Премиерот се рашета низ Охрид

Премиерот на Р Македонија Никола Груевски, неколку министри и пратеници денеска во посета на Охрид. 

 |  Татјана Маленкова  | 
Gruevski
Груевски

Премиерот на Р Македонија Никола Груевски, неколку
министри и пратеници денеска во посета на Охрид.  Најпрво 
го посетија Охридскиот аеродром, со цел премиерот лично да се запознае
со динамиката на реконструкцијата на аеродромот.

 „Работите одат со
забрзана динамика. Реконструкцијата ќе заврши за еден до два месеци од сега, а
со тоа за кратно време ќе имаме комплетно реконструиран аеродром“, истакна ремиерот
Груевски и додаде „задоволни сме со динамиката на реконструкцијата на
аеродромот, се исполнува се она што е ветено согласно договорот“.

Денешната посета на Охрид премиерот ја искористи  во употреба да ги пушти локалниот пат  с. Оровник – Дебарца, инвестиција тешка околу
200 илјади евра но и обиколницата Железничка за која  владата инвестираше околу 2 и пол милиони
евра.

Денеска во употреба 
беше  пуштена и зграда на
граѓаните приматели на социјална помош, изградена со средства на владата во
износ од 116 милиони денари или скоро 2 милиони евра.

И понатаму ќе
продолжиме да инвестираме во овој проект веднаш до оваа зграда на 50 тина метри
ќе се градат уште две згради за приматели на социјана помош за млади брачни
парови, така да проектот продолжува. Ова е дел од проектот на владата со кој ќе
се изградат 2 и пол илјади станови низ целата држава. Овој проект се одвива
добро и владата ќе продолжи да го финасира проектот“, истакна премиерот
Груевски.

Премиерот на денешната 
средба со новинарите не пропушти а да не проговори и за  излегувањето на СДСМ од Парламентот, за што
кажа дека е без некоја посериозна причина.

 „Потегот на Бранко
Црвенкоски е да не се случат предвремени избори, на кој тие би изгубие со
огрома разлика“-истакна Груевски.

Премиерот одговарајќи на новинарско прашање за предлогот
на новоформираната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ кои бараат уставни промени со
што од судкиот совет би се извадил министреот за правда истакна.„ ВМРО
ДПМНЕ  поточно уште минатата пролет јас
лично повикав лидерска средба на која ги поканив претседателите на поголемите
политички партии и на која што од име на ВМРО ДПМНЕ им понудив да дојде до
менување на Уставот во кој министерот за правда нема да биде член на судскиот
совет.  Да потсетам дека пред 5 години со
уставните измени со кои се внесе алинеата во Уставот со која министерот е член
во судскиот совет, ВМРО ДПМНЕ беше единствената партија која беше против и која
не го подржа пакетот на тогашни уставни измени. Една крупна грешка на СДСМ не
можеме да ја исправиме цели 5 години, додаде Груевски.

 {loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top