Лео Меси не е најдобриот, но Барса.

Легендарниот Пеле уште еднаш изрази сомнеж за квалитетите на Лео Меси и повтори дека смета дека ѕвездата на Барселона не е ни близу до титулата најдобар играч во историјата.

 |   | 

Легендарниот Пеле уште еднаш изрази сомнеж за квалитетите на Лео Меси и повтори дека смета дека ѕвездата на Барселона не е ни близу до титулата најдобар играч во историјата.

Меси освоио две “Златни топки” и многумина го сметаат за најдобар играч на планетата, а се повеќе се зголемува бројот на оние кои сметаат дека на крајот на кариерата ќе биде и најдобар играч во историјата.

“Луѓето сакаат да прават споредби, но изгледа ги заборавија Кројф, Платини и Ди Стефано. Сите тие беа подбори од Меси.”- рекол Пеле.
Бразилецот коментирајќи го претстојното финале во Лигата на Шампионите додал дека фудбалската јавност е во право кога тврди дека Барселона е најдобра на планетата.

“Манчестер Јунајтед е голем тим кој преферира англиски стил на игра, но нема сомнеж дека Барселона е најдобар тим на светот.” – рекол Пеле.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top