Ознака: сметаат

maz pegla

Мажите кои работат домаќински работи се поагресивни

Post Views: 34 Женското инсистирање мажите да работат домаќински работи кои традиционално се сметаат за женски, кај мажите буди агресивност – утврдило истражувањето на Универзитетот Јужна Флорида. Така разговорите за рамноправна распределба на работите може да се претворат во големи расправии, бидејќи мажите се плашат дека нивната мажественост може да биде загрозена. Агресијата на мажите често е тактика со која тие му угодуваат на своето его, за самите себе си да си докажат дека се вистински мажи – објаснуваат експертите. Таквите реакции можат да бидат предизвикани од...

Continue reading

vitaspring

Шест години постоење за единствената специјализирана продавница за здрава храна во градов, Витаспринг

Post Views: 3 На шестгодишнината од постоењето на Витаспринг, единствената специјализирана продавница за здрава храна во градов, сопствениците сметаат дека веќе се менуваат навиките кај охриѓани за правилна исхрана. Според сопственикот Димитар Арнаудоски, почетоците биле тешки, меѓутоа со тек на време, охриѓани ја разбрале вистинската вредност на здравата храна. Покрај основните производи од здравата храна како што се житариците, во Витаспринг се нудат и чаеви, сушени овошја, но и здрави производи за спортисти. „Нормално со тек на време охриѓани сфаќаат кои се придобивките на здравата...

Continue reading

lotos

Студијата ЛОТОС ќе ја испитува корупцијата во Охрид, Струга, Вевчани и Кичево

Post Views: 1 Оваа студија се изготвува во рамки на проектот „Размена на најдобрите практики од ЕУ за следење и спречување на корупцијата на локално ниво“ што го спроведува ,,Локалната агенција за развој’’ од Струга во партнерство со ,,Центарот за истражување и креирање политики (CRPM)’’ од Скопје. Според Локалната агенција за развој, главната цел на овој проект е промовирање на практиките за антикурупција и добро владеење на локално ниво. Од таму сметаат дека со спроведувањето на овој проект ќе се подигне нивото на свесност и познавањето на граѓанското општество, но и дека ќе се...

Continue reading

dzubre

Наместо зеленило, смет

Post Views: 11 Наместо уредено зеленило, купишта смет расфрлан насекаде.  Ваква е секојдневната слика на дел од ул. Карпош Војвода, каде што до израз очигледно доаѓа негрижата на станарите од околните станбени комплекси во тој дел. Наместо во садовите предвидени за комунален смет, едни ѓубрето го фрлаат од терасите а други пак следејќи го лошиот пример само го оставаат преку оградата. Покрај комунален отпад на тоа место не ретко се одлага и градежен шут, па оттука совесните граѓани ги повикуваат надлежните инспекциски служби да излезат од канцалариите, бидејќи сметаат дека во делови...

Continue reading

Итна експедиција поради дупка во Земјата

Post Views: 1 На полуостровот Jamal се појавила 79 метри широка дупка, а руските научници организирале итна експедиција која треба да пристигне во Сибир и да ја истражи мистериозната дупка која одеднаш се појавила во тој дел на земјата. Како што пишува Daily Mail, на полуостровот Jamal се отворила 79 метри широка дупка, а причините за тоа сеуште не се знаат. Веќе се појавиле теории на заговор спрема кои тврдат дека причината е НЛО. Сепак, повеќе веројатно е дека причина за отворање на дупката е глобалното затоплување поради кое гасот пробил на површината и предизвикал експлозија. Некои...

Continue reading

Израелскиот ракетен штит се покажа непробоен, дознајте зошто

Post Views: 6 Во последниот ракетен напад над Израел, Хамас индиректно успеал да убие една стара жена, која барајќи засолниште доживеала срцев удар. Од друга страна, израелскиот противнапад беше стотина пати поубоит, бидејќи во него загинаа преку стотина Палестинци, додека 500 се ранети. Ова е односот на жртвите на двете завојувани страни, а Израел на тоа може да му се заблагодари исклучиво на својот ракетен штит. Но кој управува со него и зошто е толку ефикасен пишува новинар на Business Week. Потполковникот Assaf Librati, кој е портпарол на израелските одбранбени сили, појаснил...

Continue reading

Идејата за четиридневна работна недела е сѐ погласна

Post Views: 7 Анкетата на Spectrum group спроведена помеѓу бизнисмените кои располагаат со средства поголеми од еден милион долари, покажала дека 69% од нив се залагаат за бришење на еден работен ден. Жените милионери се во предност на оваа анкета, т.е. 82% од нив сметаат дека права мерка се четири работни дена во неделата. Сепак, како што пренесува NBC кратката работна недела подразбира подолго работно време. Повеќето анкетирани сметаат дека за нивната работа и понатаму се потребни 40 часа неделно, но на луѓето повеќе им одговара да работат 4 дена по 10 часа. За 4 дневна работна...

Continue reading

detstvo

Охрид знае како да се промовира

Post Views: 2 Хотелиерите и угостителите од Охрид, Струга и Поградец, на свој начин учествуваа во одбележување на Денот на езерото. Штандовите со рекламни материјали, но и штандовите со рибни специјалитети, домашни ракотворби, како и сувенири, покажаа дека трите крајбрежни града, има што да им понудат на туристите.  Угостителите од струшко Радожда ги имаа изложено дел од специјалитетите на нивната куќа. За нив ваквите манифестации биле од големо значење, но семтаат дека треба да има повеќе настани од ваков тип. „Ние како претставници на рибни ресторани, односно го претставуваме нашиот...

Continue reading

Долги затворски казни за користење Фејсбук

Post Views: 2 Судот осудил осум лица на затворски казни од 7 до 20 години затвор за повеќе кривични дела меѓу кои е и антирежимската пропаганда во Иран на Фејсбук, објавил денес опозицискиот ирански Калеме. Калеме, кој не го навел изворот на објавениот извештај, напишал дека осум корисници на Фејсбук минатата недела се осудени на вкупно 123 години затвор. Тие се обвинети за “навреда на врховниот водач (ајатолахот Али Хамнеј) и иранските власти, активности против режимот и ширење лаги”, објавил Калеме. За сега нема официјална потврда на судската пресуда и не беше можно да се провери...

Continue reading

edrilici

2012 успешна, во 2013 нови предизвици за ЕК „Бофор“

Post Views: 2 Едриличарите од охридскиот клуб „Бофор“ изминатава година со своите едрилици пловеа низ многу води. 2012 година воглавно ја сметаат за успешна година, пред се поради своите бројни настапи. По одредени класи, едриличарите од „Бофор“ зеле учество и на европски и на светски првенства. Тоа учество го сметаат за драгоцено искуство за во иднина. Освен што учествуваат со свои едра, тие се покажаа и како добри домаќини. „Организацијата на Илинденската регата оваа година беше во помал обем, поради помалото присуство на гостите од другите држави бидејќи беше и олимпијадата во...

Continue reading

banka za podrshka i razvoj

Финансиска инјекција за малите и средни претпријатија

Post Views: 7 Македонската банка за подршка и развој  како лек за рецесијата,  нуди поволни кредитни линии. Овој пат пациенти се малите и средни претпријатија од областа на земјоделието. Од Стопанската комора пак посредуваат во објаснувањето на условите за користење на овие кредитни линии како и потребната документација за истите. Тие сметаат дека кредитните линии се поволни и дека треба максимално да бидат искористени, посебно во услови на рецесија од која сите се зафатени. „Па нормално кај малите и средни претпријатија е поизразен тој притисок од рецесијата што еве ја зафати и нашата...

Continue reading

evn Ohrid

Граѓаните гневни поради поскапувањето на струјата

Post Views: 13 9,83 проценти. Ова е релативната бројка која апсолутно секој граѓанин деновиве ја сонува како најстрашен кошмар. Токму за 9,83 проценти поскап стана најкористениот енергенс во земјава, електричната енергија. Заедно со новото поскапување, како сол на рана дојде и одлуката на Регулаторната комисија  да се укине ефтината тарифа, која важеше од 13 до 16 часот секој ден освен недела. Од сега, изгледа ќе си готвиме во доцните вечерни часови. А Септември е толку блиску. Токму во Септември ќе пристигнат и првите сметки по новата цена, а граѓаните, уште сега во шок и неверување....

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top