Ознака: рекол

Во Индискиот океан откриени три сигнали

Post Views: 2 На истражувачите останува да утврдат дали се тоа сигнали од исчезнатиот малезиски авион. Сигналите ги откриле кинески и австралиски бродови. Лидерот на австралиската агенција која го координира трагањето по исчезнатиот малезиски авион рекол дека се многу близу до лоцирање на подрачјето каде боингот 777 е паднат, пишува Independent.Angus Houston рекол на конференција за печат во Перт дека пронаоѓањето на сигнал е најветувачка трага од почетокот на истрагата. На новинарите им рекол дека е многу повеќе оптимист отколку пред тоа. “Моментално сме во многу добро дефиниран...

Continue reading

Закани дека ќе ги затворат

Post Views: 6 Обвинети сме за загрозување на националната сигурност, рекол заменик главниот уредник на „The Guardian”, Пол Џонсон, додека на главниот уредник на весникот му било речено дека премиерот, заменик премиерот, шефот на дипломатијата, и главниот обвинител имале проблем поради „The Guardian”, пренесува агенцијата AFP. Британската тајна служба се заканила дека ќе го затворои весникот поради објавување на документи за американското масовно прислушкување кои им ги доставил одбегнатиот американски разузнувач Едвард Сноуден. Британските и американските функционери потполно различно...

Continue reading

Годишниот буџет на мафијата

Post Views: 5 Годишната пресметка на организиран криминал во Италија е поголем од пресметките на Европската унија, со поголема сума потрошена надвор од Италија, објавило италијанското министерство за надворешни работи. “Годишниот буџет на организиран криминал преминува 200 милијарди евра”, рекол Џовани Брауци, директор на одделот за безбедност во министерството, додавајќи дека од тие пари само 10% остануваат како инвестиции во Италија, а остатокот во земјите низ Европа и светот. “Секаде имаат добри пријатели”, рекол Брауци. За споредба, буџетот на ЕУ за 2014 година изнесува 140 милијарди...

Continue reading

По четири месеци истрагата е завршена

Post Views: 6 Истрагата која траеше четири месеци, конечно открива кои се причините за смртта на славниот Пол Вокер. Познатиот актер починал од последица на брзо и несигурно возење, а не поради неисправен автомобил како што на почеток се верувало. Поршето GT со кое управувал пријателот на Пол Вокер било во исправна состојба и немало никакви оштетувања. Причината за несреќата била пребрзо возење во населено место каде ограничувањето било 45 миљи на час, додека пријателот на Пол возел помеѓу 81 и 94 миљи на час. Возилото изгубило контрола и се забило во дрво, пишува US Weekly. Иако...

Continue reading

Мобилни генератори за Крим

Post Views: 8 Симферопол – Русија упатила мобилни генератори на Крим, чие снабдување со електрична енергија и понатаму зависи од Украина. Повеќе од 1400 мобилни генератори се веќе поставени во таа област”, рекол рускиот министер за вонредни ситуации Владимир Пучков за време на посетата на главниот град на Крим, каде бил во посета на кримските пожарникари на свеченоста по повод припојувањето на областа со Русија. Москва, како што рекол, упатила додатни генератори за струја за да го осигура континуитетот на функционирање на јавните институции на Крим, и покрај моменталните прекини во...

Continue reading

Воз влетал во подвижни скали

Post Views: 4 Несреќата се случила околу 3 часот наутро по локално време во подземната железница во близина на интернационалниот аеродром во Чикаго. Увидот е во тек и не се знае што е причината за несреќата. Еден од сведоците на лице место изјавил, за ТВ мрежата “5 NBC„ дека возот воопшто не успорил кога влегол во станицата. „Настана општ хаос, луѓето беа преплашени, пробувајќи да сфатат што се случи“, рекол тој. Како што наведуваат американските медиуми, за среќа никој од повредените немал тешки повреди. Како што пренесуваат медиумите, не се знае дали причината е некој медицински...

Continue reading

Нема пречки за обединување

Post Views: 8 “За да се направи еден национален фудбалски тим не дозволуваат ФИФА и УЕФА, но за национално обединување на економски план никој не не спречува и наша вина е ако тоа не го направиме”, рекол Еди Рама на состанокот со стопанственивците од Косово. Рама оценил дека  национална стопанска комора би допринесла за економско обединување на Косово и Албанија. “Немаме заедничка стопанска комора која ќе ги обедини под еден покрив сите албански претпријатија од териториите на Албанија и Косово, а која ќе биде референтна точка за двете влади”, рекол Рама. Албанскиот премиер најавил...

Continue reading

„Нема да предизвикаме војна со Русија“

Post Views: 2 Американскиот претседател Барак Обама вчера ја исклучил можноста за американско вклучување во случувањата во Украина, заговарајќи дипломатско решение во спорот помеѓу Русија и Украина за Крим. „Нема да се вовлечеме во воен излет во Украина“, рекол Обама во интервју за една американска телевизиска станица. “Нема да предизвикаме војна со Русија“, нагласил американскиот претседател. Обама, кој претходно воведе санкции за 11 официјални лица од Русија и Украина, рекол дека САД ќе ги поддржи дипломатските активности како би се направил притисок на Русија. „Постои подобар пат...

Continue reading

Берлин, прв град кој добил свој домејн

Post Views: 3 Берлин стана прв град во светот кој има сопствен домејн, па компаниите и поединците во престолнината на Германија сега можат да регистрираат интернет адреса која ќе се завршува со .berlin, покрај досегашните .com, .org или .de. Веб страница со адреса која завршува со .berlin ќе чини 50 евра годишно, пренесува AFP. Градоначалникот на Берлин, Клаус Воврајт, на претставувањето на новиот домејн рекол дека тоа дава можност дигитално да се истакне дека Берлин е место каде некој живее или ги базира своите работни активности. Претставникот на компанијата „.berlin” Дирк Крискеновски...

Continue reading

Уапсени свештеник и негов соучесник за измама

Post Views: 9 Триесетгодишен православен свештеник и неговиот четириесет и петгодишен помошник се уапсени и обвинети за измама за најмалку 166 луѓе кои очајнички барале работа, соопштила полицијата во Солун. Тие се обвинети за измама за околу 78.000 евра така што на жртвите им ветувале дека ќе ги вработат а тоа никогаш не се отстварило во пирамидалната шема која датира од 2009 година, пренесува агенцијата АР. Директорот на градскиот полициски тим за борба против криминалот, Атинагорас Пазарлис, рекол дека оштетените, секој посебно, им платиле по стотици евра за пронаоѓање на работа. Полицијата...

Continue reading

Грција ги признава косовските пасоши

Post Views: 3 Грција одлучила да ги прифати косовските пасоши со шенгенска виза, а одлуката стартува од 20-ти март, пренесуваат денешните весници во Приштина. Заменик премиерот на Грција, Евангелос Венизелос, му ја потврдил оваа вест на косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај. До сега, граѓаните на Косово беа обвразани да земаат грчки визи. Грција е една од петте држави на Европската унија кои не ја признале независноста на Косово. Венизелос рекол дека, и покрај тоа што неговата држава не ја признава званична Приштина, Косово нема да биде попречувано на патот кон ЕУ. {loadposition...

Continue reading

Се преиспитува нова теорија за исчезнатиот авион

Post Views: 10 Властите преиспитуваат нова теорија на исчезнатиот авион на Малезија Ерлајнс, дека пилотот е можно да извршил самоубиство, соопштил Џон Бренан, шефот на Централната разузнувачка служба на САД (CIA). “Мислам дека не можеме да отфрлиме ниедна претпоставка”, рекол тој,одговарајќи на прашањето дали е можно дека пилотот намерно го срушил авионот Боинг 777. Во меѓувреме Малезиската полиција соопштила дека ги испитува психолошките профили на сите 239 патници и членови на екипажот на авионот, кој во саботата исчезна од радарите. Теоријата за самоубиство би можела да објасни...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top