Ознака: рекол

Бунт во формула 1

Post Views: 9 Првата трка во новата сезона на Формула 1, големата награда за Австралија минатиот викенд, не донесе успех, ни приближно, каков што организаторите очекуваа. Ron Walker, претседателот на австралиската ГранПри корпорација и долгогодишен сојузник на шефот на Ф1 Bernie Eccleston, најавил можна жалба поради кршење на договорот. Имено, болидите по промената на моторите од V8 на V6 звучеле повеќе како картинг автомобили, а не како класични Ф1 болиди кои возат и преку 350 км на час. “Не плативме да го гледаме ова! Сите промотори ширум светот ќе се жалат. Ова беше престрашно“,...

Continue reading

Ова е права срамота !

Post Views: 3 “Имам екипа, но немам напаѓач. Да, го имам Самјуел Ето, но тој има 32 години. Можеби 35”, рекол во шала, “off the record”, менаџерот на Челзи Хозе Мурињо. Меѓутоа неговите зборови ги пренела една француска тв станица. Исто така додал во неформалниот разговор дека може да дојде до искушение за да го доведе колумбискиот напаѓач Радамел Фалкао. “Јас немам напаѓач а тој нема гледачи затоа што игра пред 3000 посетители”, се потсмевал Мурињо на слабата посетеност на стадионот на Монако. Мурињо би требало да знае дека во јавност секогаш мора да внимава што зборува, без разлика...

Continue reading

Завршија Олимписките игри во Сочи

Post Views: 1 Домаќинот има неколку причини за славење. Пред се, Русија е најуспешната нација со освоени 33 медали (13-11-9), пред Норвешка (26) и Канада (25). Русите вложија 51 милијарда долари, претварајќи го Сочи од разрушено гратче на Црно Море во олимписки комплекс, и иако имаше поинакви најави, игрите протекоа без поголеми проблеми. Сигурноста е можеби најголемата победа на ЗОИ во Сочи. Многумина се плашеа од напади на исламисти кои претеа дека ќе ги нападнат игрите, но се помина во најдобар ред. “Просто е неверојатно што се случуваше овде”, рекол Томас Бах, претседателот на...

Continue reading

“Договорот со Нејмар потполно легален“

Post Views: 14 Преседателот на Барселона Џозеф Бартомеу застанал во одбрана на договорот со Бразилецот Нејмар, иако е подигнато обвинение против клубот за затајување на данок. „Се што имаме направено е во склад со законот и ќе одиме секаде каде што треба тоа да го објасниме“, рекол Бартомеу во интервјуто за шпанската телевизија. Тој нагласил дека договорот помеѓу Нејмар и бразилскиот клуб Сантос е потполно легален. „Преговорите, финансиските трансакции и договорите се потполно легални и сето тоа повторно така би го направиле“, рекол првиот човек на Барселона. Екс претседателот на...

Continue reading

Саботажа во трка на игрите во Сочи

Post Views: 1 Тренерот на канадскиот тим во санкање Волфганг Штаудингер ги обвини Русите дека ги саботирале неговите избраници во трката во санкање. Канаѓаните го завзедоа четртото место во таа конкуренција, зад неприкосновените Германци, Руси и Летонци. „Го имавме среброто во раце во горниот дел од патеката, но како одевме надолу бевме се поспори и поспори, и тоа беше јасен знак дека некој значително ја успорил патеката“, рекол Штаудингер. Температурата на патеката за санкање се контролира, така да, можно е, само да се зголеми температурата и патеката да се успори. Штаудингер верува...

Continue reading

Ivo Karlovic

Асовите на Карловиќ

Post Views: 0   Карловиќ на стартот го совлада Германецот Даниел Брандс со 6:7, 7:5, 7:6, тој покрај победата успеа и да го израмни и рекордот во ас сервиси, кога се во прашање мечевите кои се играат во два добиени сета. Карловиќ против Брандс имал 44 ас сервиси, со што го израмни АТП рекордот од 1995 година, кој беше во сопственост на Австралиецот Марк Филипусис. Хрватот од апсолутниот рекорд го делеше само еден ас, а при неговите два последни сервиси на мечот Брандс успеал да го допре топчето и да спречи ас. „Да знаев дека се работи за рекорд ќе го продолжев мечот. Разочаран сум...

Continue reading

Grigor Dimitrov

Аутсајдерот Димитров го „преслуша“ рекетот број еден

Post Views: 2 Бугарскиот тенисер Григор Димитров со елиминацијата на Новак Ѓоковиќ, во второто коло на Мастерсот во Мадрид приреди вистинска сензација. Бугаринот за нешто повеќе од три часа игра го победи светскиот рекет број 1 со 7:6, 6:7, 6:3. Димитров во Мадрид го одигра сигурно најдобриот меч во кариерата, ги надмина проблемите со грчевите кои ги имаше кон крајот на вториот сет и заслужено стигна до победата. Ѓоковиќ, од друга страна делуваше непрепознатливо, во ниту еден момент не можеше да влезе во посакуваниот ритам, а згора на тоа имаше и проблеми со публиката. „Не разбирам...

Continue reading

Дваесет дена затвор за Џејлен Роуз

Post Views: 5 Роуз, кој беше дел од славната петорка „Феб Фајв“ на Универзитетот „Мичиген“ и одигра 13 сезони во НБА-лигата, првично беше осуден на 92 дена затвор, но судот во Детроит му ја намали казната на 20 дена затвор и една година условно. „Не сте тука затоа што сте пиеле. Немам ништо против тоа. Тука сте затоа што во алкохолизирана состојба сте седнале зад возило од два тона што сте го искористиле како оружје против останатите луѓе“, рекол судијата при образложувањето на казната. Роуз ја признал вината за делото. Вели дека управувал со возилото откако испил шест мартинија....

Continue reading

Лео Меси не е најдобриот, но Барса.

Post Views: 3 Легендарниот Пеле уште еднаш изрази сомнеж за квалитетите на Лео Меси и повтори дека смета дека ѕвездата на Барселона не е ни близу до титулата најдобар играч во историјата. Меси освоио две “Златни топки” и многумина го сметаат за најдобар играч на планетата, а се повеќе се зголемува бројот на оние кои сметаат дека на крајот на кариерата ќе биде и најдобар играч во историјата. “Луѓето сакаат да прават споредби, но изгледа ги заборавија Кројф, Платини и Ди Стефано. Сите тие беа подбори од Меси.”- рекол Пеле. Бразилецот коментирајќи го претстојното...

Continue reading

“Таа е последна со која би работел“

Post Views: 8 Сеуште не се смирени страстите по елиминацијата на Илма Карахмет од шоуто „X-фактор Адриа“ Младата ѕвезда на шоуто „X-фактор Адриа“, Илма Карахмет требала да гостува на концертот на својот ментор Кики Лесандриќ за денот на жената, но тоа не се случило. По елиминацијата од натпреварувањето, Лесандриќ застанал во нејзина одбрана и одлуката на жирито ја прогласи за срамотна. Меѓутоа, кога подоцна го добил увидот во листата со гласови, сфатил дека публиката е причината за која е заслужна за елиминацијата на Илма од шоуто. „Гледачите гласаа за Маид Хеќимовиќ. Очекувањата...

Continue reading

Најголемо спасување на подводно богатство во историјата

Post Views: 4 Богатството лежело на морското дно откако парабродот City of Cairo на пат од Бомбај во Индија кон Англија во 1942 година бил потопен од германска подморница. Бродот со терет од стотина тони сребро кое припаѓало на британското министерство за финансии бил на дното од морето 772 км. јужно од св.Елена, на длабочина од 5 км. Среброто, останатите скапоцености и металните пари патувале кон Лондон за да ја финансираат британската воена машинерија, но таму никогаш не пристигнале. Бродот бил торпедиран од страна на германска подморница на 6 ноември 1942 година. И бродот и богатството...

Continue reading

Stephen Hawking

Нема да има крај на светот, сами ќе заминеме

Post Views: 3 Стивен Хокинг, британскиот физичар што својата кариера ја помина во дешифрирање на вселената, повика на продолжување на нејзиното истражување – за доброто на човештвото. „Ние нема да преживееме уште 1.000 години без да избегаме од нашата кревка планета“, рекол 71-годишниот Хокинг во вторникот во медицинскиот центар Седарс-Синаи во Лос Анџелес, каде што бил во посета на лабораторија за матични клетки што е фокусирана на обидот да ја забави прогресијата на болеста Лу Гериг, која му беше дијагностицирана нему пред 50 години. Хокинг ја споредил работата на центарот со својот...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top