Ознака: реконструкцијата

asfaltiranje Elshani

Започна реконструкцијата на патот Елшани-Елешец вредна 7.610.000 денари

Post Views: 1 Тешката машинерија на градежната компанија АД Илинден од Струга, денес ја започна реконструкцијата на локалниот пат кој води од селото Елшани до автокампот Елешец. Оваа делница е со должина од 2258 метри, а во просек ќе биде широка четири метри. Градоначалникот Никола Бакрачески вели дека овој пат ќе биде асфалтиран со висококвалитетен асфалт со дебелина од 7 сантиметри, а во рамките на овој зафат, ќе бидат реконструирани и банкините. Бакрачески потсети дека овој локален пат не бил реконструиран четириесетина години. „Последна реконструкција на овој пат е некаде во седумдесетите...

Continue reading

pitu guli

Започна реконструкцијата на улицата „Питу Гули“

Post Views: 5 Започна реконструкцијата на улицата „Питу Гули“. Со два милиони евра, средства од Светска банка ќе се обновува оваа многу значајна сообраќајница во градов. Ова е почеток на реализацијата на долго најавуваните проекти со средства од Светска банка, а потпомогмнати од Владата на РМ и Министерството за финансии, рече градоначалникот Никола Бакрачески. Во наредниот период покрај реконструкција на Питу Гули  ќе бидат реализирани уште два кружни тека  и тоа на пресекот на булевар Туристичка и улицата Македонски просветители и на Туристичка со улица Бистрица, а ќе се реконструираат...

Continue reading

gradinka

Листата за чекање во градинка – пократка

Post Views: 7 Реконструкцијата на централниот објект на детската градинка „Јасна Ристеска“ заврши. Сега, конечо може да здивнат и родителите и дирекорката на детската установа. Оваа година листата за чекање место за упис во  централниот објект на градинката ќе биде многу пократка. Со години во овој објект родителите бараа место повеќе за прием на нивните деца. Со доградбата на објектот овој проблем ќе биде ублажен, вели Серафим Наумоски од Локалната самоуправа, која го финансираше проширувањето на објектот. „Дограмата е поставена сега сме во фаза на чекање да се исуши кошулицата ...

Continue reading

sala

Наскоро ќе се реконструира спортската сала во Велгошти

Post Views: 5 Реконструкцијата на спотската сала во Велгошти  ќе започне наскоро. Нејзината доизградба ја најави директорт на Агеницијата за млади и спорт Лазар Попоски. Владата веќе одобрила 20 милиони денари за нејзино  ставање во целосна функција, кажа Попоски пред велгоштани. „Во  услови на светска економска криза која реално с е проширува и во реалниот сектор во Македонија сепак инвестициите во спортот нема да се запостават. Секој вложен денар се седум денари заштеда во фондот за здрвственоосигурување и тоа е минимален потик да продолжиме со инветсициите, кажа Попоски.    Оваа...

Continue reading

gerdan

Конечно, отворена музичка сцена

Post Views: 1 Охридските фолклорни ансамбли и музичари од повеќе жанрови ќе настапуваат на отворена сцена. За ова намена ќе се импровизира сцена пред платото пред Центарот за култура, кој се јавува и како организатор на оваа манифестација. Методија Баракоски Менде, уметнички раководител на КУД „Ѓердан“, дамнешен поборник за реализација на ваков проект, ја поздравува манифестацијата. Баракоски смета дека тоа е убава можност играорците пред туристите да презентираат дел од нивните уметнички програми. Долгогодишниот музичар ги повикува надлежните да обрнат поголемо внимание за квалитетот...

Continue reading

proekt

Министерот Тодоров ја посети Опша болница

Post Views: 9 Министерот за здравство Никола Тодоров вчера ја посети охридската Општа  болница и оствари средба со менаџерскиот тим. Тодоров при тоа најави негов личен ангажман за што поскоро надминување на проблемот околу реконструкцијата на старото болничко крило. „Станува збор за проблем на кој сум фокусиран уште од првиот ден од кога сум на чело на Министерството за здравство. Проблемот е во начинот на кој е изведена целата работа, проектот е прилично лошо направен и како резултат на тоа дојдовме до ситуација да размислуваме дали истиот да се реновира или целосно да биде урнат“,...

Continue reading

rekonstrukcija bolnica

Старите пропусти на болничкиот блок ќе ја поскапат реконструкција

Post Views: 0 Десет месеци од започнување на реконструкцијата на дел од болничкиот блок, работите се одвиваат со полна пареа, информира директорот на Општа Болница, д-р Љубен Арнаудов. Тој додава дека градежните зафати се во полн ек. „Непотребно во чаршијата се создава тензија дека на болницата ништо не се работи. Болницата се работи со планираниот тек кој што го има изготвено проектната единица, истакнува д-р Арнаудов. Директорот појанува дека станува збор за стар објект кој при сегашната реконструкција покажал низа пропусти  во поранешната изградба, а кои  сега мора дополнително...

Continue reading

bazen

100.000 евра за реконструкцијата на отворениот базен

Post Views: 9 Започна реконструкцијатат на отворениот  базен кој се наоѓа во рамките на ЈП Билјанини Извори. По десет години негрижа и негово пропаѓање Локалната самоуправа сега ќе го  рестартира. Од околниот простор и од базенот биле подигнати  неколку камиони отпад, а се очекува  пристигање на филтер станицата и негвото пушѕање во употреба до крајот на јуни најавува Гордана Јованоска, директор на ЈП кое ќе стопанисува со објектот.„Старата опрема се отстрани, дното има оштетувања заради долгогодишното некористење, потребно  е заварување  по што ќе отпочне монтирањето на филтер станицата...

Continue reading

Gruevski

Премиерот се рашета низ Охрид

Post Views: 2 Премиерот на Р Македонија Никола Груевски, неколку министри и пратеници денеска во посета на Охрид.  Најпрво  го посетија Охридскиот аеродром, со цел премиерот лично да се запознае со динамиката на реконструкцијата на аеродромот.  „Работите одат со забрзана динамика. Реконструкцијата ќе заврши за еден до два месеци од сега, а со тоа за кратно време ќе имаме комплетно реконструиран аеродром“, истакна ремиерот Груевски и додаде „задоволни сме со динамиката на реконструкцијата на аеродромот, се исполнува се она што е ветено согласно договорот“. Денешната посета на Охрид...

Continue reading

Opshta bolnica

Се` тече според зацртаното

Post Views: 6 Работите со делумната реконструкција на Општа болница Охрид течат редовно според зацртаниот оперативен план на изведувачите. Портпаролот на Општа болница Др. Сашо Василески вели, нивното лобирање до Владата на Р. Македонија и дозволата за реконструкција од страна на Министерството за здравство, дошла во вистинско време. Василески верува дека работите ќе завршат во предвидениот рок. Се очекува дека условите за работа ќе се подобрат со делумната реконструкција на Општа болница Охрид, вели Василески. Исто така, во исчекување е и одлуката на ресорното министерство за тоа...

Continue reading

Пролонгирана реконструкцијата на аеродромите во Македонија

Post Views: 0 Владата донесе одлука рокот за влегување во сила на договорот со турската компанија да се продолжи до 1 ви март 2010 год.Владата нема да го раскине договорот за клучната инвестиција во авиобизнисот во државава.Рокот за реконструкција за аеродромите во Охрид, Скопје и изградбата на нов карго аеродром кај Штип, по втор пат се пролонгира. Новиот датум кој владата им го дала на Турските инвеститори е 1 ви март 2010 год. „Стартот на инвестирањето во Македонските аеродроми времено се одложува поради сверската економска криза и неможноста на инвеститорите навреме да обезбедат...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top