Ознака: Русија

Русија исфрлена од Евробаскет?

Post Views: 3 ФИБА не се шегува, репрезентацијата на Русија е исклучена од сите натпреварувања под патронат на светската куќа на кошарката. Веста од кошарката која одекна во светот е дека Русија е суспендирана од сите меѓународни натпреварувања, што практично значи дека Зборнаја нема да ја гледаме на претстоечкото Европско првенство. Информацијата ја потврди Сергеј Чернов, претседателот на кошаркарскиот сојуз на Русија, но и член на извршното биро на ФИБА. “Фиба прати писмо во нашиот сојуз, во кое пишува дека Русија не се наоѓа на листата членови на ФИБА. Мораме да размислиме како...

Continue reading

Извлечени групите за квалификации за СП 2018 во Русија

Post Views: 9 Квалификациите кои ќе започнат на 4-ти септември 2016 година, Македонија ќе ги игра во Групата Г, во којашто ќе има пет противници. Македонските фудбалери ќе се спротистават на Шпанија, моментално 12-та на ФИФА ранкинг листата која беше светски шампион во 2010 година, а првпат ќе се соочи во квалификации со Италија, 17-та на ФИФА ранкингот, и носител на четири титули светски фудбалски шампион, од 1934, 1938, 1982 и 2006 година.Oсобено интересни ќе бидат дуелите со Албанија со којашто првпат ќе се одмеруваат силите во квалификации за некое големо меѓународно натпреварување.Распоредот...

Continue reading

МНР ги повикува македонските граѓани да ја напуштат Русија

Post Views: 7 Македонското Министерство за надворешни работи (МНР) упати апел до граѓаните на Македонија кои престојуваат на територијата на Руската Федерација, да ги искористат сè уште расположливите комерцијални летови, копнени и морски линии за напуштање на таа земја. Како што соопштувааат од МНР, апелот е поради одлуката на ЕУ и другите европски земји, вклучително и Македонија, за затворање на европскиот воздушен простор за руските авиопревозници. Ваквото предупредување следува поради можноста да дојде до целосен прекин на авио линиите од и кон Русија – се вели во соопштението...

Continue reading

По апсењата во ФИФА се доведуваат под знак прашање СП во Русија и Катар

Post Views: 3 Швајцарската полиција уапси, во средата наутро во хотел во Цирих, шестмина функционери на светската фудбалска федерација, ФИФА, поради сомнение за корупција тешка 100 милиони долари. Полицијата не ги именувала уапсените, но напоменала дека се лишени од слобода на барање на американското обвинителство кое ги сомничи за примање мито во последните 20 години од претставници на спортски медиуми и промоциски куќи. Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, не е во уапсените, наведува Reuters. Спрема наводите на медиумите, најновиот скандал во ФИФА би можел да ги доведе под знак прашање...

Continue reading

Главната (не)спортска вест ширум Европа доаѓа од Подгорица

Post Views: 4 Хулиганите уште еднаш целото внимание го свртеа на себе и потполно ја расипаа забавата на сите вистински љубители на фудбалот. Судијата на вчерашната средба дури беше и толерантен, по првите два прекини ги враќаше фудбалерите на терен, но третиот пат и нему му дојде преку глава и средбата е прекината, а домаќинот со сигурност ќе го загуби овој натпревар. “Ова е најнезгодната ситуација во фудбалот. Немам што да кажам. Најубава слика беше додека се интонираа химните кога се слушаше ракоплескање”, започал селекторот на Русија Фабио Капело и додал: “Мислам дека натпреварот...

Continue reading

Русите ги раскараа Црногорците

Post Views: 4 Жирито од политички причини не и дало на Русија ниту еден поен, тврди пратеникот на Демократскиот фронт, Славен Радуновиќ. Тој го обвини црногорското жири дека ги наместило разултатите од гласањето за Евросонг. Радуновиќ повикувајќи се на официјалната интернет страница на Евросонг соопштил дека од политички причини, на песната на Русија, не и бил даден ниеден поен, без оглед на гласањето на гледачите од Црна Гора. „На интернет страницата eurovision.tv потполно транспарентно е прикажан процесот на гласање. Русија добила најмногу гласови од црногорската публика, но жирито...

Continue reading

НАТО ќе мора трајно да распореди трупи на исток од Европа

Post Views: 2 НАТО ќе мора трајно да распореди трупи на исток од Европа, поради зголемената напнатост помеѓу Русија и Украина, рекол во вторникот во Отава, воениот командант на сојузот. НАТО договорил одреден број на краткорочни ротации на луѓе и опрема во источна Европа, но тоа завршува кон крајот на 2014 година. Запрашан дали НАТО планира трајно распоредување на воени сили во источна Европа, генералот Филип Бредлав рекол на конференција за печат: “ Мислам дека нешто ќе мора да се испланира и тоа ќе го предложиме на раководствата на нашите држави и ќе видиме каде тоа ќе води”. Тој,...

Continue reading

Путин ги прекинал сите дипломатски односи со САД

Post Views: 5 Владимир Путин, претседателот на Руската федерација, ги прекинал сите дипломатски односи со Белата куќа, пишува амерканскиот портал The Daily Beast, повикувајќи се на извори блиски до врвот на руската администрација. Ова во пракса значи дека Путин не разговара повеќе со Обама. Овој американски портал истакнува дека ова значи дека односите на Кремљ со Белата куќа на највисоко ниво се потполно прекинати и практично не постојат. Владимир Путин оваа одлука ја донел по засилениот притисок и засилувањето на санкциите на западот спрема Русија, а Игор Јургенс, политичкиот аналитичар...

Continue reading

Со указ си ја зголемиле платата

Post Views: 5 Претседателот на Русија со указ си ја зголемил платата себеси и на премиерот Медведев за 2,65 пати, објавено е денес на интернет страницата на Кремљ. По пресметките на Vedomosti, Медведев месечно добива нешто повеќе од 215.000 рубљи (околу 6000 долари), а Путин околу 280.000 рубљи (околу 8000 долари). Спрема податоците за плати на високите функционери во Русија, објавени во петок, Путин минатата година добил повеќе од 3 милиони и 672 илјади рубљи, што е околу еден милион помалку од 2012 година. Портпаролот на Кремљ тоа го објаснува со тоа што претседателот не добивал...

Continue reading

Русија без милост

Post Views: 1 Русија денес објавила дека гасот на Украина, од април, ќе и го продава по цена од 485 долари за 1000 кубни метри, што е една од најголемите цени за европските земји. Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, изјавил денес дека го укинал последниот попуст на цената на гасот која Москва и го гарантираше на Украина, па 1000 кубни метри на гас ќе чини 100 долари повеќе отколку досега. Најава за поскап гас дошла по разговорите на шефот на рускиот Гаспром, Алексеј Милер, и шефот на украинската компанија за гас Андреј Кобољев, околу долгот на украинскиот Нафтогас од 2,2 милијарди...

Continue reading

Платежни картички најдоцна за шест месеци

Post Views: 10 Својот сопствен систем на платежни картички, Русија, ќе го стартува во рок од два до шест месеци, по усогласување на законите. Ова на претседателот Путин му го пренесол шефот на руската банка Сбербанк, Герман Граф. „Разговаравме за ова прашање на состанокот со претставниците на Централната банка. Потребни се промени во законите, а тоа може да се направи брзо“, рекол Граф. Тој додал дека, по усвојување на законите, ќе биде потребно од два до шест месеци техничка работа до стартување на националниот систем за платежни картички. Руски официјални лица рекле минатата седмица...

Continue reading

Украина ја предупредува ЕУ

Post Views: 5 Украинскиот министер за енергетика и рударство Јури Продан ја предупредил Европската унија дека транзитот на гас во западноевропските земји наскоро може да биде стопиран. Мораме да ве предупредиме дека нема многу време за да се договори испораката на гас од земјите на ЕУ во Украина. Доколку тоа не се направи за скоро време, лесно е да се предвиди дека може да се повтори “гасната војна” од 2009 година, со исто сценарио и исти економски последици, се наведува во писмото од Продан. Тој истакнува дека во претходните неколку дена се најавува најлошото сценарио, кога станува...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top