Ознака: собранието

Собранието денеска ќе гласа за намалување на ДДВ за струјата

Post Views: 1 Но, и пратениците да дадат зелено светло, на граѓаните во изминативе 15 дена, како што соопштија од ЕВН, ќе им се пресметува повисока цена на струја за 12,3 проценти и 18 проценти ДДВ во зависност од тоа кога се читаат броилата за потрошена електрична енергија. Од 1 јули важи повисоката цена на струјата од 12,3 проценти која ја одобри Регулаторна. Тоа значи дека од почетокот на месецов до датумот кога Законот ќе стапи на сила граѓаните ќе плаќаат повисока цена за киловат час и 18 проценти ДДВ. Џафери изјави дека ако пратениците брзо го донесат Законот веднаш ќе го прати...

Continue reading

Собранието ја избра новата Влада, Ковачевски е премиер

Post Views: 10 Со 62 гласа „за“, 46 „против“ и без воздржани пратениците во Собранието ја изгласаа новата македонска Влада која ќе ја предводи новоизбраниот премиер Димитар Ковачевски. Два дена траеше дебатата меѓу пратениците. Опозицијата не го поддржа новиот владин состав, наведувајќи дека тој нема легитимитет и сметаат дека ќе ги продолжи политиките на претходната Влада на Зоран Заев. Тие бараат да бидат организирани брзи предвремени парламентарни избори. Пратениците кои ја поддржаа Владата, велеа дека таа црпи легитимитет од парламентарните избори во 2020 година. Гласањето за...

Continue reading

МОСТ го објави извештајот од Индексот на одговорност, транспарентност и продуктивност на Собранието на РМ

Post Views: 4 Граѓанската асоцијација МОСТ ја набљудуваше работата на Собранието на РМ. Подготвен беше Индекс на одговорност, транспарентност и продуктивност на Собранието и отворање на дебата за улогата на Собранието во постапката за донесување на закони и потребата од вклучување на сите засегнати страни во истата. Во првиот извештај на МОСТ, посочени беа заклучоците кои се однесуваат на законодавните постапки и фреквенцијата на изменување на законите, работата на комисиите и работата на пратениците.Овој извештај се однесува на претходниот состав на Собранието, анализата на законодавните...

Continue reading

ИДСЦС: Собранието усвојувало „европски закони“ со заобиколување на процедурата

Post Views: 8 Во годишниот извештај за работата на Собранието во 2016 година се вели дека Собранието донело вкупно 14 закони кои произлегуваат од Национална програма за усвојување на правото на Европската Унија и претставуваат усогласување со правото на ЕУ. Притоа, симптоматично е што 13 закони воопшто не се разгледувани на седница на Комисија за европски прашања, за истите нема европско знаменце, нема изјава за усогласеност ниту коресподентна табела, иако се прикажани како „европски“ закони. Ова се дел од клучните наоди на истражувачите на ИДСЦС објавени во краткиот документ за јавни...

Continue reading

Осомничените за насилствата во Собранието, денес пред суд

Post Views: 7 Денеска се очекува деветмина од осомничените за насилствата во Собранието на Македонија на 27 минатиот месец да бидат изведени пред Суд. Обвинителството ги товари за учество во топла. Пратениците од парламентарното мнозинство, како и дел експерти, сметаат дека делото треба да се преквалификува во потешко дело. Досега неколкумина пратеници дале исказ во Основното јавно обвинителство, а вчера исказ даде и претседателот на Собранието Талат Џафери. Во Основното јавно обвинителство повикани се и двајца пратеници од ВМРО ДПМНЕ.

Continue reading

Собранието го донесе законот за дополнително финансирање за автопатот Кичево-Охрид

Post Views: 3 Собранието на Република Северна Македонија со 68 гласа „за” денеска го изгласа Предлог-законот за гаранција на РСМ на обврските по договорот за заем за дополнително финансирање за проектот за изградба на автопат – делница Кичево – Охрид што ќе се склучи меѓу Експорт-импорт банката на Кина и Јавното претпријатија за државни патишта што се носи по скратена постапка. Законот предвидува склучување на трет анекс на Договорот за дополнително финансирање на изградбата на автопатот Кичево – Охрид во висина од 179 милиони долари. Собраниската 116. седница продолжи со измените...

Continue reading

ЈО денес поднесува обвинение за насилствата во Собранието на 27 април

Post Views: 5 Државното јавно обвинителство денеска ќе поднесе обвинение до надлежен суд за упадот , нередите и бруталниот напад врз тогаш опозициските пратеници во Собрание на РМ , што се случи на 27 април, минатата, 2017 година. Обвинителниот акт опфаќа 36 лица, меѓу кои и поранешниот прв човек на МВР, Митко Чавков, пратениците на ВМРО ДПМНЕ Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски, оперскиот пејач Игор Дурловски, Богдан Илиевски, Борис Дамовски и други директни извршители од кои некои се наоѓаат се уште во истражниот затвор Скопје. Вчера беа пуштени од...

Continue reading

Собранието на раб на инцидент го изгласа законот за јазиците

Post Views: 1 Со 64 гласа мнозинството го донесе Законот за јазиците. Претходно дојде до инцидент помеѓу Џафери и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во обид тој да му ја одземе картичката на претседателот на парламентот. Со вода беше испрскан претседателот Џафери од Груевски кога спикерот почна да ја отвора расправата за Законот за употребата на јазиците. Веднаш интервенираше собраниското обезбедување откако Груевски и уште неколку пратеници од ВМРО ДПМНЕ се втурнаа кон Џафери. По интервенција на обезбедувањето, Џафери ја напушти салата. Претходно, координаторот на пратеничката...

Continue reading

Започна приведувањето на осомничените за насилството во собранието

Post Views: 4 Седум од засега 15 лица кои се осомничени дека биле иноволвирани во нередите во Собранието се лишени од слобода, пренесува Алсат-М. Камерата на Алсат-М го забележа спроведувањето на дел од нив во скопскиот кривичен суд. Нивниот идентитет засега не е познат, но според кредибилни информации станува збор за лица кои директно учествуваа во насилството над пратениците. Неофицијално, еден од приведените е инспектор во Управата за безбедност и контраразузнавање. Основното јавно обвинителство првично ги товари за кривично дело учество во толпа што ќе спречи службено лице во...

Continue reading

Собранието го усвои Законот за заштита на населението од заразни болести

Post Views: 1 Собранието доцна синоќа ги усвои измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести и истиот ќе стапи на сила по објавување во Службен весник. Законот предвидува носење лична заштита на лицето и тоа: респираторна маска, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично, при излегување надвор од домот односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори...

Continue reading

ЕУ и САД го поздравија изборот на Талат Џафери за претседател на собранието

Post Views: 6 Oсуда, повик за смирување и повик до полицијата да обезбеди безбедност за сите, реагираат високата преставничка за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан. “Со најсилни зборови ги осудуваме нападите кои се во тек врз членовите на Парламентот во Скопје. Насилството во Парламентот е целосно неприфатливо и повикуваме на смиреност и воздржување. Министерството за внатрешни работи и полицијата мораат да осигураат безбедност во Парламентот и неговите членови. Демократијата мора да продолжи по нејзиниот тек. Ние позитивно го поздравуваме изборот...

Continue reading

Суспендирани над 20 лица во МВР поради случувањата во Собранието на 27 април

Post Views: 0 Mинистерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, претстави дел од наодите во класифицираниот извештај на работната група за крвавиот четврток, во Парламентот соопштувајќи наедно дека почнале постапките за утврдување  одговорност за намерните пропусти во МВР. Извештајот, според Спасовски, потврдил дека МВР е партизирано, нешто на што тој предупредуваше кога беше технички министер со оценка дека сè додека оваа институција работи според партиски интереси не ќе може да функционира нормално. „Очигледно е дека некој ја злоупотребил својата положба и со тоа го овозможил нападот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top