Ознака: синоќа

benzini

Уште еден пад на цената на бензините

Post Views: 6 Цените на бензините и дизелот од синоќа  се намалија за 4,5 денари, односно за 4 денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 65,50 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 67 денари. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 56 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 44,50 денари.Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 3,354 денари за килограм и ќе изнесува 27,512 денари.Малопродажнате цена на горивата во просек е намалена за 7,57 проценти. Регулаторната комисија за енергетика ја утврди новата цена на горивата...

Continue reading

logo

Синоќа Баерн, супериорен

Post Views: 6 Јувентус синоќа изгледаше немоќно на Алијанц Арената, Баерн Минхен одигра доминантен натпревар и заслужено победи со 2-0. „Не мислам дека нашиот приод на натпреварот беше погрешен, апсолутно не” – изјави Конте по натпреварот. „Можам само да упатам комплименти за Баерн Минхен и Јуп Хејнкес бидејќи докажаа дека се многу силен тим – и секако дека не им требаа вечерашните перформанси за да го потврдат тоа”. „Натпреварот потврди дека Баерн е врвен тим и како што кажав и претходно, заедно со Реал Мадрид и Барселона е еден од фаворитите за освојување...

Continue reading

ograbena zlatara

Пронајдено возилото и дел од накитот од оружениот грабеж во Струга

Post Views: 3 Трагите од крв сеуште стојат на плочките од струшката чаршија и потсетуваат на вчерашната драма која се случи при грабеж на златарата „Циркон“. Имено синоќа околу 18 и 30 часот, пет маскирани лица, вооружани со огнено оружје извршиле разбојништво во струшката златара „Циркон“, при што одзеле разновиден златен накит. Сторителите на разбојништвото на излегување од објектот испукале неколку куршуми, при што како што изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, тројца се повредени, еден со прострелна рана во ногата и се наоѓа во болницата „Св Еразмо“, надвор од животна...

Continue reading

fudbal

Македонија Данска 3:0

Post Views: 2 Ширум светот, синоќа се одиграа голем број пријателски натпревари, кои за фудбалските селекции се последен тест пред продолжување на квалификациите за пласман на Светското првенство. Македонската репрезентација, со фуриозна игра во првото полувреме, ја прегази Данска со 3:0. Покрај Македонија, победи во контролните натпревари забележаа и останатите пет селекции кои се натпреваруваат во А-групата. Хрватска, во Лондон, ја победи Јужна Кореја со 4:0, Србија на Кипар се радуваше со 3:1, Шкотска минимално ја победи Естонија со 1:0, додека победи од 2:1 забележаа Велс над...

Continue reading

vaterpolisti

Пораз на мaкeдонските ватерполисти

Post Views: 3 Македонија го загуби првиот меч од квалификациите за ОИ во Лондон. На турнирот кој се одржува во Едмонтот (Канада), македонските ватерполисти доцна синоќа во 1.коло од групата „А“ се поразени од Грција со 12:2 (по четвртини 1:0; 3:2; 3:0 и 5:0). Матео Чук е единствениот во нашата репрезентација кој постигна погодок. Двапати се запиша во листата на стрелци. Три четвртини поминаа без погодок на нашите ватерполисти. Денеска во 23 часот и 40 минути Македонија ќе игра против Холандија, која синоќа беше поразена од Црна Гора со 12:6. Вчера Германија ја совлада Романија со...

Continue reading

SVR Ohrid

Прегазена 24 годишна стружанка

Post Views: 0 Несреќата се случила синоќа во 21 часот на самиот влез во Струга, каде врз сега починатата удрило патничко моторно возило „Фиат пунто“ со струшки регистерски таблички управувано од 27 годишниот О.Ш, од Лабуништа. Според портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димовски причина за несреќата било неправилно преминување на улицата од регионалниот пат, од страна на починатата, во која, со левиот преден дел удрило возилото, од што таа на лице место им подлегнала на повредите. На возачот на патничкото возило одредена му е мерка притвор во траење од 15 дена. Тој возилото го управувал...

Continue reading

popalava

Синоќа невреме во Скопје, денес услови за ваква појава во поголемиот дел од земјата

Post Views: 27 Триесет и седум литри на метар квадратен наврнаа синоќа во македонскиот главен град за половина час, а ветерот достигнуваше брзина од над 70 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. За денеска (26.05) попладне од Управата најавуваат дека во поголемиот дел од Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, во одредени делови во форма на невреме со засилен ветер и појава на град. Според прогнозите, поголема веројатност за нестабилност ќе има во западните и југозападните делови, иако не е исклучена појава на нестабилност и во другите...

Continue reading

koalicija

СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ сепак заеднички ќе настапат во Струга

Post Views: 0 Жалбата на подносителот на заедничката советничка листа на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ, Струга, се уважува. Ова е одлуката на судот со која се поништува решението не ОИК од Струга, со кое доцна синоќа беше отфрлена заедничката советничка листа. Во тужбата од подносителот на листата СДСМ Струга, било укажано на неправилностите во постапката при донесувањето на решението на ОИК Струга, затоа што Комисијата ја донела оспорената одлука без притоа да има предвид дека ДИК претходно веќе констатирала повлекување на листата на ВМРО – ДПМНЕ. Судот не го прифатил ставот на ОИК дека 13...

Continue reading

vlado

Др Владо Кочоски кандидат за градоначалник на Струга

Post Views: 1 Доцна синоќа на седницата на Извршен Комитет, високото партиско раководство на владеачката партија ВМРО – ДПМНЕ. пресече. Нивниот избор за кандидат на градоначалник за Струга падна на др Владо Кочоски, истакнат хирург вработен во Струшката Општа болница.  На само еден ден пред истекот на законски предвидениот рок за предлагање кандидат за градоначалник, Кочоски очекувал дека изборот ќе падне на него. Додаде дека  има време за се и подготвен е да се справи со предизвикот кој стои пред него. Време е на Струга да и се врати некогашниот сјај, вели Кочоски. „За жал многу...

Continue reading

Проодни патните правци кон Охрид по водениот снег кој наврна синоќа

Post Views: 0 Паднати бандери, електрични кабли и дрва од кабелските оператори е епилогот од синоќешните снежни врнежи кои паѓаа во охридскиот регион и во Дебрца. Влажниот снег направи краткотраен прекин во патниот сообраќај и прекин во напојувањето со електрична струја во планинските населени места. Сеуште без струја се села во Дебрца и во охридско. Без струја се селата Опеница, Куратица, Завој,Речица, Свиништа, Ливоишта, Вапила, информираат од ЕВН Македонија. „ Во моментов се работи на одстранување на дефектите и во Мешишта, Песочан, Арбиново, Требеништа, Оровник , Подмоље. Влажниот...

Continue reading

ОСУ„Св.Климент Охридски“ синоќа го одбележа својот патронен празник

Post Views: 1 Свечено и достоинствено како што и доликува на една образовна институција како што е општинското средно училиште „Св.Климент Охридски“ синоќа беше одбележан нивниот патронен празник. Центарот за култура „Григор Прличев“ беше исполнет со гости и посетители кои дојдоа за да направат чест и да ј проследат програмата која ја имаа подготвено гимназијалците под раководство на нивните професори. На свеченоста присуствуваше и градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски како и советници и претставници на локалната самоуправа и други институции. Свое обраќање пред присутните имаше...

Continue reading

unija zeni

Годишно собрание на УЖ на ВМРО – ДПМНЕ

Post Views: 3 Елегантни, уредни и горди, припадничките на понежниот пол на УЖ на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Струга и Вевчани, синоќа се собраа во Домот на културата Браќа Миладиновци и го одржаа годишното собрание. „Вечерва го заокруживме сработеното во изминатиот период, од октомври минатата година до денес“, истакна првата дама на ОК на ВМРО ДПМНЕ-Струга Маре Бојчовска- Савеска. „УЖ работеше многу преокти организираше трибини од теми, политика, образование, социјала, економија, ги негуваше тредиционалните вредности, меѓуопштински дружења, соработуваме со многу НВО, се трудиме позитивно...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top