• Почетна
  • Archive
  • Спорт
  • По апсењата во ФИФА се доведуваат под знак прашање СП во Русија и Катар

По апсењата во ФИФА се доведуваат под знак прашање СП во Русија и Катар

Функционерите на ФИФА се обвинети за примање мито од 100 милиони долари

 |  инфодеск  | 

Швајцарската полиција уапси, во средата наутро во хотел во Цирих, шестмина функционери на светската фудбалска федерација, ФИФА, поради сомнение за корупција тешка 100 милиони долари.

Полицијата не ги именувала уапсените, но напоменала дека се лишени од слобода на барање на американското обвинителство кое ги сомничи за примање мито во последните 20 години од претставници на спортски медиуми и промоциски куќи. Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, не е во уапсените, наведува Reuters. Спрема наводите на медиумите, најновиот скандал во ФИФА би можел да ги доведе под знак прашање изборот на Русија и Катар за домаќини на Светските првенства во 2018 и 2022 година.

Имено, полицијата по апсењето извршила претрес и во просториите на ФИФА за да дојде до податоци за контроверзното гласање од 2010 година кога се доделени организациите на овие две земји.

За потсетување, минатогодишната интерна истрага на ФИФА утврдила неправилности во гласањето, но не такви за биде потребно ново гласање.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top