикет....

Continue reading

bolnica

Во Охрид новогодишната ноќ минала мирно

Post Views: 3 Најлудата новогодишна ноќ во Охрид минала сосема мирно. Ова го потврдуваат  одделите од хируршкото и интерното одделение при охридската болница. Хирургот,  д-р Томе Гиноски, напоменува дека синоќа на нивното одделение неговите колеги интервенирале кај 7 -мина граѓани, пет мина странци и двајца охриѓани, кои учествувале во  два инциденти. Сите за среќа завршиле со полесни телесни повреди. „Извршени се поситни хируршки интервенции без посериозни оперативни зафати.  Обработени и зашиени се рани, опсервирани се болните неколку саати. Сите се пуштени на домашно лекување.“...

Continue reading

sv petka

Света преподобна маченица Параскева – Света Петка

Post Views: 2 Над 20 000 веници се поклонија пред иконата на Св Петка во Велгошти. Луѓето од сите страни на светот дојдоа во истоимената црква за да се помолат за здравје, среќа и љубов. Посетеноста на црквата од страна на верниците го обединуваат македонскиот народ, изјавија дел од верниците. За значението на празникот зборуваше свештеникот Никола Кипријанов. Тој појасна дека празникот Св Петка во Велгошти се слави многу одамна и дека култот кој овој празник е голем. „Значението на оваа света маченица Параскева е што овој свет манастир постои во нејзина чест и спомен. Родена е во...

Continue reading

dobitnik

Охриѓанец добитник на Рено Твинго од Државна лотарија на Македонија

Post Views: 0 Охриѓанецот, Дејан Петрески е среќниот добитник на еден од автомобилите од наградната игра на Државна лотарија на Македонија, „Твинго манија“. Петрески денес и официјално ги доби клучевите од својот нов автомобил, Рено Твинго. И Дејан и неговото семејство пресреќни со добиената награда за која велат дека било вистинско изненадување за нив. „Автомобилот го изгребив минатиот четврток во Together салонот во охридската чаршија и таму ми кажаа дека сум добитник на Рено Твинго. Секој што греби треба да се надева дека ќе добие некаква награда. На охриѓани би им порачал: „Играјте...

Continue reading

Lukrecija Maljkovic Atanasovska

Љубезен персонал за љубезни гости

Post Views: 27 Се чини помина времето кога Охриѓани важеа за најгостопримливи домаќини. Работите како да фатија некоја удолница, но за среќа има и светли точки. Угостителите од градов сложно прифатија дека некои нешта треба да се променат за да ни тргне работава. Ако не сите, тогаш повеќето угостители, седнаа на иста маса и учеа бон-тон од Агенцијата за протокол. Дел од нив сметаат дека ова што се предава на обуката не е ништо ново, но дека навистина му е потребно на градот. „Бадијала е ако еден угостител отворил врвен локал, најдобар, а персоналот не му е обучен. Ова ни недостигаше...

Continue reading

kapaci

Претседателот Иванов му подари икона на фаќачот на крстот

Post Views: 14 Охрид, балканскиот Ерусалим денес ги прими бројните верници во име јавувањето на Бога. Големиот Христијански празник-Богојавление-Водици по петти пат се покажа среќен за Митко Топенчаров. Тој на своите сограѓани им посака радост, среќа, бериќет и многу успеси. Ладното езеро не претставувало пречка за Топенчаров повторно прв да стигне до светиот крст, тој вели, во сета возбуда не се чувствува ладното. Ова е неговата тајна како да се стигне до крстот. „Па ние сме пораснати со таа традиција, скокаме од мали деца, од најмала возраст, 12-13 години и ја негуваме традицијата...

Continue reading

podvodna elka

Накитена подводната елка

Post Views: 8 Членовите на клубот за подводни активности „Охрид“ и нуркачкиот центар „Амфора“ во Заливот на коските кај Градиште, во Охридското Езеро, традиционално, една недела пред Новата Година ја накитија подводната елка. Спектаклот кој е традиционален и покрај студената вода, не само што не изостана, туку во него се вклучија и најмладите нуркачи кои за прв пат присуствуваа на овој несекојдневен настан. „Искуството е прекрасно и многу ми се допадна и сигурно ќе бидам тука и другите години кога ќе се кити елката. Заедно ја споделуваме радоста за со леснотии да ни помине годината...

Continue reading

d-r Sasho Vasilevski

„Предизвик е да се служи“

Post Views: 2 „Chаllenge to Serve“ или „Предизвик е да се служи“ ќе биде мотото на новоизбраниот гувернер на Лајонс клубовите Дистрикт 132 Македонија, за фискалната 2011-2012 год.  д-р. Сашо Василевски, кој денеска едногласно беше избран со акламација. Василески кој во Лајонс клубот охрид е од 2007 год, поточно од формирањето на првиот лајонс клуб во внатрешноста на Р македонија, негов основач и негов прв претседател. Тој помеѓу лајонсите важи за активен и исплонителен секогаш во кабинетот на гувернери на дистрикт 132 од 2008 год. до денеска. Досега организирал и учествувал во многу...

Continue reading

knigi

Каде да најдеш книга ако не на саем?

Post Views: 0 Охриѓани се почесто другаруваат со книгата. Иако најчесто се жалат на недостиг од време, сепак читателската публика расте. Почнувајќи од денес па до недела читателите ќе имаат можност да се сретнат со книгата на 23-тото меѓународно издание на Саемот на книга кој се одржува во Скопје. Мотото на овој саем е „Подари книга, подари богатство“. За среќа поминува времето кога се чекаа вакви настани за да се купи омилената книга. Се повеќе луѓе одат по книжари, купуваат книги, се посетуваат библиотеки. Сепак брзото живеење и борбата за заработка оставаат се помалку време за...

Continue reading

Premier

Затворени кладилници-необновени лиценци!

Post Views: 2 Како до лиценца за работа? Голем број кладилници не нашле одговор на ова прашање. Измените на законот за игри на среќа ги оскапе лиценците. Добивањето на истите станува уште потешко. Многу кладилници, времено затворени. Нема лиценца-нема работење! Голем дел од кладилниците во градов останаа затворени. Причина, необновена лиценца. Ако случајно поминете покрај некоја од затворените обложувалници, ќе го видите натписот кој вели дека објектот е привремено затворен поради необновена лиценца. Со последните измени на Законот за игри на среќа, за 5 % поскапеа токму лиценците....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top