Мажите кои работат домаќински работи се поагресивни

Женското инсистирање мажите да работат домаќински работи кои традиционално се сметаат за женски, кај мажите буди агресивност – утврдило истражувањето на Универзитетот Јужна Флорида.

 |  Маја Савиќ  | 
maz pegla
маж пегла

maz cistiЖенското инсистирање мажите да работат домаќински работи кои традиционално се сметаат за женски, кај мажите буди агресивност – утврдило истражувањето на Универзитетот Јужна Флорида. Така разговорите за рамноправна распределба на работите може да се претворат во големи расправии, бидејќи мажите се плашат дека нивната мажественост може да биде загрозена.

maz gotviАгресијата на мажите често е тактика со која тие му угодуваат на своето его, за самите себе си да си докажат дека се вистински мажи – објаснуваат експертите. Таквите реакции можат да бидат предизвикани од големи случувања, како што е отказот од работа, по кој можат да сметаат дека не се доволно способни да се грижат за семејството, или пак од помали случувања, како барањето на нивните партнерки за поминат со правосмукалка низ домот.

Големо влијание на силината на ставот на мажите за традиционалната поделба на работите и половите разлики има семејството во кое израснал, па мажите одгледани да извршуваат домаќински работи нема да ги доживуваат како напад на својата мажественост.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top