Ознака: сообраќај

patokaz

Патната делница Подмоље-Струга затворена за сообраќај

Post Views: 4 Поради изведување градежни зафати на патната делница Подмољје-Струга (стар пат), денес до 16 часот овој патен правец ќе биде затворен за сообраќај. Градежните зафати ќе се изведуваат на потегот од Подмољје до Евро хотел поради што сообраќајот ќе биде пренасочен кон магистралниот пат Подмољје-Ќафасан. До возачите на патнички и други моторни возила упатуваме апел за почитување на поставената светлосна сигнализација се со цел безбедно одвивање на сообраќајот на овој патен правец.    {loadposition content9}

Continue reading

plostad

Населбата Рача ќе добие плоштад

Post Views: 0 Во тек се  завршните активности за изградба на мини- плоштадот во населбата Рача. Oд ЈП Градски гробишта, кое е изведувач на градежните активности, информираат дека плоштадот се поплочува со фино обработен гранит, бетонски и  бехатон плочки, по што централниот дел ќе  биде соодветно хортикултурно уреден. На плоштадот ќе биде поставена и фонтана, за која ЈП Водовод- Охрид веќе има обезбедно водоводна инсталација. Од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при Општина Охрид упатуваат апел до урбаните и месните заедници на подрачјето на општината да доставуваат...

Continue reading

sahta

Опасна отворена шахта на пресекот од „Бистрица“ и „Туристичка“

Post Views: 6 Отворена шахта на пресекот на улица „Бистрица“ и булеварот „Туристичка“ потенцијална опасност за охриѓани. Загрижени граѓани ни го посочија овој проблем кој според нив станува уште поопасен во вечерните часови бидејќи токму на оваа локација не функционира и јавното осветлување. Тие велат дека за проблемот се обратиле до локалната самоуправа од каде добиле објаснување дека осветлувањето не се санира бидејќи на тоа место за скоро треба да се гради кружна крстосница. Стапивме во контакт со надлежните служби при МЈП „Проаква“. Директорот на јавното претпријатие не информираше...

Continue reading

zona b

Ќе ја има ли поефтината паркинг Зона Б во централното градско подрачје?

Post Views: 7 Охриѓани во неизвесност дали дел од паркинзите во Зона Б кои со летниот режим на сообраќај беа префрлени во поскапата Зона А ќе бидат вратени во првобитната или ќе останат во моменталната зона. Летниот режим на сообраќај заврши на 1ви Септември, но на овие паркинзи и натаму се наплаќа по ценовникот за паркинзи од Зона А, односно по 30 денари за час. Граѓаните се прашуваат кога паркинзите ќе се вратат повторно во Зона Б, каде за час паркирање се наплаќа по 20 денари. Од претпријатието велат дека постои можност зоните на паркирање да се вратат по старите цени, но исто...

Continue reading

spomenik

Денес се одбележа петгодишнината од најголемата бродска трагедија во водите на Охридското Езеро

Post Views: 0 Денес се одбележа петгодишнината од најголемата бродска трагедија во водите на Охридското Езеро. Пред спомен-плочата на загинатите туристи од Република Бугарија кои настрадаа во потонување на бродот „Илинден“ цвеќе положија делегации на Општина Охрид, на Конзулатот на Република Бугарија во Република Македонија, на Здружението „5ти Септември“, на Капетанијата, како и млади македонски ротаријанци.Бугарскиот конзул во државава Чавдар Младенов не можеше да ги скрие солзите истакнувајќи дека болката и секаќавањето на луѓето кои снастрада на овој ден сеуште се свежи.–Утринава...

Continue reading

legnati policajci

Локалната поставува „легнати полицајци“ низ охридските улици, „Карпош Војвода“ заобиколена

Post Views: 0 Жителите на улицата „Карпош Војвода“ се чини ќе треба да почекаат  за и на нивната улица да се постават сообраќајни грпки или популарните „легнати полицајци“. Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици при локалната самоуправа од вчера започна со поставување на вакви сообраќајни грпки со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот низ охридските улици. Но во списокот со улици на кои истите ќе бидат поставени, ја нема „Карпош Војвода“. Од локалната информираат дека поставувањето на сообраќајните грпки ќе се спроведува во повеќе фази. Во првата, вакви сообраќајни...

Continue reading

znaci Kosta Abras

Ниту летниот режим на сообраќај, ниту СВР не успеаа да се справат со нелегално паркираните кај ул.Коста Абраш

Post Views: 3 Просторот помеѓу улиците Коста Абраш и Цар Самоил повторно преполн со паркирани возила. Оваа спојка подолг период претставува проблем за жителите на Стар град кои често пати не можат да си појдат дома, бидејќи просторот е блокиран од паркираните автомобили. Пред летната сезона Телевизија ТВМ, за овој проблем,   го контактираше  Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици во локалната самоуправа. Од таму не информираа дека проблемот ќе се обидат да го решат со воведувањето на летниот режим на сообраќај и дополнителна патна сигнализација. За воља на вистината, со...

Continue reading

свр

Кривични пријави за злоупотреба на службена положба за две лица од Секторот за комунални дејности

Post Views: 3 СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица Е.С.(59), раководител на Сектор за комунални дејности, сообраќај и улици и З.Ш.(48) советник во Сектор за сообраќај во општина Охрид, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.  Во 2006 година, градоначалникот на општина Охрид донел решение за градење на фекална и атмосферска канализација, што требало да поминува низ приватен имот, сопственост на Џ. А. По ова, Е.С. во периодот од 2008 до 2010 година и З.Ш. од 2009 до 2012 година иако знаеле дека имотно правните односи каде што требало...

Continue reading

pesacki

Охриѓани се жалат на квалитетот на обележаната хоризонтална патна сигнализација

Post Views: 8 Охриѓани се жалат на квалитетот на обележаната хоризонтална патна сигнализација. Иако процесот на бележење на истата сеуште не е завршен, после само 10тина дена откако се започна со бележење, дел од пешачките премини и другата хоризонтална сигнализација на најфреквентната охридска улица, булеварот „Туристичка“ одвај да се препознаваат. Граѓаните со свој став. „Не е добро тоа. Јас не живеам тука. Ама не е добро, ова треба да се поправи.“ „Не изгледаат дека се нови обележани, многу чисти.“ „Не се обележани, но сепак спрема други места добри се.“ „Добро се обележани, ама...

Continue reading

znak

Летниот режим на сообраќај, може да започне!

Post Views: 17 Деновиве, екипи на Секторот за комунална дејност,сообраќај и улици при Општина Охрид во координација со екипи на јавните претпријатија “Охридски комуналец“ и “Нискоградба“ со помош на стручни лица и механизација го воведуваат летниот режим на сообраќај на територијата на општина Охрид. Со жардинјери се ограничува просторот на улицата “Кеј Маршал Тито“ којa во оваа летна туристичка сезона ќе биде вистинско шеталиште. Се поставува и соодветна вертикална сигнализација која укажува на летниот режим на сообраќај и одредбите кои произлегуваат од него а се обврзани да ги почитуваат...

Continue reading

leten rezim

Од утре нов режим на сообраќај во градов

Post Views: 5 Предлог одлуката за организирање на летниот режим на сообраќај на дел од територијата на Охрид, една од најжешките теми на денешната 25та седница на Советот на општина Охрид. Според новиот режим, кој стартува утре, дел од улиците во градов целосно се затвораат за сообраќај, а дел ќе имаат сообраќај само во една насока. Како и изминатите години, забраната за сообраќај се однесува за временскиот интервал од 20 часот навечер до 05 часот наутро за сите граѓани, додека од 5 часот наутро до 20 часот навечер движењето е дозволено за жителите од стариот дел на градот кои поседуваат...

Continue reading

znaci

Охриѓани совесно да се однесуваат кон сообраќајните знаци

Post Views: 24 Се уништува и краде сообраќајната сигнализација низ охридските улици. Локалната самоуправа само пред неколку дена започна со акцијата за поставување нови сообраќајни знаци низ улиците во Охрид. Тие беа поставени на местото на старите, уништени или искршени од неодговорни граѓани, со што на овие сообраќајници беше загрозена безбедноста на учесниците во сообраќајот, вели Љупчо Танески од  Сектор за комунален развој и сообраќај. Додава дека за жал оваа појава продолжува и понатаму и сериозно биле загрижени поради тоа. „Претставув смешно и трагично, меѓутоа такви се навиките...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top