Post Views: 4
Во Основното училиште „Христо Узунов“ , вечерва градоначалникот Јован Стојаноски, рускиот амбасадор во Република Македонија Сергеј Александрович Баздникин и почесниот конзул и директор на Рускиот центар при Универзитетот „ Св. Кирил и Методиј“ Велимир Стојкоски, присуствуваа на првиот час на бесплатните курсеви по руски јазик.
На курсевите по руски јазик, кои започнаа минатата година запишани се шеесетина посетители, од кои половината се почетници од различни старосни групи. Изучувањето на странски јазици е богатство за луѓето и затоа сметам дека со организирањето...
Post Views: 3
Канцеларијата на египетскиот премиер објави дека руски цивилен авион се сруши над средишниот дел на полуостровот Синај и дека е основана комисија која ќе ги истражува околностите под кои се случила несреќата.
Воздухопловни извори изјавиле дека во авионот се наоѓале 217 патници и седум членови на екипажот, пренесува агенцијата AFP.
Медиумите порано изјавија дека египетската контрола на летање изгубила контакт со патничкиот авион недолго откако полетал од аеродромот во Шарм Ел-Шеик кон Русија.
Изворот наведува дека во авионот се наоѓале воглавно руски туристи.
Руската...
Post Views: 12
Фестивалот „Охридско лето“ вечерва на љубителите на уметноста ќе им приреди концерт со најпознатите руски квартети од Петар Илич Чајковски и Дмитри Шостакович. Делата од руските композитори на публиката ќе и ги долови гудачкиот „Квартет Филхармонија“ .Овој музички состав е релативно нов на македонската класична сцена и е формиран од помлади членови на оркестарот на Македонската филхармонија. Со голема поддршка од раководството на институцијата и директорот Виктор Илиевски, „Квартет Филхармонија“ започнува да функционира во октомври 2017 година, а само два месеци подоцна...
Post Views: 5
Руски дипломат, осомничен дека е таен агент на руската разузнавачката служба ФСБ, минатиот месец бил пронајден мртов пред руската амбасада во Берлин, објавија германски медиуми. Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи рече дека се свесни за смртта на дипломатот, но, не може да даде повеќе детали.
Дер Шпигел објави дека се верува оти 35-годишниот маж паднал од горниот кат на зградата на амбасадата во центарот на Берлин, на само неколку чекори од Бранденбуршката порта. Руската амбасада не се согласи на обдукција на телото и германските обвинители...
Post Views: 6
Руските бизнисмени заинтересирани да инвестираат во Република Македонија, тврдат од Сојузот на руско-македонските друштва. Претседателот Јордан Горчев вели дека засинтересираност за инвестиции има, но дека се зависи и од светската економска криза која сеуште e присутна кај нас. Но и покрај се благодарение на руско-македонските друштва се купија неколку недвижности, додава Горчев.– Проблемите се за сите инвеститори како домашни така и странски. Да се надеваме дека во брзо време тоа ќе се надмине и во инвеститорите од Русија тоа многу брзо ќе се реши. Ние размислуваме...
Post Views: 4
Денеска во 12 часот од Москва со директен лет до Охрид, на охридскиот аеродром „Св.Апостол Павле“, слета рускиот олигарх, Николај Токарев.
Токарев, кој наводно бил поранешен офицер на КГБ кој еден период бил на служба во Источна Германија, на аередромот бил пречекан од Миле Зечевиќ, поранешен директор на Управата за контраразузнавање и безбедност на Република Македонија. Зечевич и Токарев се упатиле кон Дебар.
Инаку Токарев моментално е претседател на руската компанија за дистрибуција на гас, Транснефт.
Неговото име во неколку наврати се поврзува со сегашниот руски претседател...
Post Views: 8
Разговорот помеѓу двајца елитни војници открива, иако Путин цело време негира, дека сепак руски војници биле ангажирани во Украина.
Руски опозиционен политичар и сопственик на весник, Лав Шлосберг, на медиумите им доставил транскрипти од разговор на припадници на руски паравоени единици, со што паѓа во вода целата приказна на Путин и немешањето на Русија во украинската криза.
Конкретно се работи за разговор на војници за време на бруталниот напад на Луганск, пишува NYPost. “Е*** одиме и ги бараме оние е*** Украинци. Штом се појавиме на отворено ќе не видат и пукаат....
Post Views: 0
Соработката помеѓу двата града потекнува уште од 2004та година, но активностите за збратимување се интензивирале за време на големиот христијански празник Водици кога делегација од Подољск го посети Охрид и ја проследи манифестацијата „Богојавление-Водици“. Од локалната го потенцираат економскиот потенцијал на оваа соработка.
„Од тука можат да произлезат најразлични форми на соработка, помеѓу Охрид и Подољск и она што е за нас најзначајно и најважно е тоа што Охрид на некој начин се доближува до руските граѓани и се разбира бенефитите треба да ги очекуваме во смисла...
Post Views: 6
Тим на руски експерти во четвртокот го започна истражувањето на големата дупка во земјата која ненадејно се отвори во најизолираниот дел на северот од Русија.
Станува збор за пречник од околу стотина метри кој се појави на полуостровот Jamal во северен Сибир, чие име, на јазикот на локалното население, значи “крај на светот”.
Руските научници по прибирањето на информации откриле дека отворот го предизвикал растот на температурата, а не е метеор, како што првобитно се нагаѓало.
Една од членовите на тимот, Anna Kurchatova, смета дека кратерот го направила мешавина од вода,...
Post Views: 5
Обраќајќи се на новинарите за време на посетата на Бразил, Путин рекол дека треба да ги види деталите од најновите санкции од страна на САД, за да го разбере нивниот обем и предупредил дека американските санкции ќе ги доведат односите во безизлезна ситуација., пренесува Reuters.
Тој исто така навел дека санкциите кои ги превзема САД ќе ги наруши и интересите на водечките американски компании во енергетскиот сектор бидејќи такви мерки обично имаат ефект на бумеранг.
Претходно агенциите јавија дека американскиот список на санкции е проширен со имиња на нови функционери...
Post Views: 4
Новинар на првиот канал на руската државна телевизија, Анатолиј Клијан, е убиен на истокот на Украина, каде се во тек судири помеѓу проруските бунтовници и украинската војска.
Клијан снимал репортажа за регионот Доњецк, каде заедно со група на руски новинари отишол да снима разговори со мајките на војниците кои дошле да бараат од своите деца да се повлечат од подрачјата зафатени со конфликти.
“Штом се нашле на лице место, се слушнале истрели од оружје, а Анатолиј Клијан е смртно ранет во стомак”, навела руската државна телевизија.
Ранет е и возачот кој ги возел новинарите...
Post Views: 9
Центарот за култура со низа активности се вклучува во одбележувањето на денот на Европа и денот на победата над фашизмот. Во таа насока директорката на Центарот, Драгана Боцеска ја најави ревијата на руските филмови која започнува вечерва. Тематиката на филмовите е војна и мир. Боцеска нагласи дека станува збор за филмска ревија која се одвива речиси во целата земја, во организација на филмскиот фонд, руската амбасада Министерството за култура, кинотека на Македонија.
„Како препорака филмот „Ослободување“, кој ќе се прикажува на 16 ти мај во четврток. Иако филмот е од...