Ознака: сообраќај

ПОРАДИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ОГРАНИЧЕН СООБРАЌАЈ НА „АСНОМ“

Post Views: 3 Општина Охрид ги известува сите учесници во сообраќајот дека од денес (21.10.2019 г) целата улица „АСНОМ“ или нејзини делови ќе биде затворени за сообраќај во одредени периоди од денот поради изведба на градежни активности. Се молат сите учесници во сообраќајот да го избегнуваат овој потег за сообраќање со цел непречено да се реализираат предвидените активности.

Continue reading

АМСМ: Измени на режимот на сообраќај кај Подмоље

Post Views: 4 Г.П. Илинден-Струга известува дека од 12.04.2019 поради изведување на градежни работи, изградба на натпатник за ТИРЗ зоната Струга на регионалниот патен правец А2 с.Подмоље – Струга ќе има времен режим на сообраќајот. На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Г.П. Илинден – Струга известува дека од 16.02.2019 (сабота) поради изведување на градежни работи на пат, регионалниот патен правец Р1208 Охрид – Струга, на делот од с. Подмоље до Еврохотел – Струга, ќе биде затворен за сообраќај за сите видови на возила до завршување на градежните работи....

Continue reading

НАЈМЛАДИТЕ ЈА ПРЕНЕСОА ПОРАКАТА ЗА БЕЗБЕДЕН СООБРАЌАЈ

Post Views: 8 Со соодветни транспаренти во рака дечињата згрижени во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, продефилираа низ централните градски улици и кејот и се вклучија во одбележувањето на Европската недела на мобилност. Настојувајќи да покажат дека и тие се учесници во сообраќајот кои сакаат да биде многу побезбеден без возила тие ја пренесоа пораката „Рака за рака“. Во рамки на Европската недела на мобилност што се одбележува од 16 до 22 септември, утре во период од 10:30 до 12 часот ќе биде промовиран проектот „ Паркинзи за велосипеди“. Според предвиденото на девет локации во Охрид ќе бидат...

Continue reading

Посебен режим на сообраќај поради „Ohrid calling“

Post Views: 2 Од локалната самоуправа информираат дека поради одржување на манифестацијата „Ohrid calling 2019“ од 01.08.2019 до 05.08.2019 година, целосно ќе биде затворен за сообраќај кракот од улица „Кленоец” што минува низ касарната, од влезот во касарната до излезот кон улица „Радојца Новичиќ”. Се апелира до сите учесници во сообраќајот, кои ќе се движат во близината на овој потег да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и времениот режим на сообраќај.

Continue reading

Од денес во стариот дел на градот се вози по нов режим на сообраќај

Post Views: 0 Од денес во стариот дел на градот се вози по нов режим на сообраќај. системот функционира, картичките се реевидентирани па засега нема некои поголеми проблеми, велат од Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта. Картичките се издадени по основ на 4 категории, на правни лица, станозидавачи, жители кои постојано живеат во тој дел од градот и граѓани кои имаат куќи, а не и постојано живеалише во Охрид. За обезбедување на рампите се ангажирани лица од општината, а дополнително по потреба ќе се вклучува обезбедувањето кое се грижи за јавниот паркинг. Влезот на такси...

Continue reading

Измени во режимот на сообраќај во дел од стар град

Post Views: 3 Поради изведување на градежни зафати за санација на мрежата за атмосферска канализација, почнувајќи од 17.06.2019 ( понеделник) па во наредниот период, делот на ул. „Коста Абраш“ на потегот од пресекот со ул „Самоилова“ па се до Долна Порта ќе биде целосно затворен за сообраќај во периодот од 07 до 17 часот. Се молат граѓаните и учесниците во сообраќајот да се придржуваат до известувањето и да ја почитуваат времената собраќајна сигнализација.

Continue reading

Нови зони и цени за паркирање ќе стартуваат со новиот летен режим на сообраќај

Post Views: 1 Зонското паркирање и висината на цените за користење на јавниот паркинг простор беа дел од денешните точки на Дневен ред на градскиот совет. Со новиот летен режим на сообраќај се предвидуваат измени во зоните на паркирање. Тие треба да стават ред во сообраќајниот метеж кој се јавува во екот на туристичката сезона. Од ова лето ќе има зона А која ќе остане само на улицата Македонски Просветители, а се проширува зона Б со поевтина цена на паркинг од досегашната. Се воведува и премиум зона на паркирање на потегот од пошта до кружниот тек во центарот на градот по цена од...

Continue reading

Трибина за режимот на сообраќај во „Стар град“: Варошани сметаат дека треба да има рампи

Post Views: 5 Трибината за  режимот на сообраќај во стариот дел на Охрид ја наполна  големата општинска сала. Жителите на Стар Град пред Градоначалникот Константин Георгиески ги искажаа своите забелешки и мислења за сообраќајот и проблемите со кои се соочуваат во летната туристичка сезона. Поголемиот дел варошани согласни да има рампи. Ова се дел од дискусиите на присутните на трибината: “ Кога се воведоа рампите сите бевме против. Но кога се отстранија рампите увидовме дека Варош подобро функционирал со рампи и во тоа сите се согласуваме. Картичките да се издаваат врз основа на...

Continue reading

spogodba

Поедноставни гранични процедури во железничкиот сообраќај

Post Views: 5 Во рамките на денешната заедничка седница на Владите на Република Македонија и Република Србија оддржана во Скопје,  министерот за транспорт и врски, г-дин Миле Јанакиески и Потпретседател на владата и министер за сообраќај, градежништво и инфраструктура, Зорана Михајловиќ ја поптшиаа спогодбата за утврдување на граничните процедури за железничкиот граничен премин Табановце – Прешево. Спогодбата има за цел поедноставување на извршувањето на граничните процедури и скратување на временскиот период на задржување на возовите на граничниот премин во железничкиот сообраќај....

Continue reading

На патниот правец Подмоље-Струга утре се воведува времен режим на сообраќај

Post Views: 0 Поради изведување на градежни работи, на патниот правец Подмоље-Струга утре се воведува времен режим на сообраќај. Од градежното претпријатие „Илинден“-Струга информираат дека од утре, 12-ти април, поради изведување на градежни работи изградба натпатник за тирз зоната Струга на регионалниот патен правец А2 Подмоље – Струга ќе има времен режим на сообраќајот.На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Continue reading

Посебен режим на сообраќај на патниот правец А2 Кичево-Охрид

Post Views: 0 Од утре се најавени градежни работи за рехабилитација на асфалтот на патниот правец А2 Кичево-Охрид, на потегот помеѓу планинскиот превој „Пресека“ и селото Песочани. – Сообраќајот ќе се одвива под посебен режим со преминување од една во друга коловозна лента. На местата на изведување на работите ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација, информираат од ЈП „Македонија пат“.

Continue reading

ohrid-resen

Сезонско затворање на патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица

Post Views: 10 Патниот правец Охрид- Ресен преку Галичица –Р-504 подолги години во зима е затворен за сообраќај, велат од АМСМ. Од пред неколку зимски сезони, дозволено е движење на возила само до излетничкиот комплекс Корита во должина од девет километри. Патниот правец кој преку Галичица води до Отешево е многу опасен, не само во зима, туку и во летниот период.– Не само во зимски услови, туку и при редовното одржување се соочуваме со низа проблеми зашто се работи за планински масив и регионален пат кој е непријатен. Во секое време има одрони, но и други проблеми кои можат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top