Ознака: синоќа

Matija

Почина познатата треварка Матија Пауновски

Post Views: 22   Во 79-та година во животот во Мостар, Босна и Херцеговина, синоќа почина познатата треварка Матија Пауновски, соопшти нејзиното семејство. Матија Пауновски е родена во семејство кое повеќе од 150 години се занимава со собирање лековите билки. По потекло од БиХ, оваа треварка беше позната во сите краеви на поранешна Југославија. Дел од својот живот таа помина во Охрид и Македонија, каде беше позната по чаевите за слабеење, но и по лековитите напитоци за превенција и борба против многу болести. Матија беше член на светската асоцијација за превентива и алтернативна медицина....

Continue reading

Struga incidenti

СВР работи на расчистување на синоќешните инциденти во Струга

Post Views: 1 Група од повеќе жители на Струшкото село Враништа синоќа околу 23.30 минути го блокираше регионалниот пат Струга – Дебар. Инцидентот предизвика  попречување на нормалниот проток на сообраќајот на овој патен правец.  На 50 тина метри од овој инцидент друга група на граѓани жители на Велешта, но и Октиси и Лабуништа извршиле собирање со цел да го изразат револтот од претходното блокирање  на регионалниот пат. „Со навремена и брза интервенција на полициските службеници спречен е конфликт кој можел да прерасне и во поголем инцидент. На ова бликирање му претходело нарушување...

Continue reading

mitingsdsm

Петрески по трет пат ја побара довербата на охриѓани

Post Views: 11 Охрид не го даваме. Вака се обрати Александар Петрески кандидатот за градоначалник на опозицискиот фронт „Сојуз на иднината“ , на митингот кој синоќа се одржа на градскиот плоштад, од каде што всушност Петрески и официјално ја започна својата кампања. Петрески на своите симпатизери кои вчечра излегоа во голем број да го поддржат, им предочи дека следуваат многу непроспиени ноќи, тешки утра и уште потешки денови, за да успеат во намерата да се зачува светоста на градот. Тој исто така со остра реторика во неколку наврати се обрати до Премиерот Груески.   „Само премиер...

Continue reading

opozicija protesti

Граѓанскиот парламент и вчера повторно ги собра охриѓани

Post Views: 1 На граѓанскиот парламент синоќа се зборуваше за демократијата и за тоа колку ја има во Македонија за случувањата во здравството, новинарството и како што беше кажано недемократичнота во однесувањето на централната власт према локалната власт во Охрид со одземање на ингеренции.  Сепак најголемо внимание кај присутните привлече изјавата на градоначалникот кој законот за туристички зони го нарече најава за повторна национализација на имот на граѓани, црквата и на имот на општина Охрид. „Се донесоа такви закони со кои  национализација која беше од 1946 год е многу помала...

Continue reading

krazba zlatara

Ограбена златарата „Голд“ во Охридската чаршија

Post Views: 19 СВР превзема широк спектар на активности со цел пронаоѓање на двете лица кои синоќа околу 19 часот и 45 минути  во златара во Охрид во централното градско подрачје извршија кривично дело разбојништво. Имено во моментот на разбојништвото во златарата се наоѓала вработена која под закана со пиштол од еден од крадците се повлекла во ќошот од златарата, а другиот го одземал златото.Портпаролот на СВР Стефан Димоски открива дека Секторот има добри оперативни сознанија по кои интензивно се работи, а се проверуваат и сите информации кои од синоќа доаѓаат до полициските службеници....

Continue reading

trafostanica

Синоќа ечеше во населба „Бараки“

Post Views: 1 Силен татнеж од трафостаницата, синоќа, во два наврати, околу 1 часот и 15 минути по полноќ, ги вознемири мештаните од населбата „Гоце Делчев“, позната како бараки. Жителите на населбата не информираа дека потресот не само што ги вознемирил, туку сериозно ги исплашил така што дел од нив цела ноќ останале будни. Екипа на ЕВН од подрачна единица Охрид, на лице место пристигнала во рок од 5 минути после силните татнежи. Портпаролот на ЕВН Атанас Ковачески вели дека големото невреме што го зафати охридско-струшкиот регион, е главната причина што на одредени места биле предизвикани...

Continue reading

полицаец

Обновено: Убиство во Орман

Post Views: 1 Педесет и тригодишен маж синоќа е убиен во семејна куќа во охридското село Орман. Секторот за внатрешни работи Охрид, против З.С.76 годишен од Охрид, поднесе кривична пријава, поради постоење на основи на сомнение, дека е сторител на кривично дело „Убиство“. ЗС се сомничи дека со истрел од ловна пушка му пресудил  на 53-годишниот Ѓ.Б., инаку негов зет за ќерќа. Од СВР информираат дека според нивните сознанија на немилиот настан му предходела семејна расправија. „Жестоките вербални расправии започнале вчера околу 18 часот во семејната куќа на осомничениот, кога сега починатиот,...

Continue reading

Mischell Kamillo

Мишел Камило ја воодушеви охридската публика

Post Views: 8 Причина, настапот на  на еден од највозбудливите музичари на светската џез сцена, пијанистот од Доминиканската Република, Мишел Kамило. Без посебни барања за време на својот престој, овој скромен музички генијалец, синоќа во предворјето на црквата Св. Софија пленеше со својата театралност во изведбата, извонредната техника,силната енергија и амплитудата во динамиката, кавлитети кои го сместуваат во редовите на најпрепознатливите џез музичари на денешницата. Синоќешниот коцерт кој ја воодушеви публиката, беше дел од веќе започнатата светска турнеја од минатата година,...

Continue reading

tribina

Четри во едно – „За демократска Македонија“.

Post Views: 1 „За демократска Македонија“. Ова е паролата под која од синоќа делува коалицијата на ВМРО – НП, ЛДП, Обединети за Македонија и Достоинство. „Различни по идеологија, платформата и друго, но единствени кога се работи за Македонија, е она што не спои“, истакна Андреј Жерновски, лидерот на либералите. Тој синоќа од Охрид му порача на Груевски, дека влегуваат во фронт со него и неговата фамилија и дека од овде отпочнува одбројувањето на деновите од неговиот последен мандат. Додаде, дека не се плашат и оти отворено се спротивставуваат на политиката која се води за минатото...

Continue reading

toaleti od hartija

Наплив на креативност преку свечени тоалети од хартија

Post Views: 0 Охриѓани по повеќе од 20 години синоќа имаа можност да присуствуваат на модна ревија. Пред присутната публика на овој уникатен настан беа претставени 28 модели изработени од хартија од самите манекенки, ученички во ОСУ „Св. Климент Охридски“ предводени од професорката по уметност Катерина Слатинова. Она што синоќа беше претставено во гимназијата е за почит и воодушевување – модели уникатни, оригинални, несекојдневни.   „Современата уметност нуди многу можности, така да можеме да искористиме многу различни материјали, кои предходни имале некоја друга намена, а да ги...

Continue reading

bolnica

Охридската болница повеќе од 12 часа беше во мрак, пацинетите нервозни

Post Views: 3 До нашата редакција, пациент се пожали  дека утрово неможел да користи  рутински преглед на одделот за трансфузиологија и останал без редовната терапија заради тоа што во болницата немало струја. И други охридски пациенти во неможност да остварат телефонски контакт со болничката централа се прашуваа што се случува во болницата  дали станува збор за исклучување од електричната мрежа  за неплатен долг кон ЕВН или пак станува збор за дефект.Информацијата дека  болничкиот комплекс останал без струја повеќе од 12 часа ја потврдуваат и од ЕВН  и од болницата.Синоќа, болничкиот...

Continue reading

nesreka

Загина сопатник на мотор, во Пештани

Post Views: 23 Загина сопатник на мотор. Синоќа околу 1 часот после полноќ, на патниот правец Охрид – Св. Наум, на влезот од Пештани, се случи тешка сообраќајна незгода. На самото место на несреќата едно лице почина, а возачот Владимир Никулески 37 год, се здобил со тешки телесни повреди и искршеници и веднаш бил префрлен во Охридската Специјална болница за ортопедија и трауматологија Св. Еразмо. На местото на несреќата сеуште имаше делови од моторот марка „Јамаха ЛС 1100“, со скопски регистерски таблички, две локви со крв, делови на облека патики, очила, како и расфрлан материјал...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top