Ознака: случи

izgorena krava

Жута го бара ветеното

Post Views: 7 Ади Жута од Велешта, живее шест месеци во неизвесност. Откако до темел му изгоре краварската фарма во струшкото село Добовјани, со што претрпел штета од 210 000 илјади евра, тој чека помош од државата. Досега во пресрет му излегла Локалната од Струга, со кој гест тој е задоволен. „Од државата после два три дена од трагедијата што се случи на фармата, ми ветија дека ќе ми помогнат и од Министерството и Владата и сега чекам реализација. Инаку од општина Струга она што Советот го изгласа да ми помогнат со 300 000 илјади денари пола ми дадоа, но секој ден чекам да рестартирам...

Continue reading

Dukadinka

Дедо Mраз во домот на Дукадинка Рајчиноска

Post Views: 8 Успешна трансплантација на бубрег. Дукадинка Рајчиноска, која години наназад живееше на апаратите за дијализа, сега нема потреба од нив. Денес со полни раце подароци по повод престојните празници, во нејзиниот дом во струшкото село Мислешево, во посета беа од НВО „Езерка“. Како што кажува Драгица Павлеска Попеска од Езерка, Дука е нивна долгогодишна пријателка и често од хуман аспект и помагаат онолку колку што се во можност.Дукадинка со нетрпение не дочека. Таа е пресреќна што помина едно големо премрежје во нејзиниот живот, и сега зад себе ги остави апаратите за дијализа...

Continue reading

kutanoski

Плата ќе има за да не дојде до штрајк

Post Views: 1 Од синдикатот на ЈП „Комунално“, Струга деновиве најавуваат штрајк, поради неколкуте неисплатени плати на вработените. Ваквата реакција на вработените во ЈП „Комунално“, Струга, не е прв пат да се случи, посебно откако во фотељата седи актуелниот директор. Од истиот синдикат има информација дека општина Струга на ЈП „Комунално му должи 300 000 евра. Овој податок пак го негира градоначалникот на Струга Рамиз Мерко и вети дека и овој пат ќе го извлечка од кал претпријатието и дека нема да дозволи да се случи штрајк. {loadposition content9}

Continue reading

logo

Тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Струга – Дебар

Post Views: 1 Во тешка сообраќајна несреќа што се случи ноќеска на регионалниот пат Струга-Дебар загина 29-годишниот Агрон К. од Струга. Несреќата се случила околу 3 часот и 50 минути во близина на струшкото село Велешта. Стружанецот кој управувал автомобил БМВ изгубил контрола над возилото и удрил во ѕид од куќа по што починал на лице место. Повреден е и неговиот сопатник, 42-годишниот Б.В кој бил веднаш  пренесен и задржан на лекување во Општата болница во Струга. {loadposition content9}

Continue reading

spomenik

Никогаш повеќе да не се случи

Post Views: 6 Акростих за незаборав. „Во една наша нема солза, цело езеро рика во гнев и бол“. Ова е испишано на една од четирите плочи на споменикот „Скалила“, кој неделата беше откриен во чест на тројцата стружани кои трагично ги загубија своите животи од струен удар. На споменикот во вид на буквата „И“, со акростих на Венко Андоноски, се испишани и останатите три плочи така што секој стих започнува со почетната буква од имињата на настраданите. И денес после година дена од немилиот настан времето плаче. Тешко може да се смири болката од загубата на тројцата другари, за чија што...

Continue reading

teatar

„Стариот“ театар вечерва ја чека својата публика

Post Views: 2 Со изведба на фрагменти од повеќе претстави на Македонскиот народен театар, во петок, министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска, ќе ја отвори новата театарска зграда на објектот „Стар театар”, кој свечено ќе биде примопредаден на Националната установа Македонски народен театар. Отворањето на новиот објект ќе биде одбележано со изведба на фрагменти од повеќе претстави на Македонскиот народен театар, со изведба на фрагменти од претставата „Вечната куќа”, по текст на Јордан Плевнеш, со која во септември свечено ќе биде отворена новата театарска сезона,...

Continue reading

На булевар „Туристичка“ се случи сообраќајна несреќа, повредено едно лице

Post Views: 10 Уште една сообраќајна незгода во градов. Попладнево, околу 13.30 часот на булеварот „Туристичка“ во близина на училиштето „Григор Прличев“ се  судрија моторцикл и патничко моторно возило. Моторциклистот поради силината на ударот бил исфрлен на коловозот поради што се здобил со телесни повреди и итно е пренесен во охридската општа болница. Во сообраќајната незгода учесник е еден моторциклист кој најверојатно во момент на невнимание удрил во паркирано патничко возило од десната страна на булеварот Туристичка. Се случил пад при што се здобл со телесни повреди и нагмеченици...

Continue reading

Vlada na R.M

Собранието на Р.М утре ќе гласа за кадровски промени во неколку министерства

Post Views: 8 Нова реконструкција во владиниот кабинет. Ќе се менуваат министрите во неколку министерства, од кои секако најзвучната промена ќе се случи во министерството за образование. Досегашниот министер за образование, Панче Кралев, поради лични и семејни причини поднесол оставка до премиерот на Република Македонија, Никола Груевски. Како што пренесуваат националните медиуми, Кралев оставката до премиерот ја поднесол  уште во месец Април, а функцијата министер за образование ја извршуваше од месец Јули 2009та година. Според информации од владата, Кралев во иднина ќе му биде советник...

Continue reading

monstrum

Продолжува судскиот процес „Монструм“

Post Views: 1 Судењето на осомничените за петкратното ѕверско убиство на четирите момчиња од Радишани и на повозрасниот рибар кај Смиљковското езеро, кое се случи пред една година на 13 април, продолжува денеска. Иако последните рочишта за случајот „Монструм“ беа затворени, се очекува денеска судењето да биде отворено за јавноста и да бидат испрашани сведоците на трагичниот настан. На претходните рочишта беа разгледувани посебните истражни мерки, односно транскриптите од телефонските разговори на обвинетите. Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, првообвинети во „Монструм“ , сè уште се наоѓаат...

Continue reading

joleski,nimiz i vasilakis

Спорот за името повторно на маса

Post Views: 1 Ден по изборите,на 8 и 9 април ќе се случи нова средба на преговарачите Јолевски и Василакис, кои треба да дојдат до конкретна завршница на долгогодишниот спор за името. Метју Нимиц, посредникот на ОН во спорот со името ги поканил преговарачите на Македонија и на Грција Зоран Јолевски и Адамнтиос Ваилкис на преговори во Њујорк на 8 и 9 април – а портпаролот на Нимиц соопшти дека преговорите почнуваат веднаш по завршувањето на изборите. Од кабинетот на Нимиц информираат дека поканата била прифатена, а средбите ќе се одржат во седиштето на Обединетите нации во Њјорк, САД. {loadposition...

Continue reading

Google потврди нудење услуги како мобилен оператор

Post Views: 1 За тоа дека Google наредните месеци ќе заплови во водите на мобилни оператори се шпекулираше подолго време, а конечната потврда дека тоа навистина ќе се случи пристигна од Mobile World Congress (MWC) кој се одржува во Барселона. Токму таму потпретседателот за Google и Android, Sundar Pichai потврди дека компанијата ќе почне пробен период со своја мобилна мрежа и дека тоа, спрема неговите зборови, би требало да се случи пред крајот на годината. Со оваа најава, Pichai, веднаш се обидел да ги смири страстите велејќи дека “Google не е конкуренција на постоечките мобилни...

Continue reading

sudenje ubistvo

Блиску до разоткривање на мотивот

Post Views: 2 Крај или почеток на расветлување на кривично правен настан. На денешниот судски претрес во врска убиството на Џемаил Исмаили кое се случи на 30. 08 минатата година беше сослушан еден од клучните сведоци Ади Крека, виш инспектор при СВР Охрид и Др. Владо Кочоски вешто лице. „Доказите се речиси исцрпени и се наѕира крај и на доказната постапка и на расветлување на целиот настан“, изјави Димитрија Цобоски бранителот на оштетениот Мефаил Исмаили. Тој додаде, дека исказите на сведоците, кои имале сознанија за случувањата кои претходеле на кривично правниот настан и сведочењата...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top