Ознака: сообраќај

soobrajkaj

Нов режим на сообраќај

Post Views: 0 Предлог одлука за измени и дополнувања на одлуката  за организирање на режимот на сообраќај во општина Охрид, помина кај советниците. „Ова решение е составено од сите позитивни досегашни искуства“, истакна градоначалникот Александар Петрески. „Убеден сум дека одлуката за нов режим на сообраќај, претставува голем чекор напред во однос на безбедно одвивање на сообраќајот за сите учесници“, истакна советникот и експерт од областа на сообраќајот и транспортот, Томислав Тунтев. Тој додава дека оваа одлука беше неопходна, се додека не се изработи сообраќајната студија за...

Continue reading

parking

Oграничено влегување, паркирање и запирање на возила во стариот дел на градот

Post Views: 2 Охридските советници наскоро ќе одлучуваат по најновата предлог одлука за организирање на градскиот сообраќаен режим. Стручните служби од локалната самоуправа со измените предвиделе низа новини за одвивање на сообраќајот за поголема безбедноста на пешаците. На градските улици ќе се става ред да нема сообраќаен хаос. Така, на повидок е ограничено влегување, паркирање и запирање на возила во стариот дел на градот.Жителите ќе влегуваат до 20 часот со пропусници, а по 20 часот ќе има забрана за запирање и паркирање на возилата. Кај кружниот тек планирано е да има само движење...

Continue reading

Tanas Tanasoski

Високи казни за се и сешто

Post Views: 6 Високи казни за несовесните возачи кои ќе наводенат пешак. Домаќинствата и правните лица кои во претстојните зимски денови нема да го исчистат својот двор исто така ќе подлежат на ригорозни парични казни. Започнаа врнежливи зимски денови. Неретко граѓаните при своите секојдневни прошетки се жртви на несовесни возачи, кои поради невнимание ги воденат од глава до петици. „Секојдневно тоа ни се случува, а незнаеме каде да се обратиме за помош“, велат тие. Исто така тие не се запознаени со правилникот зацртан со законот за јавна чистота, каде граѓаните кои нема да го исчистат...

Continue reading

znak

Стартува летниот режим на сообраќај

Post Views: 0 Граѓаните признаваат дека летниот режим на сообраќај иако не им е во полза на сите, сепак придонесува за растеретување на сообраќајот во стариот дел на Охрид. Од среда 01 јули стапува на сила Одлуката  за изменување на одлуката за организирање на режимот на сообраќај во општина Охрид, која советниците ја изгласаа на последната седница на совет. Со промената на сообраќајниот режим, на улиците Илинденска, Коста Абраш и Цар Самоил се забранува  секаков моторен сообраќај од 20,00 до 05,00 часот. Сматаме дека со промената на сообраќајниот режим во голема мера ќе се ублажи...

Continue reading

semafor

Од први јули летен режим на сообраќај

Post Views: 1 Советниците денеска ја изгласаа оваа одлука, но со забелешка дека на Охрид му недостасува сообраќајна студија за режим на сообраќај за преку цела година. Советниците ја изгласаа Предлог Одлуката  за изменување на одлуката за организирање на режимот на сообраќај во општина Охрид. Градските избраници денес презентираа идеи за подобро организиран сообраќај во Охрид, но сепак на крај дадоа зелено светло за летниот режим на сообраќај, идентичен на оној од мината година. Советничката од НСДП, Верица Хајба, не се согласува со моменталниот статус на сообраќајниот режим иако...

Continue reading

merac

Зголемување на безбедноста на сообраќајот

Post Views: 2 Локалната со  бројачи на брзина  ќе ја зголемува безбедноста во сообраќајот На пресекот од Булевар Туристичка и улицата Даме Груев, локалната самоуправа пред три месеци постави два бројачи  за мерење брзина на едно  од покритичните места  во градот. Советникот за сообраќај, Зоран Шикалоски вели дека на овој начин ги предупредуваат возачите доколку ја пречекорат дозволената брзина да ја усогласат со максимално дозволената. Од оделнието за собраќај при локалната самоуправа кои го организираат  сообраќајниот режим во градот планираат на Булевар Туристичка да постават бројачи ...

Continue reading

Започна акцијата за јакнење на јавната свест за безбедноста во сообраќајот

Post Views: 3 Започна акцијата за јакнење на јавната свест за безбедноста во сообраќајот. Целта на акцијата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ е да ја подигне свеста на возачите и да едуцира во полето на сообраќајната култура и безбедноста во сообраќајот. Посебно тоа се однесува на најмладите, децата. Оваа акција започна од Охрид каде првачињата од сите основни училишта во градов практично можеа да видат што е тоа зебра, сообраќајна сигнализација, а имаа и непосреден контакт со сообраќајните полицајци. Носител на акцијата е Републичкиот завод за безбедност кој секоја година организира...

Continue reading

СВР Охрид им ветува поголема безбедност на учениците

Post Views: 5 Униформирани полициски службеници денес можеа да се забележат како патролираат во близина на основните и средни училишта. Причина е подигањето на степенот на безбедност на учениците при доаѓањето и заминувањето од училиште. „ Секогаш ја преминувам улицата на пешачки премин, но возачите некогаш застануваат, некогаш не“ – велат основците. Со цел да се спречат било какви инциденти во близина на училиштата, од СВР- Охрид започнаа превентивно да дејствуваат. Се опоменуваа учесниците во сообраќајот кои не се придржуваа на пропишаните правила и прописи. Се делеше и...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top