Ознака: реши

Конечно ќе се реши проблемот со водоснабдувањето во Струга

Post Views: 12 Сопственикот на хидроцентралите во Горна Белица, Кочо Ангушев во договор со ЈП Водовод Струга се обврзал со заеднички тимови да ја скенираат состојбата на каптажите и да обезбедат чиста вода за граѓаните. Надлежните најавија и еднаш месечно чистење на резервоарите. „Составивме две групи тимови од наша и нивна страна за да се согледа каква е ситуацијата. Ќе се направи стратегија, се сложивме ако е тука проблемот со негови средства да го реши тој проблем . Петтата каптажа од каде земаат вода ако не е таму ке бараме низ цела линија да се реши проблемот еднаш засекогаш“...

Continue reading

Проблемот со дивите депонии не може да се реши преку ноќ

Post Views: 2 Решавањето на проблемот со дивите депонии во земјава, не може да се случи преку ноќ. Министерот за животна средина на РМ Садула Дураку, истакна дека оваа влада ќе се обиде преку користење на средствата од ИПА фондовите да се изнајде постојано решение за проблемот со дивите депонии, особено на онаа во Струга. „Дивите депонии не се од оваа година, тие диви депонии постојат во Македонија веќе триесет години. Ние заедно со Владата на РМ и нашите пријатели и ИПА програмите, ќе изнајдеме постојано решение за проблемот со дивите депонии“ додаде Садула Дураку – Министер за животна...

Continue reading

Бочварски: Државата ќе ја презема обврската да ги реши проблемите на Охридското крајбрежје

Post Views: 2 Благој Бочвaрски, министерот за транспорт и врски оствари прва официјална посета на општина Охрид. На работната посета градоначалникот Константин Георгиески го запозна министерот со тековните активности на проекти кои општината ги реализира во патната инфраструктура, но и за  проблемите на општината од сферата на урбанизмот. „Поразговаравме со Министерот околу потребите на нови урбанистички планови каде што има надлежност министерството. Тие планови кои се во надлежност на општината да ги усогласуваме со министервстото и постапките да се побрзи. Поразговаравме и за имплементација...

Continue reading

shoping Bratislava

Табли на срамот пред нечесните продавници

Post Views: 2 Словачкиот министер за земјоделство Золт Шимон, реши пред сите продавници во земјата, кои продаваат неквалитетни продукти да се стави „табла на срамот“. Шимoн се решил на ваков чекор поради неодамнешниот извештај од инспекциите, според кој третина од продуктите што се продаваат во словачките продавници се расипани или неквалитетни. Поради тоа, со измените на Законот за прехранбени производи, продавачите на влезот на продавниците ќе мораат да ставаат табли на кои ќе ги пишуваат резултатите од контролата на инспекциите. Министерот Шимен рече дека во словачките продавници...

Continue reading

Во Барселона хаос

Post Views: 3 „Се случува нешто што беше незамисливо на почетокот на сезоната, кога се чинеше дека на клубот му цветаат рози. Тогаш со доаѓањето на најголемиот талент на планетата, Нејмар, во клубот завладеа апсолутна самодоверба. Управата вети дека ќе ги врати сите долгови на претходникот…Само шест месеци подоцна, колата тргна надолу“, се вели во авторскиот текст на шпанска Марка. Како што се нагласува, каталонскиот клуб сега е потполно конфузен и над се неспособен да разбере кои се причините кои доведоа до кризата, а уште помалку начините кои би ја разрешиле кризата. Според...

Continue reading

Danilo Tirk

Спорот меѓу Љубљана и Загреб ќе се реши со дипломатија

Post Views: 4 Словенечкиот претседател Данило Тирк изјави дека се надева оти спорот меѓу Словенија и Хрватска околу делот во Пиранскиот залив, кој доведе до тоа Љубљана да го блокира продолжувањето на преговорите на Загреб за влез во Европската унија, ќе може да се реши со дипломатија. „Се надевам дека овој проблем ќе може да се реши со диломатија. Словенија не приговара на тоа што во Хрватска постојат прописи кои имаат своја територијална примена, но треба сосема јасно да се исклучи тие правни акти да се користат во постапките во кои се одлучува во делот за територии за кои сметаме...

Continue reading

Георгиески:Преку ноќ не може да се реши проблемот со дивоградбите

Post Views: 5 Општинските инспектори секојдневно се на терен и прават записници за дивоградбите во градов. Во општината постојано има пет до осум пријави за бесправно градење. Но, тоа не значи дека сите се издржани, објаснува градоначалникот Константин Георгиески. Треба да сме свесни дека тоа ќе е еден процес кој ќе течи во иднина и самото отстранување на бесправно изградените објекти ќе е процес кој ќе течи можеби година и две. УНЕСКО не бара од нас да ги отстраниме сите бесправни објекти до 1ви февруар како што е изнесено во јавноста, вели Градоначалникот. Ние ќе делуваме во насока...

Continue reading

календар

После ова, сите ќе гледаат рагби

Post Views: 7   Женскиот рагби тим на Универзитетот Оксфорд реши да го копира примерот на машкиот тим и да се фотографира за календар со стратешки поставени раце за да се задржи „пристојноста“. Со само рагби патики и чорапи на себе рагбистките се прошетаа низ Оскфорд за да соберат пари за добротворни цели. Календарот се продава 10 фунти, а средствата одат во „Пази ја главата“ кампањата на Оксфорд за кревање на свесност за менталните болести. „Беше супер бидејќи го направивме тоа за добри цели, но беше навистина студено“, вели 25-годишната студентка по право, Татјана Катс. {loadposition...

Continue reading

Општина Охрид до крајот на годинава ќе го реши проблемот со напуштените кучиња

Post Views: 1 Општина Охрид до крајот на годинава ќе го реши проблемот со бездомните кучиња. Станува збор за мошне ургентен проблем кој локалната сериозно се зафати да го реши со организирање на прифатен центар на Мауцкер. 50-тина бездомни кучиња таму ќе добиваат хуман третман , информира заменик градоначалникот Константин Георгиески. „ Во соработка со Комуналец изработивме обемен проект. Со компании од градот кои донираа средства се изработени кафези. ЈП Охридски комуналец пристапи кон организирање на шинтерската служба. Набавени се возила за заловување. Тендерот за ветеринарни услуги...

Continue reading

Ferrari на Хунгароринг, подновен

Post Views: 4 Ferrari денес во Унгарија реши да донесе ново надградено предно крило кое би требало ја зголеми надолната сила на болидот F150, согласно со посебните карактеристики на унгарската патека.4,4 км долгата Хунгароринг не се смета како „пријателска“ патека за болидите на Фернандо Алонсо и Фелипе Маса. Но, исто како во Силверстоун кога Ferrari успеа да се врати во живот, во Маранело во меѓувреме напорно се работеше со цел да се надоместат аеродинамичките загуби кои до пред неколку седмици претставуваат значителен проблем за тимот.Па така, големото изненадување во Унгарија...

Continue reading

Арнаудовски: Во програмата за управување со отпад нема да го реши проблемот со отпадот

Post Views: 6 Конкретни датуми за чистење на дивите депонии, како и утврдување на бројот на такви депонии на територија на општина Охрид, побараа од советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, од изготвувачот на програмата на денешната седница на Совет. Илија Арнаудовски истакна дека точката која се однесува на Предлог планот за управување со отпад на општина Охрид за период 2018 – 2020 е само замајување на јавноста дека ќе се реши проблемот со отпадот и смета дека јавноста мора да биде запозната со тоа. Додаде дека предложената мерка за санација на депониите со воведување на системот...

Continue reading

Мерко: За два месеци ќе се реши проблемот со дивата депонија во Струга

Post Views: 5 Новата локална власт во Струга за брзо време ќе го реши најгорливиот проблем на оваа општина. Дивата депонија која минатово лето беше потпалувана, а чадот ги труеше стружани па и гостите кои решиле во овој туристички центар да го поминат својот одмор, до на лето ќе биде исчистена, а просторот ќе биде среден. Ова е приоритет на новиот градоначалник Рамиз Мерко. За два месеци ќе има решение на овој проблем. Од буџетот на општината се предвидени 200 000 евра за подигнување на сметот од депонијата и транспортирање во единствената легална депонија во државава, Дрисла. Веќе...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top