Ознака: рекол

Нова закана од страна на Русија

Post Views: 2 Рускиот премиер, Дмитриј Медведев, рекол дека на било какви нови санкции ќе се одговори “асиметрично”, можеби и со забрана на прелети на авиони над руското небо, ако нејзините западни партнери продолжат со “искушенијата да користат сила во меѓународните односи”. Во интервју за дневниот весник Ведемости, Медведев рекол: “Ако бидат воведени санкции поврзани со енергетскиот сектор, или понатамошни рестрикции кон рускиот финансиски сектор, ќе мораме да одговориме асиметрично”. Европската унија договорила нови стопански санкции кон Русија кои би требало да стапат на сила...

Continue reading

Обама тргнува во лов на џихадистите

Post Views: 1 Американскиот претседател Барак Обама рекол дека оваа недела ќе го изнесе својот план за пресметка со милитантите на Исламската држава, која би можела да биде закана и за САД. Тој ќе одржи говор во среда на кој ќе го опише својот план, а ќе се сретне и со челниците на конгресот за да побара поддршка за неговата стратегија. “Следната фаза е да се прејде во напад, бидејќи во иднина тие можат да бидат закана за нас иако тоа сеуште не е”, рекол Обама. “Со оглед дека Исламската држава привлекла странци од Западот во нивните редови, кои несметано можат да допатуваат во САД...

Continue reading

За шест години на Земјата е можно да удри “чудовиште”

Post Views: 2 Астероидот “глобален убиец” би можел да се удри со Земјата до 2020 година, да го збрише животот каков што го знаеме и да ја промени климата, пишува британски Express. Овие страшни предвидувања доаѓаат откако NASA открила нови вознемирувачки податоци кои покажуваат дека се очекуваат 400 удари во интервал од 2017 до 2113 година. Очекувањата се темелени на податоците на набљудување на објектите воочени во вселената за време на изминатите 60 години. Повеќето ќе имаат максимален дијаметар од 100 метри и потенцијал да предизвикаат значителни штети. Но загрижените научници...

Continue reading

“Надоаѓа голема војна!”

Post Views: 1 Украина е соочена со голема војна со Русија која ќе однесе десетици илјади животи, изјавил во понеделникот украинскиот министер за одбрана Валериј Хелетеј. “во нашата куќа дојде голема војна. Во таа војна загубите нема да се бројат во стотици туку во илјадници па дури и неколку десетици илјади мртви”, напишал министерот на својот Facebook профил. “Мораме итно да организираме одбрана против Русија, која се обидува, не само да ги завземе позициите на окупираните територии, туку ќе покрене офанзива и на други подрачја во Украина”, додал тој. НАТО ќе ја засили својата положба...

Continue reading

Вчерашната изјава на претседателот на Русија е загрижувачка

Post Views: 3 Рускиот претседател, Владимир Путин, вчера на еден собир на млади луѓе, одржан на брегот на езеро надалеку од Москва, потсетил дека Русија има нуклеарно оружје и би било подобро да не се подигруваат со Русија. Тој им порачал на младите дека неодамнешната анексија на Крим била клучна за да се спаси тамошното население кое зборува руски јазик од насилието на украинската влада. Додал дека борбите на истокот на Украина се резултат на украинското противење за преговори, јавува Reuters. Западот ја обвинува Русија за праќањето војници и вооружување на сепаратистите за продолжување...

Continue reading

Dalaj Lama intervju

ВИДЕО: Решил на Далај Лама виц да му кажува

Post Views: 5 Австралијански водител Карл Стефанович на крајот на интервјуто со Далај Лама, решил дека ќе биде штосно на тибетанскиот духовен лидер да му раскаже еден виц.“Влегол Далај Лама во пицерија и рекол: Можете ли да ми направите една пица со се’ ?“, гласел вицот што Карл Стефанович го раскажал во емисијата “Тудеј“. Далај Лама, кој седел спроти водителот, останал збунет. Сепак, откако Стефанович рекол: “Знаев дека нема да успее“, двајцата почнале да се смеат. Погледнете како изгледало тоа.{hwdvideoshare}id=1393|width=300|height=225{/hwdvideoshare} Остатокот од вицот гласи...

Continue reading

“u0418u0441u043bu0430u043cu0441u043au0430u0442u0430 u0434u0440u0436u0430u0432u0430 (ISIL) u0441u0435 u043fu043eu043bu043eu0448u0438 u043eu0434 u0442u0435u0440u043eu0440u0438u0441u0442u0438”

Post Views: 5 “Тие претставуваат непосредна закана на секој интерес кој го имаме, во Ирак или било каде во светот”, рекол министерот за одбрана на САД, Chuk Hagel, на новинарите во Пентагон говорејќи за милитантната група која освои една третина од Ирак и ја објави снимката која покажува како екстремист екзекутира американски заложник. Запрашан дали Исламската држава претставува закана за САД споредена со онаа од 11 септември 2001 година, Hagel рекол дека групата е рафинирана и е подобро финансирана од било која друга група која досега се појавила. Генералот Martin Dempsey, началник...

Continue reading

Повторно инциденти на протестите во Фергусон

Post Views: 0 Полицијата соопштила дека уапсила 47 лица за време на протестите во градот Фергусон, САД, кој го тресе насилие поради неодамнешното убиство на црниот тинејџер Мајкл Браун. Портпаролот на полицијата Рон Џексон рекол дека демонстрантите ноќеска фрлале шишиња полни со вода и урина на полицијата, поради што тие интервенирале. Тој рекол дека инцидентот се случил на самиот крај на ноќешните протести, кои пред тоа биле мирни, пренесува агенцијата AFP. Џонсон додал и дека полицијата запленила и три парчиња оружје и дека за разлика од протестите одржани во понеделникот навечер,...

Continue reading

Anna kournikova

Ана Курникова ќе тренира “лузери”

Post Views: 0 Ана Курникова (29) ќе стане личен тренер на американското реално шоу, во кое дебелите луѓе се борат кој ќе намали повеќе килограми. Оние во “кампот за дебели” имаат советници, нутриционисти и тренери.Девојката на Енрике Иглесиас ќе “влета” наместо стандардниот тренер Џилијан Мајклс која оди на породилно, и која веќе со години ги “малтретира” учесниците. “Ана е вистински пример за здравје и добра форма, и знаеме дека ќе го освежи шоуто”, рекол продуцентот Тод Лубин.{loadposition content9}

Continue reading

Најсреќен човек на светот

Post Views: 6 Robert Hamilton од Индијанополис би можел да ја понесе титулата најсреќен Американец бидејќи за три месеци добил два пати на лото по милион долари. Официјалните лица на лотаријата на Индијана соопштиле дека Hamilton освоил еден милион долари, но тој истата сума веќе ја добил на лото во април, пренесува FoxNews. Среќниот добитник рекол дека првиот милион ќе го искористи за плаќање на сите финансиски обврски, ќе купи куќа за себеси и за жената, ќе оди на одмор и ќе вложи во некој бизнис. Дел од втората добивка на лото ќе го искористи да купи мотор, изјавил Hamilton. {loadposition...

Continue reading

Полски свештеник тврди дека ѓаволот му праќа смс пораки

Post Views: 6 Свештеникот Marian Rajchel од полскиот град Јарослав, кој во егзорцистички обред го истерувал ѓаволот од една девојка, сега тврди дека ѓаволот му се јавува лично и тоа со смс пораки. Рекол дека прима пораки полни со омраза, а уверен е и дека ѓаволот ја користи опседнатата тинејџерка за да го нападне, пишува Daily Mail. “Авторот на овие пораки е зол дух кој ја запоседнал девојката”, рекол свештеникот. Често сопствениците на мобилни телефони не знаат дека тие можат да се користат и во вакви цели, но во овој случај е јасно, тврди свештеникот Rajchel. Истакнува дека ѓаволот...

Continue reading

Трет инцидент на патнички авион во седум дена

Post Views: 6 “Авионот е уништен во моментот кога паднал”, изјавил за RTL радиото францускиот министер за внатрешни работи Bernard Cazeneuve. Cazeneuve рекол дека се верува дека авионот се срушил поради лоши временски услови, но додал дека во овој момент не се исклучува ниедна теорија. Истовремено, францускиот министер за сообраќај Frederic Cuvillier рекол дека се чувствува силен мирис на нафта од авионот на местото на несреќата и факт е дека деловите на авионот се наоѓаат распаднати на релативно мало подрачје, кои исто така укажуваат дека причините за несреќата се лошите временски...

Continue reading

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top